Спорт
(Видео) Браун броеше до 40, Бостон води против Индијана 2-0
Кошаркарите на Бостон ја победија Индијана со 126:110. Селтикси поведоа со 2-0 во финалето на Источната конференција во НБА лигата.
За разлика од првиот натпревар од оваа серија, кој беше решен по продолжението, Бостон во вториот не дозволи возбудувања, па по првата четвртина стекна двоцифрена предност која лесно ја одржуваше во останетите три четвртини.
Индијана водеше со 27:22 на нешто повеќе од една минута до крајот на првата четвртина, но потоа Селтикс направија серија 20:0, па домашните стигнаа до плус 15 (42:27).
Џејлен Браун ги предводеше Селтикси до 2-0 со 40 поени, најдобро го следеа Џејсон Тејтум и Дерик Вајт со по 23 поени, додека Џру Холидеј запиша 15 поени и десет асистенции.
Во редовите на Индијана најефикасен беше Паскал Сијакам со 28 поени, Ендрју Нембард додаде 16, Оби Таупин 11. Голем проблем за Индијана е повредата на надобриот играч Тајрис Хејлбартон. Плејмејкерот се повреди во третата четвртина, до тој момент постигна десет поени.
Следниот натпревар од оваа серија се игра ноќта меѓу сабота кон недела, а домаќин ќе биде Индијана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

