Спорт
(Видео) Брутална тепачка на фудбалери во Србија

ТВ 5 Ужице на својот Фејсбук профил објави видео од крајот на натпреварот помеѓу Спартак (Чачак) и Слобода (Ужице), кој се играше во рамките на Втората Западно-моравска младинска лига. На крајот се случи масовна тепачка.
Според српските медиуми, целиот натпревар бил напнат бидејќи се играл за шампионот на лигата, а сè кулминирало кога судијата означил крај во 93-та минута.
Фудбалерите на Слобода победија со 2:1 и се пласираа во повисок ранг, а потоа тргнаа да слават. Славејќи еден од нив најпрвин влезе во вербална, а потоа и физичка пресметка со својот соперник. Потоа се вклучија и други.
Десетици луѓе беа на теренот, меѓу нив и публиката која го нападна судијата. Вака изгледаше она што ТВ 5 Ужице го опишува како „незапаметена тепачка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Пред 34 години, Панчев и Најдовски со Црвена звезда станаа европски шампиони

На денешен ден пред 34 години, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои најзначајниот трофеј во богатата историја. Во финалето на во тогашниот Куп на шампионите, Црвена звезда го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски.
Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови, а потоа „црвено-белите“ победија со 5:3 по изведувањето пенали.
Головите за Звезда од 11 метри ги постигнаа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев. Голманот Стојановиќ во првата серија го одрани ударот на капитенот на Олимпик Марсеј, Аморос.
Црвена звезда без пораз стигна до најголемиот успех во историјата и со тоа со златни букви влезе во фудбалската историја. Шест месеци подоцна, со изменет тим, Црвена звезда го освои и Интерконтиненталниот куп. Стана светски клупски првак, откако во финалето во Токио го победи Коло-Коло со 3:0.
„Црвено-белите“ го елиминираа Грасхоперс во првото коло од тогашниот Куп на шампионите. Звезда во осминафиналето беше подобра од Глазгов Ренџерс. Ривал на „црвено-белите“ во четвртфиналето беше шампионот на Источна Германија Динамо од Дрезден, а Звезда ги доби двата натпревари. Реваншот во Дрезден со службен резултат, откако беше прекинат при водство на црвено-белите.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите црвено-белите го совладаа славниот Баерн со 2:1 на гостински терен, а во реваншот во Белград беше 2:2.
Спорт
Игор Кокошков ќе го преземе Ефес

Српскиот стручњак Игор Кокошков наскоро би можел да се врати во европската кошарка.
Потврда за наводите што се појавија претходно во сезоната, а во врска со неговото преселување во Истанбул, пристигнува од Италија.
Додека Лука Банки сè уште беше тренер на Анадолу Ефес, беше јасно дека по завршувањето на сезоната тој ќе ја напушти функцијата и тогаш името на Игор Кокошков беше меѓу фаворитите за замена на италијанскиот стручњак.
Наводно, сега е донесена одлука Кокошков да го преземе тимот и со тоа да стане третиот тренер во последната година по Томислав Мијатовиќ.
Тоа би бил негов втор мандат во турската престолнина, бидејќи претходно беше тренер на Фенербахче.
Кокошков започна во КК Београд, работеше во помладите категории на Партизан, а по заминувањето во НБА беше помошник тренер во неколку тимови, како и првиот неамерикански главен тренер кога го презеде Феникс.
Тој беше селектор на Грузија, Србија и Словенија. Со Словенците го оствари најголемиот успех во кариерата кога ја освои европската титула.
Спорт
(Видео) Меси и Суарез ја прекинаа лошата низа на Интер

Интер Мајами го победи тимот на Монтреал со од 4:2 и ја прекина лошата серија во МЛС лигата.
Тимот од Мајами не славеше во последните четири натпревари, но осовината од Барселона, Меси-Суарез стави крај на лошата низа.
Аргентинецот постигна два гола и асистираше во првата победа на Интер во последните пет натпревари. Му помогна и неговиот поранешен соиграч од Барселона, Луис Суарез, кој исто така постигна два гола и забележа асистенција.
Во 27-та минута Меси за прв пат ја затресе мрежата на противникот. Потоа беше мирно, сè до крајот на натпреварот, кога во последните 30 минути беа постигнати пет гола.
Суарез постигна два гола во рок од три минути. Погоди во 68-та и 71-та минута. Монтреал не се предаде, па Сили им ја врати надежта на гостите во 74-та минута.
Сепак, сè беше завршено во 87-та минута кога Аргентинецот го постигна вториот гол на натпреварот и му ја донесе победата на Мајами. До крајот гол за Монтреал во 92-та минута постигна Лотури.
Со овие голови, Меси стигна до осум гола оваа сезона во МЛС лигата и четири асистенции во 12 натпревари. Во последните две сезони, тој постигна 29 гола и 22 асистенции. Тој стана првиот играч во историјата на клубот од Флорида со над 50 гола.