Спорт
(Видео) Челси и Фулам на пенали се пласираа во полуфиналето на Лига купот

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челси и Фулам на пенали изборија пласман во полуфиналето на Лига купот. Мидлзброу немаше такви проблеми и лесно го мина Порт Вејл со победата 3:0.
Челси преку Лига купот може на некој начин да ја спаси сезоната. Анемичниот Челси избори пенали со голот на Мудрик во 92.минута. Претходно Њукасл од 16.минута водеше со голот на Вилсон. Во пенал серијата Трипие го промаши голот, а Петровиќ го одбрани ударот на Ричи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Модриќ направи хаос на последниот натпревар за Реал, Хрватот бил гневен на двајца соиграчи

Лука Модриќ, еден од најголемите фудбалери во историјата на Реал Мадрид, својата блескава ера во „кралскиот клуб“ ја заврши со пораз и горчлив вкус. Во натпревар кој беше симболично негов проштален, поразот од ПСЖ со 4:0 не беше најтешкиот момент. Она што го потресе Модриќ беше однесувањето на дел од соиграчите.
Според шпанските медиуми, Модриќ бил видно фрустриран по последниот судиски свиреж и во соблекувалната гласно го искажал своето незадоволство од ангажманот на неколку ѕвезди во тимот. Според извори блиски до тимот, Хрватот им префрлил на двајца од најекспонираните фудбалери дека „играле без жар и не покажале доволна борбеност кога било најпотребно“.
По дуелот со ПСЖ имал забелешки за пристапот кон играта кон Винисиус Жуниор и Џуд Белингем. Едноствно им рекол дека не се труделе доволно пред се во одбраната, играле без желба за победа и едноставно „се сокриле“ на теренот кога било најпотребно. Тоа не им се допаднало на двајцата кои реагирале и дошло до мал конфилкт меѓу сега веќе поранешните соиграчи.
Иако натпреварот против ПСЖ беше крај на еден епски циклус, 38-годишниот хрватски ветеран не дозволи емоциите да го спречат да го изрази ставот, дури и на својот последен ден во дресот на Реал Мадрид.
Лука Модриќ за 13 години во Мадрид освои вкупно 28 трофеи, меѓу кои и шест титули од Лигата на шампионите, со што се вброи меѓу најтрофејните и најважните фигури во историјата на клубот.
Во новата сезона, која најверојатно ќе биде и последна во неговата професионална кариера, Модриќ ќе го носи дресот на италијанскиот Милан, каде се очекува да му даде искуство и стабилност на средниот ред.
Спорт
Финале за историја, ПСЖ и Челзи во судир за светската круна

Европскиот шампион Пари Сен Жермен и актуелниот освојувач на Конференциската лига, Челзи, ќе се борат за титулата на првото издание на Светското клупско првенство во новиот формат со 32 екипи, што се одржува во Соединетите Американски Држави.
Финалето ќе се игра вечерва од 21 часот (по македонско време) на легендарниот стадион „Метлајф“ во Њу Џерси, каде фудбалска елита од цел свет ќе ги впери очите во двобојот што може да го дефинира фудбалот во 2025 година.
Двете екипи имаа речиси идентичен пат до финалето – по две победи и еден пораз во групната фаза, а потоа по три победи во елиминациските натпревари. Формата на тимовите е импресивна. Челзи забележа 13 победи на последните 15 натпревари, додека ПСЖ е во серија од 10 победи на последните 11 средби, притоа задржувајќи ја својата мрежа недопрена на 7 од последните 8 меча.
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, вели дека ова е само уште еден доказ за прогресот на тимот.
„Имавме неверојатна сезона, завршивме меѓу најдобрите четири во Премиер лигата, ја освоивме Конференциската лига и сега сме во финале на светски турнир. Среќни сме, но сакаме уште“, истакна Мареска.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, е подеднакво амбициозен во пресрет на финалето.
„Ова е посебна сезона за нас. Имаме силен ривал во Челзи, но ние сме фокусирани и сакаме да испишеме историја за клубот. Подготвени сме“, рече Енрике.
Светот ќе добие нов клупски првак – прашањето е само дали тоа ќе биде „сините“ од Лондон или „светците“ од Париз.
Спорт
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, кариерата ќе ја продолжи во турската Суперлига. Тој и официјално е претставен како нов играч на екипата на Коњаспор, со која потпиша двегодишен договор, до 30 јуни 2027 година.
Откако пред десетина дена го прослави својот 30-ти роденден како слободен играч, Барди стави крај на шпекулациите и ја прифати понудата од турскиот суперлигаш. Тој беше претставен во тренинг-кампот на тимот во Ерзурум, каде што и официјално го облече новиот дрес со бројот 10, што е јасен показател дека клубот во него гледа лидер на играта.
Овој трансфер доаѓа во вистински момент за нашиот капитен, кој сега ќе има можност да се фокусира на клупските обврски и да ја темпира формата за клучните натпревари на македонската репрезентација што следуваат наесен во квалификациите за Светското првенство.
По настапите во Шкупи, Ујпешт, Леванте, Трабзонспор и Бодрумспор, Коњаспор ќе биде нов предизвик во богатата кариера на Енис Барди.