Спорт
(Видео) Дабл-дабл и рекорд за Јокиќ, Зубац 100-отстотен против Бруклин
Денвер Нагетс ја победија Јта Џез со 129:93 во натпревар во кој Никола Јокиќ уште еднаш се запиша во историјата на НБА лигата.
Јокиќ одигра три четвртини од натпреварот и постигна 27 поени и 14 скока со шест асистенции, по што тренерот го одмори во последната четвртина.
Тие 27 поени му помогнаа да ја надмине границата од 16.000 поени и сега има 16.011. Со пробивање на таа граница, заедно со неговите претходни 8.000+ скокови и 5.000+ асистенции, Јокиќ стана играч кој најбрзо стигнал до ова остварување во историјата на лигата. .
На Јокиќ му беа потребни 739 натпревари за да го постигне овој подвиг, додека претходниот рекордер Лери Бирд го постигна на 799 меча.
Кај Денвер, Мајкл Портер Џуниор постигна 20 поени, Расел Вестбрук постигна 17 поени со седум асистенции, а Кристијан Браун уфрли 16 поени.
Најдобри играчи за Јута беа Колин Секстон со 20 и Кајл Филиповски со 18 поени и 13 скока.
Лос Анџелес Клиперс победија по десетта победа во последните 12 натпревари, вечерва со убедливи 132:100 на гостински терен над Бруклин Нетс. Ивица Зубац имаше одлична партија, забележувајќи го својот 50-ти дабл-дабл оваа сезона.
Зубац го заврши натпреварот со 21 поен и 12 скока, но одигра само 24 и пол минути и не се појави во последната четвртина. Подвигот го постигна без ниту едно промашување од поле (9/9 за два).
Последниот играч на Клиперс кој забележа 50 дабл-дабл во истата сезона беше Блејк Грифин. Првиот пик на драфтот го направи тоа во својата дебитантска сезона во 2010/2011 година, а тогаш имаше 63 такви настапи.
Леонард ги предводеше стрелците со 31 поен.
Резултати:
Детроит Пистонс – Кливленд Кавалирс 133:122
Торонто Рапторс – Шарлот Хорнетс 108:97
Милвоки Бакс – Њујорк Никс 107:116
Минесота – Феникс Санс 124: 109
Њу Орлеанс Пеликанс – Голден стејт Вориорс 95:111.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

