Спорт
(Видео) Дефанзивец на Барселона падна од автобусот за време на прославата на титулата

Фудбалерите на Барселона ја прославија успешна сезона, во која освоија три трофеи.
Барселона е шампион на Шпанија, ја обезбеди титулата на две рунди пред крајот на Ла Лига, а претходно ги освои Суперкупот и Копа дел Реј.
Фудбалерите на Барселона бурно го прославија последниот од серијата трофеи оваа сезона, по прославата во соблекувалната на Еспањол, Каталонците славеа со навивачите во отворен автобус што минуваше низ градот.
Еден од играчите кој беше меѓу најопуштените на прославата беше дефанзивецот Ињиго Мартинез, кој можеше да заврши трагично, бидејќи падна од автобусот за време на прославата.
Како што можете да видите на видеото објавено од шпанските медиуми, тој паднал на грб, но за среќа не е повреден.
🫣 El 'accidente' de Ronald Araujopic.twitter.com/myR7nqqeRO
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) May 16, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ужасен инцидент во Имола, Цунода леташе со болидот

Со срашен инцидент започнаа квалификациите за трката на Големата награда на Емилија Ромања.
Јуки Цунода, возачот на Ред Бул Рејсинг, доживеа ужасен инцидент за време на првиот дел од квалификациите за Големата награда на Имола.
Во првиот брз круг, Јуки излета во заштитната зона, во п еттата кривина, удри во заштитната бариера, а потоа неговиот болид се вртеше во воздухот.
За среќа Цунода веднаш излезе од автомобилот без повреди.
Инциденти како овој уште еднаш нè потсетуваат на важноста на системот Хало, кој спаси многу животи, а сега му го спадси и животот на Јуки Цунода.
Како изгледаше самиот инцидент можете да видите подолу:
Grateful to see Yuki Tsunoda walk away from this enormous shunt in Q1#F1 #ImolaGP pic.twitter.com/hsviPlI66P
— Formula 1 (@F1) May 17, 2025
Спорт
Салах го кани Де Брујне да дојде во Ливерпул

Кевин Де Брујн денес го игра своето последно финале во дресот на Манчестер сити. „Граѓаните“ во финалето на ФА купот за противник го имаат Кристал Палас.
Де Брујне ќе го напушти како слобиден играч, а се очекува по завршувањето на сезоната да објави каде ќе ја продолжи кариерата.
Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах го кани Белгиецот на „Енфилд“.
Египќанецот даде интересна изјава во која јавно му оддаде почит на Кевин Де Брујн за сè што направи за Премиер лигата во изминатата деценија. Патем, тој се пошегува дека на „Енфилд“ има место за играч од негов квалитет.
„Сакам да му честитам за сè што постигна во кариерата досега. Тој заврши фантастична работа во Манчестер сити и имаше неверојатен придонес во развојот на Премиер лигата и навистина му посакувам се најдобро. И секако имаме место тука за него“, рече Мо Салах низ смеа.
Салах и Де Брујне беа соиграчи пред една деценија во Челси.
Сепак, во моментов нема навестувања дека Де Брујн би можел да оди во Ливерпул, а Наполи во моментов се споменува како најреална опција.
Де Брујне одби трансфер во Саудиска Арабија и САД бидејќи верува дека сè уште може да игра на најголемата сцена.
Спорт
Анчелоти: Барса е најдобра, титулата е заслужена

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ѝ честиташе на Барселона за заслужено освоената титула.
Со победа од 2:0 над Еспањол, Барселона официјално стана нов шампион на Шпанија во четврток, на две кола до крајот.
Пред натпреварот со Севилја, на денешната конференција, Карло Анчелоти ѝ честиташе на Барселона за заслужениот трофеј.
„Барселона играше брилијантно и затоа треба да им честитаме. Тие беа најконзистентниот тим во текот на целото првенство и во исто време играа прекрасен фудбал. Да, заслужено ја освоија титулата“, рече Анчелоти и дополни.
„Никогаш нема да ги критикувам моите играчи, бидејќи знам дека дадоа се од себе и ме направија толку среќен во изминатите четири години. Тие секогаш ќе бидат најдобри за мене. Во тој период, клубот донесе играчи како Камавинга, Чуамени, Ридигер, Белингам, Мбапе… и дали можев да побарам повеќе? Не. Што се однесува до Мбапе, неговата прва сезона беше одлична. Знам дека ќе биде уште подобар, ќе постигне над 40 гола“.
Анчелоти официјално ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на Ла Лига на 25 мај, но веќе го чека нова работа, бидејќи ќе стане нов селектор на Бразил.