Спорт
(Видео) Денвер без Јокиќ загуби од СА, Мајами славеше во Бостон
Сан Антонио и Мајами забележаа изненадувачки победи во Денвер односно Бостон.
Ден по мечот со Минесота и поразот по две продолженија, Денвер Нагетс загубија и од Сан Антонио 106:113.
Јокиќ еден ден претходно одигра повеќе од 50 минути и постигна 61 поен против Минесота, а Мајк Мелоун реши да го одмори, а како причина го наведе исчашувањето на левиот зглоб.
Покрај него не играа Кристијан Браун, Арон Гордон, Џамал Мареј, Мајк Портер Јуниор и Пејтон Вотсон.
Кај Нагетс, Расел Вестбрук постигна 30 поени, 11 скока и шест асистенции, Хантер Тајсон додаде 18 поени и шест скока, а Џејлен Пикет го забележа првиот трипл-дабл во кариерата (17 поени, 11 скока и 10 асистенции).
Најефикасни кај Сан Антонио беа Харисон Барнс со 20 поени и осум скока, Крис Пол додаде 17, со осум асистенции и пет скока, Сандро Мамукелашвили имаше 16 поени и 10 скока.
Мајами ја забележа шеста победа во низа и тоа на теренот на актуелниот шампион. Бостон.
Тајлер Херо ги предводеше Хит до победата во Бостон (103:124), со 25 поени и девет асистенции. Покрај Хиро уште седум играчи на Мајами беа двоцифрени.
Кај Селтикси Браун постигна 24 поени, Тејтум и Вајт по 16.
Резултати:
Кливленд – Њујорк 124:105
Индијана – Шарлот 119:105
Вашингтон – Сакраменто 116:111
Бостон – Мајами 103:124
Хјустон – Јута 143:105
Далас – Атланта 120:118
Оклахома – Детроит 119:103
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 114:98
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Евролигата сака да ја тужи НБА
Челниците на Евролигата ќе ја тужат НБА, објавува „Јурохупс“.
Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку има дискусија за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години.
Според извори на „Јурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои моментално имаат А лиценца се известени.
Овој потег уште еднаш потврдува дека Евролигата и НБА се во битка за европскиот пазар, времето ќе покаже дали ќе се случи нешто драматично во наредните месеци.
Одржан е состанок на акционерите на Евролигата, каде што на Реал Мадрид, Барселона и Асвел им беше наредено да донесат одлука за својата иднина, а се верува дека Фенербахче е исто така во таа група тимови кои не потпишаа нови лиценци.
Рокот што го поставија акционерите на Евролигата за целосна посветеност на натпреварувањето истекува во петок, па одговорите би можеле да дојдат во следните денови.
Сепак, треба да се напомене дека, законски, според важечките договори, клубовите можат да потпишуваат нови лиценци до 30 јуни 2026 година.
Се верува дека Барселона и Фенербахче ќе потпишат порано или подоцна, додека Реал Мадрид останува енигма, додека деновите на Асвел во Евролигата се избројани.
Спорт
(Видео) Дончиќ броеше до 42, Лејкерси паднаа кај последнопласираниот тим на Западот
Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз во Сакраменто од последно пласираниот тим во Западната конференција, Кингс со 124:112 (32:28, 29:26, 34:29, 29:29).
Лука Дончиќ, одигра импресивни три четвртини, но „згасна“ во последната, што придонесе за поразот на „езерџиите“. 26-годишникот од Љубљана постигна 42 поени (16/25 од поле, 2/9 за три и 8/8 од поле) со седум скока, осум асистенции и четири украдени топки.
Сепак во последната четвртина постигна само два поени во четвртата четвртина. Ова беше трет пораз по ред за Лејкерс, претенденти за место во плејофот. Од друга страна Сакраменто ја забележа 10-та победа во 40-тио меч од почетокот на сезоната.
Искусниот Демар Дерозан (6 аситенции) ги предводеше Кингс до неочекувана победа со 32 поени без ниту еден шут од три поени (14/19 од поле и 4/5 од поле). Го следеше Малик Монк со 26 поени и осум асистенции, додека Расел Вестбрук го заврши натпреварот со 22 поени, пет скока и седум асистенции.
Резултати:
Кливленд – Јута 112:123
/Гарланд 23 – Џорџ 32/
Индијана – Бостон 98:96
/Сијакам 21 – Причард 23/
Торонто – Филаделфија 102:115
/Квикли 18 – Мекси 33/
Далас – Бруклин 113:105
/Флег 27 – Портер Џуниор 28/
Лос Анџелес Клиперс – Шарлот 117:109
/Ленард 34, Харден 32 – Бол 25/
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) „Помалиот“ клуб од Париз го елиминира ПСЖ од Купот на Франција
Фудбалерите на Пари Сен Жермен, во 1/16-финалето доживеаја елиминација од Купот на Франција, што, само по себе, претставува вистинска сензација.
„Џелатот“ на европските шампиони и беше градскиот ривал, Париз ФК, чиј стадион е оддалечен само 20 метри од „Паркот на принцовите“.
Интересно е што овие два тима одиграа натпревар од Лига 1 на истото место пред осум дена и тогаш „светците“ победија со 2:1, но сега помалку познатиот тим од „градот на светлината“ беше подобар со минимален резултат – 0:1.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Џонатан Иконе, напаѓач кој беше принуден да влезе во игра во 40-та минута, наместо повредениот Гори.
Во 74-та минута, по додавање од Кебала, Иконе им донесе предност на гостите, на што ПСЖ немаше одговор.
Иако Луис Енрике ги имаше на теренот Хвича Кварацхелија, Бредли Баркола, Гонзало Рамос, Фабијан Руиз, Витиња, Усман Дембеле и Дезире Дуе од 65-та минута, никој не успеа да најде пат до мрежата.
Foto/ EPA

