Спорт
(Видео) Денвер го преживеа рафалот на Богдановиќ
Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Атланта Хокс со 129:122. Натпреварот го обележа Богдан Богдановиќ, кој стана вториот играч во историјата на НБА, која како резерва успеал да постигне 10 тројки.
Богдановиќ го одигра најдобриот натпревар во НБА кариерата со 40 поени, три скока, три асистенции. Тој постигна 10 тројки (14-24 од поле) и серизно ја истакнува кандидатурата за најдобра шести играч во сезоната.
Неговиот сонародник Јокиќ постигна 25 поени, осум скока, осум асистенции и три украдени топки.
Одличен во победата на Денвер беше Џамал Мареј со 29 поени (12-15), Џулијан Стротер постигна 22, Арон Гордон 18, а Реџи Џексон 12 поени.
Атлатна од третата четвртина играше без најдобриот играч, Тре Јанг, кој беше исклучен поради расправија со судиите.
Сан Антонио против ривалот од Тексас, Хјустон, испиша негативна историја. Хјустон славеа со 93:82. За Сан Антонио ова е 17. последовен пораз. Најефикасен кај тимот на Спарс беше Виктор Вембањама со 15 поени и 18 скока.
Кошаркарите на Филалделфија го декласираа Вашингтон со 146:101. Џоел Ембид мечот го заврши со 34 поени и 11 скока.
Со својот 129-ти натпревар во кариерата со повеќе од 30 поени и 10 скока, Џоел Ембиид го надмина Чарлс Баркли (128 натпревари), кој беше единствениот играч во историјата на франшизата во Филаделфија со вакво остварување.
Резултати:
Шарлот Хорнетс – Мајами Хит 114:116
Детроит Пистонс – Индијана Пејсерс 123:131
Орландо Меџик – Кливленд Кавалирс 104:94
Филалделфија – Вашингтон Визардс 146:101
Атланта Хокс – Денвер Нагетс 122:129
Њујорк Никс – Торонто Репторс 136:130
Хјустон Рокетс – Сан Антони Спарс 93:82
Мемфис Гризлис – Далас Маверикс 113:120
Милвоки Бакс – Чикаго Булс 133:129 стр
Пеликанс – Тимбервулфс 121:107
Оклахома сити Тандер – Јута Џез 134:120
Сакраменто Кингс – Бруклин Нетс 131:118
ЛА Клиперс – Портланд Блејзерс 132:127
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.

