Спорт
(Видео) Дибала диригираше, Рома ја прегази Парма

Фудбалерите на Рома, во 17.коло го одиграа најдобриот меч во Серија од почеткот на сезоната. Предводени од Паоло Дибала, фудбалерите на Рома ја декласираа Парма со 5:0.
Рома одлично влезе во натпреварот и поведе во осмата минута.
Судијата Марко Ди Бело покажа на белата точка по невнимателниот старт на Ботонд Балог, а Пауло Дибала ја презеде одговорноста и погоди од белата точка за 1:0.
Само пет минути подоцна, Римјаните успеаја да го удвојат водството, Анхелињо му асистираше на Алексис Салемејкерс, кој погоди за 2:0.
Парма имаше две убави шанси во вториот дел, но Миле Свилар добро интервенираше на голот на Рома.
До крајот на првото полувреме Стефан Ел Шарави можеше дополнително да го зголеми водството на домашните во 44. минута, но неговиот удар го одбрани голманот.
Добрата игра на Рома продолжи и во вториот дел, а во 51. минута Дибала успеа да постигне уште еден гол за 3:0. .
Во 74. минута беше досуден уште еден пенал за Рома, а одговорноста ја презеде Леандро Паредес. Погоди и тој, а на семафорот стоеше 4:0.
Точка на натпреварот стави Артем Довбик во 83. минута на асистенција на Пауло Дибала.
Рома во моментов е на 11. место во Серија А со 19 бодови, додека Парма го претрпе третиот последователен пораз и е на 16. позиција со 15 бодови.
Рома сезоната ќе ја продолжи со гостување кај Милен, додека Парма ќе и гостува на Монца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Тројца навивачи загинаа при пад од трибина, повеќе од 70 повредени

Тројца навивачи починаа откако паднаа од горната на долната трибина на стадион во Алжир, по завршувањето на натпреварот во кој домашната екипа МК Алжир ја освои титулата.
МК Алжир ја освои својата втора последователна титула синоќа, откако одигра нерешено 0:0 против Магра.
Инцидентот се случи по завршувањето на натпреварот на стадионот „5 јули“ во Алжир, кога се урна ограда во горниот дел од трибината. Неколку десетици навивачи паднаа од горната на долната трибина, при што загинаа три лица, а околу 70 беа повредени.
Многу од повредените беа однесени во болница, каде што играчите и членовите на тренерскиот штаб на двата клуба донираа крв, објави Би-Би-Си.
Стадионот беше полн за време на натпреварот во кој МК Алжир ја одбрани титулата. Атмосферата за време на натпреварот беше празнична, со зелени џадни бомби.
Доделувањето на трофејот беше одложено поради трагедијата.
Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун изрази сочувство до семејствата на починатите и им посака брзо закрепнување на повредените.
Спорт
Марк Маркез победи и во Муџело, Бањаја возеше уште една трка
Марк Маркез продолжи да доминира во кралската класа оваа сезона. Шпанецот победи на трката во Муџело, пред помладиот брат Алекс (Гресини) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Марк, еден од најдобрите возачи во историјата, втор пат во кариерата победи во Муџело, денес ја забележа 93-та победа во кариерата.
Трката на култната патека беше интересна само во првите осум круга, кога Марк, Алекс и Пеко Бањаја се менуваа на челната позиција. Во моментот кога Марк успеа да го мине Алекс и ја презеде челната позиција, повеќе немаше дилеми околу кончениот победник.
Во наредните неколку круга Бањаја се обиде да го нападне Алекс, не му успеа во ниту еден момент. Како што трката се ближеше кон крајот, паѓаше темпото на Бањаја, а тоа го искористи Диџанантонио во препоследниот круг и го презеде третото место.
Лошиот пласман во Муџело, веројатно го исфрли Бањаја од сите комбинации за шампионската титула. Лидер во поредкот е Марк Маркез, има 46 поени повеќе од Алекс Маркез и 97 од Бањаја.
Наредната трка се вози во Асен, Холандија.
Спорт
„Аптекарите“ го завршија трансферот на Кванса

Баер Леверкузен и Ливерпул продолжија да си ја вршат размената на летниот фудбалски пазар.
Откако шампионот на Англија ги купи Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг од вицешампионот на Германија за огромни суми пари, сега еден играч на Ливерпул замина во спотивната насока.
Фабрицио Романо објави дека Баер го купил талентираниот англиски стопер Џарел Кванса за 30 милиони евра.
Доколку Кванса исполни одредени бонуси, трансферот ќе се зголеми за уште пет милиони евра.
Кванса потпиша договор со тимот од Леверкузен до 2030 година и ќе го замени Џонатан Тах, кој се пресели во Баерн Минхен. Важна клаузула во договорот е дека Ливерпул ќе има да го врати дефанзивецот за одредена сума.
Кванса (22) моментално игра за Англија на Европското првенство до 21 година, а синоќа ги одигра сите 90 минути во победата од 3:1 над Шпанија, по што Англичаните се пласираа во полуфиналето, каде што ќе се соочат со Холандија.