Спорт
(Видео) Дукуре го постигна најбрзиот гол во историјата на Евертон

Евертон го победи Лестер со 4:0 во 24.коло, во Премиер лигата. „Карамелите“ го забележаа третиот триумф во низа по враќањето на менаџерот Дејвид Мојс.
Натпреварот на „Гудисон парк“ го обележа играчот од средниот ред на Евертон, Докуре. Го постигна првиот гол по само 10,18 секунди.
Ова е најбрзиот гол во историјата на Евертон и четврти најбрз гол во историјата на Премиер лигата.
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨 For history!
Everton scores first goal within 10 seconds!
First goal by Doucoure assisted by Pickford 🤯💙
— HM ⚽️ (@thehmnws) February 1, 2025
Предноста на Евертон ја зоглеми Бето во шестата минута, а истиот играч во втората минута од судиското надополнување го постигна својот втор, а трет гол за Евертон.
Конечните 4:0 во 90.минута ги постави Ндиаје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ансу Фати е пред трансфер во Монако

Ансу Фати, некогаш вундеркиндот на Барселона, би можел да го засили Монако ова лето.
Играчот кој важеше за најголем талент во Барселона пред Ламин Јамал да се појави на големата сцена, треба да помине медицински прегледи во текот на неделата и да потпише за клубот од Кнежевството.
Станува збор за позајмица, но Монако потоа би имал можност да го откупи договорот на Фати од каталонскиот клуб.
Со 16 години и 304 дена, Фати беше најмладиот стрелец во историјата на Барселона и е се сметаше за наследник на Меси, но потоа повредат на коленото речиси му ја уништи кариерата.
Минатата сезона, тој настапи само на шест натпревари и јасно е дека не е во плановите на тренерот Флик.
Затоа, преселбата во Монако би можела да биде можност за 23-годишниот напаѓач да ја оживее својата кариера по долг период на стагнација.
Спорт
Прошталниот меч на Хамшик ќе биде проштален и за Мертенс

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс објави дека ја завршува кариерата на 38-годишна возраст.
Мертенс ги помина последните три сезони во Галатасарај, а славата ја стекна во дресот на Наполи, каде што играше девет години.
Токму во Неапол изгради пријателство со Марек Хамшик, а натпреварот кој ќе се одигра во чест словачкиот фудбалер ќе биде последен за Мертенс. Станува збор за ревијален натпревар во Братислава.
„Едвај чекам да го одиграм последниот натпревар со тебе. Престанав да играм фудбал, но за последен пат ќе ги облечам копачките за тебе.
За мене, ти секогаш ќе бидеш капитенот и најсилниот човек со кој некогаш сум играл“, рече Мертенс во видео порака.
Мертенс постигна 135 гола на 397 натпревари за Наполи.
Спорт
Венеција од Интер го откупи договорот на Станковиќ

Српскиот голман Филип Станковиќ официјално стана член на Венеција, која го откупи неговиот договор од Интер.
Станковиќ ја изминатата сезона ја мина во Венеција како позајмен играч, а клубот одлучи да ја активира откупната клаузула, која изнесува два милиони евра.
Синот на Дејан Станковиќ потпиша договор до 2029 година. Пред Венеција, Интер го позајми 23-годишниот голман на Волендам и Сампдорија.
Следната сезона, Станковиќ ќе брани во Серија Б, бидејќи минатата сезона клубот го зазеде претпоследното место во Серија А и испадна од лигата.