Спорт
(Видео) Емотивно: Пепе неутешно плаче по испаѓањето на Португалија, Роналдо го гушка и теши

Фудбалерите на Португалија не успеаја да се пласираат во полуфиналето на ЕУРО.
Загубија од Франција со 5:3, која во полуфиналето ќе игра против Шпанија, која беше подобра од Германија со 2:1.
Најстариот фудбалер, кој некогаш настапувал во европските првенства, Португалецот Пепе на 42 години одигра фантастичен натпревар и ги помина сите 120 минути на теренот.
Пепе, за кого ова беше петто последователно Европско првенство, испаѓањето на Португалија го доживеа исклучително емотивно и тешко.
Пепе плачеше, плачеше, а беше утешен и прегрнат од Кристијано Роналдо, кој има 39 години.
Речиси е сигурно дека двата пати мечот против Франција беше последен за Португалија на големите натпреварувања.
„Овој натпревар е симбол на професионалноста и посветеноста на Пепе и Роналдо. Да се стигне до таа фаза на турнирот и да се игра, а на нивна возраст, особено Пепе, тоа е огромна почит“, изјави Рио Фердинанд за Би-Би-Си по натпреварот.
Pepe: "Obrigado por tudo, mano!
Ronaldo: "Tudo por Portugal"
Foi um prazer ver-vos no vosso último euro, capitães 🇵🇹 pic.twitter.com/numl6j27kz— mat (@mat_1906) July 5, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црвена звезда ја прекина лошата серија против Жалгирис, Дубаи го декласира Фенер, Ефес победи кај Олимпијакос

Црвена звезда ја прекина лошата серија против Жалгирис, Дубаи среде Истанбул го декласира Фенербахче, а Ефес во Атина го победи Олимпијакос во четвртото коло во Евролигата.
Црвена звезда на дебито на новиот тренер Саша Обрадовиќ, славеше против Жалгирис 88:79. Црвено-вбелите предводени од Џордан Нвора го симнаа проклетството против литвванскиот тим, ја прекинаа серијата од пет порази и воедно на Жалгирис му го нанесоа првиот пораз во тековната сезона.
Црвена звезда одигра спектакуларно во последните шест минути, благодарение на нвора кој постигна девет поени во низа од минус три се одлепи на шест поени разлика.
Нвора го заврши натпреварот со 24 поени, седум скока, пет украдени топки, три асистенции и две блокади. Монеке и одличниот Мотиејунас постигнаа по 13 поени, а Сами Оџелеј постигна 10 поени. Кај Жалгирис се истакнаа Буткевичиус и Ло, тие беа најефикасни со по 14 поени, а Силван Франциско постигна 13.
Ефес славеше во Атина против Олимпијакос со 82:78. Мечот беше драматичен до самиот крај. Кординие погоди тројка на 43 секунди до крајот за 78:79, потоа Олимпијакос не реализираше напад, а Ларкин погоди две слоодни фрлања. На крајот Везенков не успеа да избори продолженија.
Ефес до победата го предводеше Кол Свајдер со 20 поени, одличен беше и Шејн Ларкин со 18, Османи додаде 12, а двоцифрени беа и Ајзеа Кординие со 10 поени и Пи-Џеј Доужер со 11 поени.
Во тимот на Олимпијакос се истакна Питерс со 14 поени, Ворд додаде 13, а Везенков 12.
Дебитантот во Евролигата, Дубаи во Истанбул го декласира актуелниот шампион, Фенербахче со 93:69.
Фенер го запиша вториот пораз во низа пред своите навивачи, откако во петокот загуби од Црвена звезда. фенер сега има победа и три порази, Дубаи е на две победи и исто толку порази.
Дубаи доминираше од стартот на натпреварот, на полувреме предноста беше 15 поени. Во втроиот дел играта на Фенербахче целосно се рапспадна.
Центарот на Дубаи Кабенгеле доминираше со 26 поени и 7 скока, Бејкон имаше 21, Бертанс и Препелиќ по 13, а Петрушев забележа 11 поени и 8 скока.
Кај Фенер, Болдвин и Колсон постигнаа по 12 поени.
Спорт
Јужна Африка е 23-от учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка е 23-та репрезентација, која обезбеди место на Светското првенство следната година во Канада, САД и Мексико.
Јужна Африка пласманот го избори со победата од 3:0 над Руанда дома во 10-то коло од мундијалските квалификации.
Головите на Таленте Мбате, Освин Аполис и Евидес Макгопе и ја донесоа победата на „бафана бафана“.
Јужна Африка го престигна Бенин во последното коло и го освои првото место во групата Ц.
На крајот, Бенин ги загуби сите шанси да биде на Светското првенство, откако загуби во последното коло од Нигерија со 3:0 и падна на третото место поради помала гол-разлика.
Јужна Африка ќе игра на Светското првенство за прв пат откако беше домаќин на натпреварувањето во 2010 година.
Спорт
Вардар 1961 со победа ја започна сезоната во Европската лига

Вардар 1961 со победа ја започна сезоната во Европската лига. Вечерва во „Јане Сандански“, македонскиот вице првак славеше со 34:29 во дуелот со Севесте.
Натпреварот го обележа и првото соочување на поранешните репрезентативни колеги, легендите на хрватскиот ракомет, сега тренери Иван Чупиќ и Игор Вори.
Вардар 1961 релативно лесно го доби натпреварот. Првиот дел мина во апсолутна доминација на Вардар, бргу домаќинот стекна предност од четири гола (8:4) и ја одржа до крајот на тој период.
Во вториот дел по 21:16 следуваа црните минути во играта на Вардар, дозволи серија на противникот од шест гола. Вардар бргу го врати ритамот одоговри со серија од три гола и потоа рутински го финишира дуелот.
Хориха со седум, односно Боно и Тузолана со по шест гола го предводеа Вардар 1961.
Foto/ facebook.com/rkvardar