Спорт
(Видео) ФК Вардар го промовира спотот за песната „Гордоста на градот“

Фудбалскиот клуб Вардар денеска го објави спотот за песната „Гордоста на градот“ која е создадена од членови на неколку музички бендови кои со ова дело ја искажаа својата поврзаност кон „црвено-црните“.
„Ви го претставуваме спотот за песната ,,Гордоста на градот” кој од денес ќе може да се погледне на официјалниот youtube канал на клубот.
Песната е создадена со заеднички ангажман на членови на неколку музички бендови, кои на сопствен-оригинален начин, ја искажаа својата приврзаност кон Вардар и црвено-црните бои.
Во името на клубот се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во креирањето на песната и спотот.
Се надеваме дека ќе уживате!
И не заборавајте…во недела се гледаме на Градски!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хау повторно ќе го води Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела.
Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата.
Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс, а црно-белите победија на два од три натпревари.
Њукасл се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, поточно за место меѓу првите пет екипи на табелата. Четири бода ги делат екипите од третото до седмото место.
На пет кола до крајот, Њукасл е петти на табелата со 59 бодови, еден бод помалку од четвртопласираниот Нотингем Форест и еден бод повеќе од шестопласираните Челзи и Астон Вила.
Спорт
(Видео) Анчелоти збесна по потегот на Ендик: Ова не е циркуз

Реал Мадрид оствари важна победа од 1:0 на гостински терен над Хетафе во 33. коло од Ла Лига и остана во шампионската трка со Барселона.
На пет рунди до крајот актуелниот шампион заостанува четири бода, а во следното коло следува директен дуел со Барселона. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Арда Гулер во 21. минута.
Сепак, вниманието од турскиот репрезентативец го оттргна неговиот соиграч Ендрик (18), кој минатото лето пристигна од Палмеирас за 47,5 милиони евра.
Во 56. минута кога се најде сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, наместо да шутира, се обиде со лоб удар, но лошо го изведе и практично му ја додаде топката на голманот. Тренерот Карло Анчелоти беше видно лут и брзо го извади од игра.
На прес-конференцијата по натпреварот, Анчелоти ја коментираше ситуацијата:
„Ендрик не треба да прави такви работи. Тој е млад и треба да учи, но тоа не постои во фудбалот. Кога ќе се најдете сами пред голманот, треба да шутирате што посилно. Ова не е циркуски клуб“.
ENDRICK WHAT ARE YOU DOING? WHY SHOOT LIKE THAT? pic.twitter.com/c7ixDQ6tXV
— @thedesigner (@heyJudemeow) April 23, 2025
Спорт
Ал Наср нуди 100 милиони евра за ѕвездата на Вест Хем

Ал Наср, клуб во кој прва ѕвезда е ветеранот Кристијано Роналдо, во последните години докажа дека не штеди пари, демонстрирајќи голема финансиска моќ.
Во летниот преоден рок, со 100 милиони евра ќе тргнат во офанзива по потписот на фудбалерот на Вест Хем, Мухамед Кудс.
„Чеканите“ најверојатно ќе ја прифатат понудата за 24-годишниот репрезентативец на Гана, кој има договор со клубот до јуни 2028. Се очекува Мохамед Кудс да се пресели во Ал-Наср во првите денови од летниот преоден рок.
Кудус ја започна својата кариера во Академијата „Право на сон“ во Гана, во сопственост на данскиот Нордсјеланд, кој го продаде на Ајакс во 2020 година за девет милиони. Холандскиот гигант подоцна го продаде на Вест Хем за 43 милиони евра.
Мухамед Кудус оваа сезона одигра 27 натпревари за тимот од Лондон во Премиер лигата на кои постигна три гола и забележа три асистенции.