Спорт
(Видео) Французите и Холанѓаните без грешка, Унгарците ја шокираа Србија
Фаворитите во групата Б од квалификациите за Европското првенство во 2024, Франција и Холандија стигнаа до рутински победи, додека Унгарија го направи најголемото изненадување, совладувајќи го директниот ривал за првото место Србија со 2:1 на „Рајко Митиќ“ во Белград.
Во другите мечеви, Данска немаше проблем со Сан Марино (4:0), исто како Полска со Фарските Острови (2:0) и Словенија со Северна Ирска (4:2), додека Албанија успеа да освои поен на гостувањето кај Чешка (1:1).
Орелиен Чуамени и Маркус Тирам беа стрелци за „триколорите“ да стигнат до 2:0 победа над Репбулика Ирска на „Стад де Франс“ за петта победа во пет меча во квалификацискиот циклус. Холанѓаните, се вратија по 4:0 поразот од Французите, за со головите на Де Рон, Гакпо и Вегхорст во првото полувреме со 3:0 да ја совладаат Грција.
Србија почна одлично кога во 10. минута Атила Салаи си постигна автогол по акцијата на Душан Влаховиќ, но Унгарците потоа до крајот на полувремето со два брзи гола направија пресврт. Прво Барнабас Варга во 34. минута израмни по лошата реакција на српската одбрана, за Вили Орбан две минути подоцна да го комплетира пресвртот.
ЕУРО 2020 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Франција – Ирска 2:0
Холандија – Грција 3:0
ГРУПА Е
Чешка – Албанија 1:1
Полска – Фарски Острови 2:0
ГРУПА Г
Србија – Унгарија 1:2
ГРУПА Х
Данска – Сан Марино 4:0
Словенија – Северна Ирска 4:2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

