Спорт
(Видео) Фудбалер остана без прсти по експлозија на петарда

Фабио Скијафино, фудбалер на белгискиот четвртолигаш КСЦТ Менен, останал без еден прст, а од уште два лекарите решиле да ампутираат делови. Несреќата се случила среде натпревар, кога Скијафино кога сакал да отстрани од теренот петарда која била фрлена од трибините.
Скијафино, на својот 26.роденден постигна два гола, неговиот тим победи со 4:0, но натпреварот нема да му остане во добро сеќавање.
Петардата фрлена на теренот, тој ја фатил со десната рака се обидел да ја исфрли надвор од границите на игралиштетот кога и се случи хорор сцената.
Инцидентот можете да го видите ТУКА.
Направата која му експлодирала во рака е петарда од типот Кобра 6, а белгиските медиуми јавуваат дека е забранета за продажба во земјата. На теренот ја фрлил 21-годишник, кој по натпреварот бил приведен од полицијата и против кого е поднесена пријава.
„Кога се исчисти чадот, видов дека ми недостасуваат делови од прстите“, рече Скијафино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Феликс го одложи враќањето дома, се сели во Саудиска Арабија

Извесно е дека португалскиот фудбалер Жоао Феликс ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Некогаш големиот талент за чии трансфер од Бенфика, пред седум години, Атлетико Мадрид издвои 136 милиони евра, ќе се пресели во Ал-Наср.
Ова е претставува изненадување за фудбалската јавност, бидејќи детали го делеа Феликс од враќањето во Бенфика.
Во приказната реши да се вмеша Ал Наср и букввално да го украде веќе виденото засилување од португалскиот гигант. Челзи ќе добие околу 57.000.000 евра, а Феликс ќе добие голема плата и можност да игра со Кристијано Роналдо.
Освен финансиите, тоа беше и негова голема желба бидејќи станува збор за човек кого го идолизира.
По заминувањето од Атлетико, Феликс не се снајде во Барса, Челзи, Милан…
Foto/ Prinskrin
Спорт
(Видео) Бруно за триумф на Јунајтед над Вест Хем, Борнмут славеа над Евертон

Фудбалерите од Премиер лигата се во екот на подготовките за следната сезона, а една од омилените дестинации е САД. Преку Атлантикот, се одржува второто издание на Летната серија на Премиер лигата, а натпреварите од првото коло веќе се одиграни.
Овогодинешните учесници се Манчестер јунајтед, Вест Хем, Евертон и Борнмут. Победи во натпреварите од првото коло забележаа Манчестер јунајтед и Борнмут.
„Црвените ѓаволи“ го победија Вест Хем со 2:1 на „МетЛајф“ во Њу Џерси, на крилата на најдобриот играч Бруно Фернандес. Двата гола за трофејниот клуб од „Олд Трафорд“ ги постигна Португалецот. Во петтата минута беше прецизен од 11 метри и го донесе тимот на Рубен Аморим во водство.
Тој го зголеми резултатот на 2:0 во 52-та минута. Единствениот гол за Вест Хем го постигна Џаред Бовен во 63-та минута.
Многу поубедлив беше Борнмут против Евертон. Немаше голови до 55-та минута. Потоа Билинг го донесе Борнмут во водство. Само четири минути подоцна, Уатара го дуплираше водството. Конечните 3:0 ги постави Абу Аџеи во 69-та минута.
Летната серија на Премиер лигата продолжува во среда навечер со натпреварите од второто коло Манчестер јунајтед – Борнмут и Евертон – Вест Хем во четврток.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гибс-Вајт го извиси Тотенхем, потпиша нов договор со „шумарите“

Еден од најдобрите играчи на Нотингем Форест минатата сезона, Морган Гибс-Вајт, нема да оди во Тотенхем, откако реши да го продолжи договорот со „шумарите“.
Тотенхем ја активираше клаузулата, практично се договори за сè со играчот. Дури беа закажани и лекарски прегледи, но… Гибс-Вајт не се појави таму, туку реши да го продолжи договорот со Форестерс до 2028 година.
Нотингем се пожали дека Спарс му пристапиле на играчот на нелегален начин и гласно протестираа против овој трансфер. Но, малкумина очекуваа таков исход.
На крајот, Нотингем не загуби уште еден важен играч, бидејќи Ентони Еланга замина во Њукасл.