Спорт
(Видео) Фудбалерите на Наполи го победија Емполи со 1:0
Фудбалерите на Наполи го победија Емполи со 1:0 во натпреварот од осмото коло на Серија А.
Стрелец на единствениот гол на самото место беше Хвича Кварацхелија во 63. минута од натпреварот од пенал.
Фаустино Анјорин беше невнимателен кога во сопствената шестка го собори Матео Политано. Одговорноста ја презеде Грузиецот кој го постигна четвртиот гол сезонава.
Тимот на Антонио Конте стигна до шестата победа сезонава и вкупно 19 бода оваа сезона, што е три повеќе од второпласираниот Јувентус. Емполи моментално е 11-ти со 10 бода и ова им беше втор последователен пораз, а трет меч без триумф по добриот старт на сезоната.
Во следното коло Наполи за шест дена го пречекува Лече, додека Емполи и гостува на Парма.
— OvoOno (@OvoOnoX) October 20, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џонс меч винер, Ливерул го победи Челси
Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи на „Енфилд“ со 2:1 во дербито од осмото коло на англиската Премиер лига.
„Црвените“ со оваа победа се вратија на лидерската позиција на табелата со бод повеќе од актуелниот шампион Манчестер сити. Челси го запиша вториот пораз и остана на шестото место во Премиер лигата.
Во изедначен натпревар, во кој ниту еден од тимовите не одигра премногу квалитетно, разликата ја направи момчето од Ливерпул, Куртис Џонс.
Џонс, најпрвин избуди пенал во 29.минута кој во водство на Ливерпул го претвори Мохамед Салах, а откако Челси во 48.минута изедначи преку Николас Џексон, во 51.минута ја искористи асистенцијата на Салах и го постигна голот за победа.
Спорт
(Видео) Голчиште преку половина терен на Енглес против Ајакс
Ајакс во луд натпревар успеа да слави во Алем, против Хераклес со 4:3. Играчите на Хераклес два пати имаа водство, на крајот не усеаја да освојат ниу бод против фаворизираниот противник.
Натпреварот го обележа еден од најлудите голови од почетокот на сеозната, можеби и на целатат сезона.
Во 28. минута Марио Енглес од својата половина, од 50 метри успеа да го лобува искусниот голман Ремко Пасвер.
Веројатно овој гол ќе се најде во конкуренија на наградата „Пушкаш“, како најубав оваа сезона.
⚽️GOAL🇳🇱 | Heracles Almelo 2-1 Ajax | Mario Engels
Mario Engels has given the lead again with an extraordinary goalpic.twitter.com/StfQdp3B3Z
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 20, 2024
Спорт
(Видео) Мајсторија на Серлот, Атлетико со пресврт го победи Леганес
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Леганес со резултат 3:1 (0:1) во натпреварот од 10. коло на шпанската Ла Лига. „Јорганџиите“ остварија победа со пресврт, откако до 69.минута губеа 0:1. на својот стадион „Ванда Метрополитано“ со пресврт, во обложувачкиот речник, „од двојка до кец“.
Атлетико се наметна на теренот од самиот почетокот на натпреварот. Домашните го контролираа поседот имаа неколку добри можности, а откако не успеаја да го совладаат Дмитровиќ пубиликата на „Метрополитано“ ја шокира Камерунецот Ајван Неју во 34.минута. Камерунецот постигна прекрасен гол од околку 16 метри испрати проектил во поблискиот агол.
Ситуацијата на теренот не се смени ниту во вториот дел. Атлетико напаѓаше, Леганес се бранеше и шанса бараше преку контранапади.
Резултатото го изедначи лександер Серлот во 69.минута. Норвежанецот брилијантно реагираше по додавањето од Витсел, со петица ја сврте топката во голот. Атлетико го комплетираше пресвртот во 81.минута, кога пожртвуваноста на Симеоне јуниор и неговата асистенција во гол ја претвори Гризман.
Во 88. минута Французинот доби директен црвен картон затоа што стартуваше со две нозе врз противнички играч, но ВАР ја промени одлуката во жолт картон.
Во 96. минута Серлот имаше шанса да стави точка на мечот, но прво Дмитровиќ одбрани, а потоа топката од гол-линијата го исфрли Настасиќ.
Но, во 99. минута сепак падна третиот гол, Серлот, поентирае по додавањето од Хулијан алварез.
Атлетико останува на третото место со 20 освоени бодови, додека Леганес е на 17. позиција со осум бодови.