Спорт
(Видео) Фудбалерите од земја со помалку од 600.000 жители пред историски пласман на СП

Зеленортските острови (Капе Верде) го победи Камерун со 1:0 и се искачи на челната позација во групата Д од квалификациите за Светското првенство. Со овој триумф малата островска земја направи огромен чекор првиот пласман на најголемата фудбалска смотра.
Во последните две кола, Зеленортските острови играат против Либија и Есватини, потрбна им е една победа за да го прослават историскиот успех.
Херој во победата над Камерун беше Даилон Роча Ливраменто, напаѓач на португалскиот клуб Каса Пиа, кој го постигна победничкиот гол во 54-та минута.
This goal by Cape Verde's Livramento on Andre Onana and Cameroon 😮 pic.twitter.com/9mVSEWXih9
— ESPN FC (@ESPNFC) September 9, 2025
На табелата Зеленортските острови по осум кола имаат 19 поени, четири повеќе од Камерун и пет повеќе од третопласираната Либија.
Доколку фудбалерите изборат пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, Зеленортските острови ќе станат втората најмала земја која играла на СП. Оваа островска држава има околу 587 илјади жители.
Рекордот го држи Исланд, кој учествуваше на Светското првенство во 2018 година, а земјата тогаш имаше население од 335 илјади жители.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Таткото на Белингам му се заканиl на тренерот Нико Ковач

Вистинска драма се одвива во Дортмунд поради недоразбирањата меѓу семејството Белингам и тренерот Нико Ковач.
Таткото на фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, и помалку познатиот помлад фудбалер на Борусија Дортмунд, Џоб, Марко Белингам, му се заканил на тренерот на германскиот тим.
Причината е што тој не е задоволен колку неговиот син минува на теренот.
Џоб ова лето пристигна во Дортмунд од Сандерленд, со кого успеа да избори промоција од Чемпионшип во Премиер лигата.
Беше доведен со големи очекувања, но оттогаш одигра само два натпревари како стартер. Ова не му се допаѓа на неговиот татко, Марк Белингам, кој долго време не го крие незадовоството кон клубот и тренерот.
Според „Билд“, се резултирало со расправија со тренерот Нико Ковач.
Клупските челници успеале да ги смират двете страни, но тензијата е сè уште очигледна, коментираат за „Билд“ извори блиски до клубот.
Младиот Џоб, иако очигледно е талентиран, не може да го издржи притисокот на јавноста и семејството, бидејќи сите го споредуваат со неговиот постар и попознат брат.
Спорт
(Видео) Лацио од пенал во 103-минута се спаси од пораз против Торино

Фудбалерите на Лацио и Торино одиграа спектакуларен натпревар (3:3) на „Олимпико“ во рамките на 6. коло од Серија А. Два гола беа постигнати во судиското надополнување на времето.
Прво, Саул Коко постигна гол во 90+2 за Торино и се чинеше во тој момент, обезбеди победа за „биковите“, бидејќи натпреварот беше продолжен четири минути.
Сепак, следеше трилер завршница – дефанзивецот на Торино, Марипан го собори Тијани Нослин во шеснаесетникот, веднаш до гол-аут линијата, судијата првично не покажа на „белата точка“ и предизвика гнев кај домашните.
Дури по долг преглед на ВАР, судијата па покажа на белата точка. Натпреварот беше продолжен, влезе во 13. минута од судиското продолжение.
На крајот, Данило Каталди погоди и ги постави конечниот резулта, 3:3.
Тимот на Маурицио Сари така остана со само две победи во текот на сезоната досега.
Претходно синот на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, Џовани, постигна гол за Торино во 16-та минута. Потоа, двоен стрелец за Римјаните беше Матео Канселиери (24, 40), а на 2:2 изедначи Че Адамс со гол во 73-тата минута.
Foto/ EPA
Спорт
Расел со брилијантен круг до пол-позицијата во Сингапур

Џорџ Расел ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Сингапур. Возачот на Мерцедес до првото место во квалификациите дојде со најдобриот круг во историјата на патеката „Марина Беј“, 1:29.158.
Џорџ Расел ја освои втората пол-позиција оваа сезона, претходно тоа го направи во Канада. Британецот блескаше во квалификациите, особено во последната сесија. Извозе два неверојатни круга и беше единствениот што во вториот круг го подобри својот резултат.
До Расел од првиот ред трката ќе ја започне актуелниот шампион, Макс Ферстапен. Холанѓанецот и во Сингапур ја доби битката со возачите на Мекларен.
Лидерот во генералниот пласман, оскар Пјастри го освои третото, а вториот возач на Мерцедес, 18-годишниот Андреа Кими Антонели го комплетира вториот ред на стартот.
Следуваат, претендентот за шампионската титула Ландо Норис (Мекларен), па возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Во Топ 10 место изборија Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Оливер Берман (Хас) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Трката за Големата награда на Сингапур, в недела ќе започне во 14 часот по македонско време.