Спорт
(Видео) Галатасарај во 91.минута ја скрши Спарта , Рома преживеа во Ротердам, Спортинг е веќе во осминафиналето
Започна плејофот во Лига Европа. Спортинг Лисабон со една нога е во осминафиналето, Рома успеа да го преживее гостувањето во Ротердам кај Феенорд, Марсеј одигра нерешено со Шахтјор, а Галатасарај со гол во 91.минута ја победи Спарта Прага.
Галатасарј во Истанбул два пати имаше предност против Спарта, но победата ја обезбеди дури во 01.минута со голот на Икарди. Двата тима мечот го завршија со фудбалер помалку. Галатасарај играше со десетмина од 63.минута, а Спарта од 80.минута.
Демирбај го постигна првиот гол на натпреварот, а изедначи најдобриот играч на Спарта на овој натревар Пресиадо. Бардакчи му донесе нова предност на Галатасарај, која по додавањето на Пресиадо ја поништи Кухта.
Во Ротердам, Феенорд против Рома имаше вофство од 45.минута со голот на Паишао. Рома доминираше во вториот дел и успеа да изедначи преку Лукаку во 67.минута. Во финишот Феенорд имаше две добри шанси, Свилар го одбрани ударот на Хименез, а Иванушец од слободен удар ја погоди стативата.
Шахтјор во Хамбург го пречека Марсеј и на крајот успеа да извлече реми 2:2. Обамејанг им донесе предност на гостите во 64.минута. Габонецот со овој гол го стигна Радамел Фалкао на вечната листа во Лига Европа. Двајцата имаат постигнато по 30 голови во ова натпреварување.
Четири минути подцна изедначи Матвиенко. Нова предност на Марсеј му донесе Ндиаје во 90.минута, но само три минути подоцна Егиналдо го постави конечниот резултат.
Спротинг во Берн го поебди Јанг Бојс со 3:1. Стрелци за Португалците беа Аменда (авто-гол), Ѓокереш 41 и Инасио. За домаќините погоди Угриниќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

