Спорт
(Видео) Галено го закопа Порто, промаши два пенали
Спортинг е најголемиот добитник по завршувањето на 19.коло во португалскиот шампионат. „Лавовите“ ја зголемија предноста на табелата на шест бода, откако Бенфика вчера загуби од Каса Пија (3.1), а ден подоцна Порто со Санта Клара одигра 1:1.
За мечот на „Драгао“ во Порто и Бразилецот Галено долго ќе се зборува. Галено го закопа својот тим откако не реализира пенал во 72. минута при резултат 0:1, а потоа и во 96.минута. Откако голманот Габриел Батиста му го одбрани пеналот топката дојде до Галено кој од четити метри шутираше крај голот.
Она што ги налути сите во Порто е што Галено не му дозволи на соиграчот да го изведе вториот пенал, туку му ја зеде топката од раце.
FC Porto 0-1 Santa Clara
Galeno PK ❌ 71'pic.twitter.com/aZkeH9vynM
— PortugueseSoccer.com ⚽️ (@PsoccerCOM) January 26, 2025
Fc Porto Wenderson Galeno miss last minute penalty pic.twitter.com/TxmBul4fln
— Adedamola (@DMLJ_LFC) January 26, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Аморим: За два месеци во Јунајтед остарев 10 години
Манчестер јунајтед синоќа во 23. коло од Премиер лигата го совлада Фулам на гости со 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез во 78. минута. По неговиот удар топката удри во ногата на Саша Лукиќ кој се обиде да блокира, доби дополнително забрзување е заврши во голот.
Триумфот над Фулам е најдобриот подарок за менаџерот Рубен Аморим, кој вчера наполни 40 години.
„Немам 40, имам 50 години. За два месеци работа во Манчестер јунајтед, осатарев 10 години, но мило ми е што сум тука и што можам да го прославам роденденот со овие луѓе“, изјави Аморим.
Манчестер јунајтед во последните четири дена оствари два важни триумфа, прво над Ренџерс во Лига Европа, а сега и против Фулам во Премиер лигата. Во првенството, Јунајтед се на 12. место со 29 бода.
Спорт
Кимих: Не можам секои три дена да го повторувам истото
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Кристоф Фројнд изјави дека е сигурен дека Џошуа Кимих ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува германски „Скај Спорт“.
Актуелниот договор на Кимих со клубот од Минхен истекува на 30. јуни оваа година, поради што се појавија информации дека ќе се пресели во Реал.
„Сигурен сум дека Кимих ќе одлучи да продолжи да игра за Баерн“, изјави спортскиот директор на клубот од Минхен, Фројнд.
Кимих во Баерн пристигна во 2015 година од Лајпциг.
„Јас дадов јасна изјава пред две недели. Ситуацијата не е променета. Искрено, не можам да давам нови информации на секои три дена. Во одреден момент ќе има некои вести, но нема да ги коментирам на секои три дена“, рече Кимич, очигледно алудирајќи на неговата изјава дека најмногу би сакал да остане во својот сегашен клуб.
Спорт
Талиска се договорил со Фенербахче
Бразилскиот фудбалер Андерсон Талиска го договорил трансферот во Фенербахче. Талиска е поранешен играч на Бешикташ, во Фенербахче доаѓа од Ал Наср.
Талиска седум години не играше во Европа, прво играше во Кина, а потоа се пресели во во Саудиска Арабија.
Жозе Мурињо тренерот на Фенербахче инсистирал трансферот да биде реализиран.
Талиска во претходниот период го немаше во составот, што само покажува дека сакал да се пресели во друг клуб.
Фенербахче по 20 одиграни натпревари во првенството на Турција се наоѓа на второто место со шест бода помалку од лидерот Галатасарај.