Спорт
(Видео) Гасперини: Лукман е еден од најлошите изведувачи на пенали што сум ги видел
Аталанта доживеа шокантна елиминација од Клуб Бриж во плеј-офот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Откако Белгијците победија со 2:1 на домашен терен, славеа и на реваншот во Италија со 3:1.
За неутралните навивачи, синоешниот натпревар во Бергамо беше исклучително интересен. Бриж постигнаа три гола во првиот дел, а играчите на Аталната во тој период два пати ја погдија стативата.
Домашните намалија во првиот напад во вториот дел на 1:3. Адемола Лукман го замени Марио Пашалиќ, а потоа, практично со првиот допир на топката по 35 секунди игра, ја намали негативата на Аталанта.
Во 61. минута Аталанта ја имаше најдобрата шанса дополнително да го намали водството на гостите.
Ударот беше лош и голманот на Бриж, Симон Мињоле лесно одбрани.
По натпреварот, тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, откри колку бил лут на Лукман: „Тој не требаше да го изведе пеналот. Тој е еден од најлошите изведувачи на пенали што сум ги видел. Ја зеде топката затоа што се чувствуваше полн со самодоверба по постигнатиот гол, но тој има многу низок процент на реализација на пеналите, па дури и на тренинзите често ги промашува. Тој ја зеде топката да шутира иако на теренот беа изведувачите на пенали Де Кетелаере и Ретеги. Воопшто не ми се допаѓа она што го направи Лукман“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејан Милосављев во Кјелце до 2030 година
Поранешниот голман на Вардар, европски првак со црвено-црните, Дејан Милосављев, од наредната сезона ќе брани во Полска. Репрезентативецот на Србија потпиша договор со Кјелце.
Популарниот Банда потпиша договор со екипата на Талант Дујшебаев до 2030 година, односно 3+1 години.
„Дејан Милосављев е еден од најдобрите голмани во Европа во последните години. Шест години беше член на Фуксе Берлин, со кого, меѓу другото, минатата сезона беше вицешампион на Лигата на шампионите, ја освои Лигата на Европа и Бундеслигата. Од 2014 година е постојан репрезентативец на Србија. Ќе настапи за својата земја за Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска во јануари. Минатата сезона беше втор според бројот на одбранети удари во Лигата на шампионите. Забележа 166 одбрани на 19 натпревари, што е процент на успешност од над 27%. Во тековната сезона во Бундеслигата, тој веќе имаше 120 одбрани во 15 натпревари“, презентираше полскиот вицешампион на Милосављев.
Дејан Милосављев е третото официјално засилување за Кјелце, за следната сезона, по десните бекови Лука Ловро Кларица од Загреб и Жулиен Бос од Нант.
Кјелце ќе биде петти клуб во кариерата на Милосављев по Југовиќ, Партизан, Вардар и Фуксе Берлин.
Спорт
Слот има добри вести: Собослaј е подготвен, се враќа Фримпонг
На прес конференцијата на Арне Слот пред гостувањето на Ливерпул кај Тотенхем имаше добри вести, но „Црвените“ одат во Лондон без седум играчи. Тотенхем и Ливерпул играат во 18:30 часот.
Иако имаше многу шпекулации, Арне Слот вели дека Доминик Собослај треба да биде подготвен за натпреварот во сабота. Добрата вест е дека повредата на Коди Гакпо не е толку сериозна како што првично се чинеше.
Конор Бредли, кој ја отслужи суспензијата против Брајтон, исто така ќе се врати во тимот, а ќе се врати и Џереми Фримпонг, кој отсуствуваше поради повреда од 22 октомври.
Заедно со добрите вести, има и некои не толку пријатни. Арне Слот не може да смета на Џо Гомез, Мохамед Салах не е тука, исто така и Ватару Ендо, Џовани Леони, Стефан Бајчетиќ, Џејден Фанс и Кајде Гордон.
Слот објасни дека ќе знае дали Собослај може да биде на теренот од самиот почеток, по денешниот тренинг, односно кога ќе разговара со медицинскиот персонал после тоа.
„Ако се чувствува добро, ако сè оди како што треба, тогаш ќе биде стартер“, рече Слот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Барселона сепак ќе го откупи договорот на Рашфорд
Макрус Рашфорд (28) ја оправдува довербата што клубот му ја покажа кога го донесе на позајмица минатото лето со неговите настапи во дресот на Барселона. Англискиот напаѓач досега постигна седум гола и девет асистенции во 23 официјални натпревари. Затоа, во спортскиот сектор, Барселона сè повеќе размислува за активирање на откупната клаузула, пишува „Мундо Депортиво“.
Рашфорд се покажа како исклучително важно решение за тренерот Ханси Флик, особено во периодот кога тимот беше без повредениот Рафиња речиси два месеци. Напаѓачот, на позајмица од Манчестер Јунајтед до 30 јуни следната година, ја искористи својата можност и играше на многу високо ниво.
Затоа, раководството на клубот во овој момент ја разгледува опцијата да ја активира откупната клаузула вредна 30 милиони евра и да го задржи Англичанецот во своите редови.
Она што особено се цени кај англискиот репрезентативец е неговата разноврсност. Рашфорд може да игра на лево и десно, но и како централен напаѓач, што му дава на Флик многу тактички опции, особено во случај на повреди на други играчи.
Неговиот придонес е видлив не само преку головите, туку и преку деветте асистенции кои сведочат за прецизноста на неговите додавања и центрирања, без разлика дали од игра, корнери или слободни удари.
Foto/ depositphotos

