Спорт
(Видео) Гатузо во клинч Јелечиќ: Ти си злобна личност

Тренерот на Хајдук Џенаро Гатузо влезе во конфликт со поранешниот фудбалер, кој сега работи како фудбалски аналитичар, Јошко Јеличиќ по поразот на неговиот тим од Риека.
Хајдук повеќе не е лидер во Хрватска, бидејќи во 26. коло од Првата хрватска лига, во дербито загуби од Риека со 3:0.
Риека сега има два бода повеќе од Хајдук и пет од Динамо Загреб.
Јошко Јеличиќ некултурно се однесувал однесувал кон гатузо, поради што Италијанецот не сакаше да се поздрави со него.
„Премногу зборуваш, немаш почит кон фудбалот. Знаеш, многу добро ја знаеш ситуацијата, секогаш зборуваш лошо за нас. Имам почит, но ти зборуваш лошо”, му рекол тренерот на Хајдук на Јеличиќ на англиски, а потоа дискусијата премина на италијански.
„Играте многу лошо“, рече Јеличиќ.
„Тоа е мојот стил“, рекол Гатузо, додека Јеличиќ побара почит од Италијанците.
„Не, не. Овде зборува за фудбалот“, полуде Гатузо, а потоа додаде:
„Ова е последен пат кога ќе зборувам кога си на телевизија! Ти си злобна личност, нема да зборувам повеќе додека си тука. Зборуваш како да си го освоил целиот свет”, извикал Гатузо.
„Дојден си од Италија, немој да ми мавташ со прстот“, рече Јеличиќ, а водителката се обиде да ја смири ситуацијата.
„Не зборувам против Хајдук, јас сум поголем навивач на Хајдук од него. Го почитувам како тренер на Хајдук, но мора да ги почитува и нашите гледачи“, изјави на крајот Јеличиќ.
Gattuso and Joško Jeličić with a heated exchange after full-time at Rujevica. 😬
🎥 Tportal (MaxSport) pic.twitter.com/uJXCOgQH2W
— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) March 16, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.
Спорт
Енигматична објава на Модриќ покажува каков мајстор е надвор од теренот

По ремито во Прага против Чешка (0:0), Хрватска е сè уште во одлична ситуација и се приближува до пласман на Светското првенство. На Хрватите им се потребни две победи во преостанатите три натпревари, а првиот треба да го добијат утре против слабиот Гибралтар.
Секако, на овој дуел не се очекува ништо друго освен победа на Хрватска, а капитенот Лука Модриќ тоа на некој начин го најави.
Фудбалерот од средниот ред на Милан верува дека тоа е можност да ги мотивира своите соиграчи, па објави интересна порака на социјалните мрежи.
„Еден чекор поблиску до нашата цел! Пред сè Хрватска!“, напиша Лука Модриќ, кој го одигра својот 191-ви натпревар против Чешка во дресот на Хрватска.
Иако има 40 години, Модриќ сè уште игра фантастично и сите уживаат во неговите настапи, а се чини дека е сè уште гладен за победи, мотивиран како на самиот почеток од кариерата, додека својата енергија им ја пренесува на своите соиграчи поради што Хрватска е на самиот врв на светските фудбалски сили.
о шоу.