Спорт
(ВИДЕО) Голем спортист, голем човек: Ѓоковиќ после победата посебно внимание посвети на девојка во количка

Новак Ѓоковиќ го победи Педро Качин со 3:0 во сетови (6:3, 6:3, 7:6) во првото коло на Вимблдон. Мечот беше накратко прекинат поради дожд и натопен централен терен, што не му се допадна на српскиот тенисер. По натпреварот Ѓоковиќ го изрази своето незадоволство и го прозва Вимблдон.
Сепак, пред да даде изјава, тој се дружеше со своите обожуватели, а фановите особено ги воодушеви неговиот гест кон девојка во инвалидска количка. Таа го следеше мечот од првиот ред и навиваше за Ѓоковиќ, а српскиот тенисер тоа го забележа во текот на мечот.
Веднаш по завршувањето на мечот, тој потпиша неколку автограми и отиде кај споменатата девојка. Ја прегрна, кратко разговараше со неа и направи селфи. Тој гест навивачите го поздравија со посебен аплауз.
Don’t think the cameras managed to capture this sweet moment, Novak Djokovic gifting a girl in a wheelchair (?) a signed cap after his first round win today 🥰👍 pic.twitter.com/5qat2BTa02
— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) July 3, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Халанд изедначи рекорд на Кристијано Роналдо

Фудбалерите на Манчестер Сити, во вторникот го победија Виљареал, на свој терен, а посебен детаљ во победата на англискиот клуб во новата рунда од Лигата на шампионите (0:2) е водечкиот гол на „граѓаните“, постигнат од Ерлинг Халанд.
Гол-машината од Норвешка застана рамо до рамо со еден Кристијано Роналдо.
Со голот постигнат во 17-та минута од дуелот со шпанскиот ривал, Норвежанецот го израмни рекордот за последователни натпревари во кои беше стрелец, со оглед на тоа што, како и голгетерот од Португалија, имаше дури 12. Исто така, собра ист број на голови, 21.
Серијата ја започна против Брајтон во Премиер лигата (1), а потоа продолжи во натпреварите со Финска (1), Молдавија (5), Манчестер Јунајтед (1), Наполи (1), Арсенал (1), Барнли (2), Монако (2), Брентфорд (1), Израел (3) и Евертон (2).
Спорт
Герасимовски: Го враќаме чаламот на Работнички со документарен филм и нова сала

Синоќа, во хотел „Холидеј Ин“ се одржа премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“, посветен на најголемите успеси на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб – „Работнички“.
На премиерата присуствуваа градоначалникот Горан Герасимовски, кошаркарски легенди, членови на тимот на „Работнички“ и претставници од спортските федерации.
Во своето излагање, градоначалникот Горан Герасимовски потенцираше дека филмот е потсетник на славните времиња на клубот, но и инспирација за враќање на неговиот препознатлив дух и гордост.
„Вечерва не се присеќаваме само спомени, туку го обновуваме чаламот што со децении го красеше „Работнички“. Оваа сала е полна со луѓе кои го создале и го поддржувале клубот, со легенди што го направиле голем, и со нова генерација што ќе го врати неговиот сјај во Центар,“ изјави Герасимовски.
Документарниот филм е во продукција на „Слобода филм“, а финансиски поддржан од Општина Центар.
Спорт
Интер и Милан заеднички влегуваат во проектот „НБА Европа“

Интер и Милан, лути соперници на фудбалскиот терен, решија да ги здружат силите за да создадат моќен кошаркарски клуб.
Според информации од Италија, фудбалските гиганти, односно нивните сопственици, сакаат да бидат дел од проектот „НБА Европа“, за кој се зборува сè погласно и кој се заканува да ја загрози Евролигата.
Парите би биле инвестирани во кошаркарскиот клуб Олимпија Милано, а инвестициските фондови, кои ги поседуваат Милан и Интер, „Ред Берд“ и „Оуктри“, се одлучиле за тој потег. Во сè би бил вклучен и Армани.
Целта е да се создаде франшиза, која би започнала на есен 2027 година во лигата „НБА Европа“, која секако би била водена од Соединетите Американски Држави.
Очигледно е дека најмоќната кошаркарска лига е во голема офанзива и дека најразвиените европски земји, односно нејзините клубови, сè повеќе размислуваат да влезат во овој проект, пред сè поради големата ветена финансиска добивка.