Спорт
(Видео) Хамилтон му одговори на Ферстапен: Непријателства секогаш ќе има
Луис Хамилтон, поранешен светски шампион, се одговори на обвинивања која дојдоа од актуениот шампион Макс Ферстапен.
Холанѓанецот тврдеше дека Хамилтон е виновен за инцидентот на патеката Хунгароринг, кога двајцата возачи се судрија.
Се се случи кога Ферстапен сакаше да го заобиколи Хамилтон во борбата за третата позиција во финишот на трката. Ферстапен на крајот заврши на петтото место, а Хамилтон остана трет зад победникот Оскар Пјастри и Ландо Норис.
„Тргнав да го поминам. Некаде на средината на таа зона на минување, кога веќе решив да поминам, тој одеднаш тргна надесно. Да не свртев малку, ќе имаше посилен контакт со него. Така, закочив природно, бидејќи тој продолжи да оди надесно“, рече Ферстапен.
Од Хамилтон беше побарано да го коментира инцидентот и наводите изнесени од Ферстапен.
„Поминувавме покрај група болиди кои ги минувавме за цел круг и влегов во добра зона, кога се појави Макс, па зазедов одбранбена позиција. Му оставив многу простор внатре, но Макс реши да заземе поинаква траекторија кон мене. Имав чувство дека тоа е стандарден тркачки инцидент, бидејќи во тие ситуации е лесно да се направи грешка, па чувствувам дека нема причина за некакво непријателство, иако од друга страна секогаш ќе има такви работи“, изјави Британецот.
Во генералниот поредок на шампионатот, Ферстапен е прв со 265 бодови, Ландо Норис е втор со 189, додека Хамилтон е шести со 125 бодови.
Complete footage of the incident between Max Verstappen and Lewis Hamilton!#F1 #Formula1 #HungarianGP pic.twitter.com/RX6M9O3P4H
— Extreme Cars (@extremecars__) July 21, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри
Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави во спустот на Зимските олимписки игри.
Таа падна во раната фаза од спустот, по што ѝ беше укажана помош на патеката, а се слушаше како легендарната Американка плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да реагира и хеликоптер, кој ја однесе во болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Вон неодамна доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа одлучи да настапи.
Оваа 41-годишна скијачка во кариерата освои три олимписки медали – злато во спуст во Ванкувер, како и бронза во супервелеслалом. Покрај тоа, има и бронза од Пјонгчанг 2018 година.
Вон неодамна имаше враќање на натпреварувањата по подолга пауза и веќе забележа неколку запажани резултати во тековната сезона.
Сепак, се чини дека крајот на кариерата ќе биде тажен.
Спорт
Спортистка му напиша на професорот зошто не ја предала задачата: „На Олимпијада сум“
Канадската спортиска во уметничко лизгање, Маделин Шизас, која настапува на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, побарала од професорот по социологија да ѝ го продолжи рокот за домашна задача – со „најдобрата можно изговор“: „На Олимпијада сум!“
На Инстаграм објави скриншот од мејлот што го пратила, со линк за доказ дека е дел од Олимписките игри, и коментар: „LOLLLL, обожавам да бидам студентка-спортист“.

„Професорот сè уште не ми одговори, ама сабота е“, изјавила таа за CBC. И додала: „Искрено, не мислев дека ова ќе стане вирално. Само ми беше смешно.“
Иако признава дека „имала цел ден слободен до 17 часот“, сепак не ја напишала задачата. „Се насобраа обврски“, вели таа.
Шизас има 22 години, студира на Универзитетот МекМастер, и веќе има искуство од Олимпијадата во Пекинг 2022, каде што заврши 18-та во индивидуалната конкуренција.
Спорт
Со титаниумско колено и срце на шампион: Линдзи Вон со последен настап во кариерата
Американската скијачка Линдзи Вон, една од најдобрите алпски скијачки на сите времиња, ќе настапи за последен пат во својата професионална кариера.
Линдзи, која има 41 година, претрпе тешка повреда на коленото непосредно пред почетокот на Зимските олимписки игри, но сепак ќе се појави на стартната линија во недела во 11:30 часот, за своeто последно спуштање.
На „Инстаграм“ таа објави емотивна порака и потврди дека ѝ доаѓа крајот на кариерата:
„Уште еден, последен спуст…
Самото доаѓање на овие Олимписки игри беше патување само по себе – патување во кое некои не веруваа од самиот почеток. Бев во пензија шест години и, благодарение на делумна замена на колено, добив уште една можност да се натпреварувам.
Но, зошто? Сите ми го поставуваат тоа прашање. А мислам дека одговорот е едноставен – затоа што го сакам алпското скијање.
Не се плашам од животот надвор од спортот. Не барам смисла, внимание или пари. Точно знам која сум и од што сум создадена. Јас сум производ на неверојатни родители кои ми покажаа дека трудот и упорноста се исплатат. Мајка ми, која сега бдее над мене, ме научи на силата на позитивното размислување и отпорноста. Татко ми, кој утре ќе биде на трибините со семејството и пријателите, ме научи на вредноста на работата и менталната сила.
Утре ќе стојам на стартната линија знаејќи дека сум силна. Знаејќи дека верувам во себе. Знаејќи дека шансите се против мене – поради годините, затоа што немам преден вкрстен лигамент и имам титаниумско колено – но знаејќи и дека сè уште верувам. А токму тогаш, кога шансите се најмали, обично извлекувам најдобро од себе.
Утре ќе ја возам својата последна олимписка спуст-трка и, иако не можам да ветам добар резултат, можам да ветам дека ќе дадам сè од себе. А без оглед на исходот – јас веќе победив.
Брановите љубов и поддршка што ги добив овие денови беа совладувачки – на најубав можен начин. Ми дадоа енергија и ми помогнаа повеќе од што можам да опишам. Ви благодарам.“ – напиша Линдзи Вон.

