Спорт
(Видео) Хаос на натпревар од Копа Либертадорес, две лица загинаа
Непосредно пред натпреварот од второто коло на Копа Либертадорес во кој играа Коло Коло и Форталеза загинаа две лица.
Сериозни инциденти се случија во Сантијаго, на стадионот „Монументал“, а неколкумина се повредени.
Група навивачи се обиделе да се пробијат до секторот „Кауполикан“, ја срушиле оградата, ситуацијата брзо ескалирала и настанало стампедо.
Полицајците употребиле солзавец, а очевидци и првичните извештаи укажуваат дека возилото прегазило две лица кои останале заробени под урнатата ограда.
Неофицијално, жртвите се 18-годишна девојка и 13-годишно момче.
Додека натпреварот беше во тек, вестите за смртта се проширија низ стадионот, а во 72. минута некои навивачи упаднаа на теренот и предизвикаа прекин на натпреварот при резултат 0:0.
"Conmebol"
Porque dos hinchas de Colo Colo fallecieron en la previa del partido ante Fortaleza, luego se suspendió y ahora están exigiendo a los clubes que terminen de jugar el partido. Ya ni humanidad tienen, son unas lacras hijas de re mil putas. pic.twitter.com/tYmlV4UA3n
— Tendencias en Deportes (@TendenciaDepor) April 11, 2025
PARTIDO SUSPENDIDO EN CHILE: HINCHAS DE COLO-COLO INGRESARON AL ESTADIO EN RECLAMO POR LA MUERTE DE DOS SIMPATIZANTES EN LOS ACCESOS AL ESTADIO MONUMENTAL, ANTES DEL DUELO ANTE FORTALEZA 🏆⚠️ pic.twitter.com/184rp6UNOq
— Out of Context Libertadores (@OC_Libertadores) April 11, 2025
El momento exacto en que los hinchas de Colo-Colo invadieron el estadio y los jugadores de Fortaleza debieron ingresar al vestuario del estadio Monumental de Chile 🏆⚠️
➜ El jugador del Cacique, Emiliano Amor, fue el primero en ir a resguardar a los futbolistas brasileños 👏 pic.twitter.com/z8WvclSjgc
— Out of Context Libertadores (@OC_Libertadores) April 11, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бентанкур ќе отсуствува три месеци
Фудбалерот на Тотенхем и репрезентативец на Уругвај, Родриго Бентанкур, ќе биде надвор од терените најмалку три месеци поради операција на тетивата, објави Би-Би-Си.
Британските медиуми потсетуваат дека играчот на Тотенхем се повреди на 7 јануари во натпреварот од 21-то коло од Премиер лигата против Борнмут (2:3).
Бентанкур (28) одигра 28 натпревари за Тотенхем во сите натпреварувања оваа сезона.
Тој е член на Тотенхем од јануари 2022 година, а пред тоа играше за Јувентус и Бока Јуниорс.
Тотенхем има проблеми со повредите на играчите, бидејќи Дејан Кулушевски, Џејмс Медисон и Мохамед Кудс се надвор од теренот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алонсо си заминал поради расправија со тројца клучни играчи
Чаби Алонсо, од вчера, не е тренер на Реал Мадрид. Во соопштение, Реал, објави дека клубот и тренерот спогодбено се разделиле. Чаби Алонсо отказот ќе го наплати со 15 милиони евра. Наспроти ова, британски „Атлетик“, пишува дека Алонсо заминал поради несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам.
Алонсо имаше успешен старт, со 17 победи во првите 20 натпревари, но резултатите, а со тоа и атмосферата во тимот се влошија во последните два месеци. Тројцата влијателни фудбалери имале проблем со тактичкиот пристап и стилот на лидерство на Алонско.
Се вели дека проблемите започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година.
И покрај победата, Алонсо имаше непријатна сцена со Винисиус откако го замени. Бразилскиот напаѓач беше незадоволен од промената и одби да се ракува со тренерот. Бидејќи клубот не презеде дисциплинска мерка против играчот, Алонсо наводно почувствувал дека ја губи контролата и дека нема поддршка од клупските челници.
Федерико Валверде и Џуд Белингам, исто така имале проблем со начнот на кој Алонсо го води тимот и со неговите татктички замисли.
Белингам, по одличната прва сезона во 2023/24 и значајните улоги минатата сезона, никако не може да се врати во вистинската форма оваа сезона. Кај Алонсо, Англичанецот немаше гарантирано место во тимот, статус што го имаше кај Карло Анчелоти.
Валверде, од друга страна, поради неговата разноврсност, често играше на различни позиции, што го оддалечи од неговата претпочитана улога во средниот ред. И тој често на тренинзите влегувал во расправии со Алонсо, поради неговите тактички замисли.
Спорт
Евролигата сака да ја тужи НБА
Челниците на Евролигата ќе ја тужат НБА, објавува „Јурохупс“.
Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку има дискусија за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години.
Според извори на „Јурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои моментално имаат А лиценца се известени.
Овој потег уште еднаш потврдува дека Евролигата и НБА се во битка за европскиот пазар, времето ќе покаже дали ќе се случи нешто драматично во наредните месеци.
Одржан е состанок на акционерите на Евролигата, каде што на Реал Мадрид, Барселона и Асвел им беше наредено да донесат одлука за својата иднина, а се верува дека Фенербахче е исто така во таа група тимови кои не потпишаа нови лиценци.
Рокот што го поставија акционерите на Евролигата за целосна посветеност на натпреварувањето истекува во петок, па одговорите би можеле да дојдат во следните денови.
Сепак, треба да се напомене дека, законски, според важечките договори, клубовите можат да потпишуваат нови лиценци до 30 јуни 2026 година.
Се верува дека Барселона и Фенербахче ќе потпишат порано или подоцна, додека Реал Мадрид останува енигма, додека деновите на Асвел во Евролигата се избројани.

