Спорт
(Видео) Хаос во Јужна Америка: Крвава пресметка на хулигани – дете претепано со шипка, има и мртви?
Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универсидад де Чиле.
Станува збор за реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана, кој не беше завршен поради дивеењето на навивачите на трибините. Прекинот се случи во текот на второто полувреме кога ситуацијата ескалираше.
Сè започна во текот на првото полувреме кога гостинските навивачи, кои беа сместени во горниот дел од трибината над домашната екипа, фрлаа столчиња, експлозивни направи, камења… според сведоштвата на навивачите на Индепендиенте.
🔴 AHORA | Se tomó la determinación de abrir el portón para que la gente de #Independiente que estaba en la Pavoni Baja pase a la Bochini Baja. Es un papelón. Lo de @CONMEBOL es una vergüenza. pic.twitter.com/LsuKfAzwTX
— Juan Ignacio Egido (@JuanchiEgido) August 21, 2025
Водителот ги повика Чилеанците да го прекинат тоа, додека домашната екипа ги напушти своите места, некои од нив крвави. Потоа следеше реакција на „Бара брава“, навивачка група на Индепендиенте позната по своето насилно однесување. Тие преминаа од другата страна на стадионот и влегоа на трибината каде што беа стационирани Чилеанците. Следеше насилство кое траеше неколку минути.
SUSPENSIÓN YA PARA ESA CANCHA DE MIERDA PREFABRICADA DE #INDEPENDIENTE Y PROHIBICIÓN PARA PARTICIPAR POR COMPETENCIAS INTERNACIONALES POR 10 AÑOS.
UN DÍA SE TIENE QUE TERMINAR LA JODA. pic.twitter.com/kNgNagFHOs
— #ElMasGrandeLejos 👑 (@MasGrandeRP) August 21, 2025
Гостинските навивачи, кои ја обвинуваат другата страна за инцидентот откако украдоа едно од нивните знамиња, беа евакуирани предоцна. На горното ниво избувна масовна тепачка, пожари избувнаа на неколку места, додека автобусот на тимот на Универзидад беше уништен.
Аргентинските хулигани не одбраа со кого ќе си играат, па на видеата и фотографиите може да се види како еден од нив удира дете со стап.
El mismo tipo con camiseta de Independiente, paño rojo en la cabeza y barra de metal en la mano, esta involucrado en al menos dos graves agresiones segun estos registros. #UdeChile #Mataron #CopaSudamericana pic.twitter.com/N5IoVw0LLF
— el trueno (@eltrueno) August 21, 2025
Иако официјалните лица во среда вечерта објавија дека нема мртви, според неофицијални извори, тројца од нив ги загубија животите. Повредените се пребројани, додека повеќе од 300 лица се уапсени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

