Спорт
(Видео) Хет-трик на Демировиќ за Штутгарт, Дортмунд убедливо победи во Фрајбург
Фаворитите забелажаа победи во 28.коло во Бундес лигата. Славеа Штутгарт, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Лајпциг.
Штутгарт ја прекина серијата лоши резултати во Бундеслигата со убедлив триумф од 4:0 над Бохум.
Јунак на победата беше Ермедин Демировиќ, кој постигна три гола и стигна до првиот хет-трик во Бундеслигата.
Репрезентативецот на БиХ е во одлична форма и на последните четири натпревари постигна пет гола. Штутгарт претходно одигра шест натпревари во низа без победа, претрпувајќи четири порази.
Сепак, ова беше многу успешна недела за нив, бидејќи претходно обезбедија финале во Купот на Германија, го елиминираа Лајпциг со 3:1.
Актуелниот првак Баер се мачеше на гостувањето во Хајденхајм. „Фармацевтите“ минимално славеа со голот на Емилијано Буендија во 91.минута.
Борусија Дортмунд исто како и Штутгарт беше убедлива на гостувањето кај Фрајбург 4:1.
Головите ги постигнаа Адејеми, Чуквуемека, Гираси и Гитенс.
Лајпциг по пресврт беше подобар од Хофенхајм со 3:1. Првиот гол го постигна Бенјамин Шешко, а покрај него погодија Баку и Поулсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гундоган го убедува Силва да се пресели во Галатасарај
Галатасарај, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во Истанбул, Бернардо Силва (31).
Догороворт на Португалецот со Манчестер Сити истекува во јули, а познато е дека клубот нема да му понуди нов. Ова значи дека Бернардо веќе може да преговара со заинтересираните клубви.
Галатасарај, преку Илкај Гундоган (35), стапил во контакт со Португалецот.
Улогата на Илкај Гундоган е важна, бидејќи тој е еден од најдобрите пријатели на Силва и негов поранешен соиграч во Сити.
Гундоган разговарал со Силва и му го претставил турскиот клуб во многу добро светло, открива инсајдерот Николо Скира.
Бернардо Силва е легенда на Сити, со кого освои 18 трофеи од 2017 година.
Спорт
Арсенал го подготвува најголемиот трансфер во историјата на клубот?
Арсенал, отворил преговори со Пари Сен Жермен во врска со францускиот репрезентативец Бредли Баркола, тврди шпански „Фихајес“. 23-годишникот се бори за место во тимот оваа сезона, бидејќи тренерот Луис Енрике го фаворизира напаѓачко трио Усман Дембеле, Дезире Дуе и Хвича Кваратцкелиа.
Незадоволството на фудбалерот, дека најчесто натпреварите ги започнува како резерва, ги поттикна гласините дека Баркола би можел да го напушти клубот оваа година.
Лондонските „топџии“ наводно се подготвени да застанат во редот за неговиот потпис, а менаџерот Микел Артета го гледа како решение за напаѓачката линија на својот тим.
Баркола, кој е опишан како „суперѕвезда“, се смета за еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот, а неговата ситуација во Париз го привлече вниманието на бројни европски гиганти. Иако ПСЖ му понуди нов договор, се верува дека играчот е подготвен за нов предизвик за да игра поредовно и да го реализира својот целосен потенцијал.
Ова го натера Арсенал да го контактира францускиот клуб и да ја истражи можноста за трансфер што би можел да го сруши клупскиот рекорд. Парижаните наводно планираат да го освежат својот напад во текот на летото, и иако официјалниот став на клубот е дека Баркола не е на продажба, се верува дека дарежливата понуда, заедно со јасно изразената желба на играчот да си замине, би можела да го промени нивното мислење.
Арсенал моментално ги има Леандро Тросард, Букаја Сака, Нони Мадуеке, Габриел Мартинели и Еберечи Езе на крилата. Сепак, иднината на Мартинели во клубот е под знак прашалник, бидејќи Мадуеке и Сака ја претпочитаат десната страна, додека Езе е најкорисен кога игра во средниот ред.
Иако Артета има еден од најсилните тимови во светот, позицијата лево крило е сè уште област каде што тој сака дополнителен квалитет. Доаѓањето на Баркола би донело би создало совршена рамнотежа со брилијантниот Сака на десното крило. Таквиот напаѓачки арсенал би го направил клубот од северен Лондон сериозен кандидат во сите натпреварувања, вклучително и Лигата на шампионите.
Рекордниот трансфер Арсенал досега е Деклан Рајс, за кого на Вест Хем му беа платени 116 милиони евра, а се верува дека Баркола би можел да ја надмине таа сума.
Спорт
(Видео) Тим од шестата дивизија ги елиминираше шампионите на ФА Купот
Шестолигашот Маклсфилд, кој минатата сезона играше во седмиот ранг на англискиот фудбалски систем, го победи актуелниот освојувач на трофејот, Kристал Палас со 2:1 и го приреди најголемото изненадување во историјата на ФА Купот.
Стрелците на головите Пол Досон и Исак Бакли беа хероите на домашниот тим.
Шпанецот Јереми Пино постигна утешен гол за гостите во 90-та минута од слободен удар. Премногу доцна за да се избегне срамот.
Триумфот на Маклсфилд добива дополнително значење кога ќе се земе предвид дека овој клуб банкротираше пред пет години.
Имено, откако Маклсфилд Таун влезе во стечак поради долгови во 2020 година, се реформираше и повторно почна да се натпреварува како ФК Маклсфилд.
Клубот започна од најниското ниво на натпреварувањето, од деветтата лига. Тие сега се во шестата дивизија и штотуку го елиминираа шампионот на ФА Купот, Кристал Палас, во третото коло.
Дефинитивно најголемото изненадување во историјата на ФА Купот.

