Спорт
(Видео) Хиндли нов лидер на ТдФ по тешката етапа на Пиринеите

Австралиецот Џеј Хиндли победи на петтата етапа на Тур де Франс, првиот планински тест на Кол де Мари-Блан на Пиринеите, за да ја преземе лидерската жолта маичка, додека актуелниот шампион Јонас Вингегард ја доби првата тактичка битка со најголемиот ривал, Тадеј Погачар.
27-годишниот Хиндли, кој е шампион од Џиро Д’Италија во 2022 година, ги остави ривалите зад него на планинската етапа и заврши со 32 секунди пред Италијанецот Џулио Чиконе и Австриецот Феликс Гал. Вингегард заврши како петти со 34 секунди заотанување, но сега има 53 секунди предност пред Погачар.
Погачар, лидерот на тимот на УАЕ, и шампион од 2020 и 2021 година, беше изолиран од тимот на Џамбо, а досегашниот лидер и негов клупски колега, Адам Јејтс, не успеа да му помогне.
💪 A solo win for Jai Hindley + the Yellow Jersey! Relive last kilometer of Stage 5 👀
💛 Une victoire en costaud pour Jai Hindley qui en profite pour revêtir le Maillot Jaune ! Revivez le dernier kilomètre de l'étape 5 📹#TDF2023 pic.twitter.com/1EhWYASzup
— Tour de France™ (@LeTour) July 5, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Нејмар во Интер? Глупости!“

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос.
Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот.
Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се пишуваше дека повторно ќе биде понуден на клубови од Серија А.
Сепак, тоа нема да биде Интер од Милано, бидејќи спортскиот директор на овој клуб, Пјеро Аусилио, ги негираше тврдењата на медиумите.
„Нејмар во Интер? Тоа се глупости! Никогаш не сме разговарале за тоа, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но напредокот на Пио Еспозито и Бони ни овозможи да видиме напредок. Исто така, го следевме Хојлунд“, рече Аусилио во интервју за „Кориере дело Спорт“.
Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.