Спорт
(Видео) Илјадници навивачи го пречекаа Ракитиќ
Иван Ракитиќ (36) пристигна во Хајдук, ги заврши сите формалности, а од навивачите доби незаборавен пречек.
Ракитиќ пристигна во Сплит во неделата, претходно клубот објави дека договорот е потпишан, а делириум кај толпата навивачи настана кога Ракитиќ се појави на терасата на управата на клубот со шалот „гордоста на Далмација“.
Иван Ракитиќ (36) пристигна во Хајдук, ги заврши сите формалности, а од навивачите доби незаборавен пречек.
Ракитиќ пристигна во Сплит во неделата, претходно клубот објави дека договорот е потпишан, а делириум кај толпата навивачи настана кога Ракитиќ се појави на терасата на управата на клубот со шалот „гордоста на Далмација“.
Ivan Rakitić 11 🔴🔵 pic.twitter.com/bAEwyG2Jo1
— Luce (@D10SNJR1011) July 21, 2024
„Благодарам на сите, на навивачите, на мојата сопруга што ме поддржа. Пред три месеци, ако некој ми кажеше дека ова ќе се случи, само ќе се насмеев. Но добив можност да го вратам она што ми го даде Хрватска, во најубавиот коцкест дрес и преку ХНЛ во единствениот клуб каде што тоа беше можно. Најдобрите пријатели ги имам во Сплит. Сплти е мојот дом во Хрватска“, беа првите впечатоци на Ракитиќ по пристигнувањето во Сплит.
Хајдук се подготвува да стави крај на долгогодишната доминација на Динамо во хрватскиот фудбал. Дојде Ракитиќ, Гатузо го презеде тимот, Калиниќ диригира од позицијата спортски директор, Ливаја е „гладен за голови“.
Čeka se Ivan Rakitić na Poljud
— KULIŠ10 (@KULA1087) July 21, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Аморим ќе го наследи Мурињо во Бенфика
Рубен Аморим е првиот кандидат да го замени Жозе Мурињо на клупата на Бенфика, пишуваат португалските медиуми.
Поранешниот играч на великанот од Лисабон моментално е надвор од терените откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед оваа сезона.
Се очекува двете страни брзо да постигнат договор. Аморим играше за Бенфика од 2008 до 2017 година.
Интересно е што Аморим забележа брилијантни резултати како тренер на градскиот ривал Спортинг. Во периодот од 2020 до 2025 година, тој освои две титули во португалското првенство.
Сепак, Аморим не се прослави во Премиер лигата и по малку повеќе од една година, беше отпуштен од клупата на Јунајтед.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Силекс и Шкендија утре ќе се борат за трофејот во Купот
Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде последниот трофеј сезонава и место на европската сцена.
За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција. Тренерот Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија.
„За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во мала предност поради европските натпревари што ги има одиграно. Но, ќе се обидеме да ги искористиме сите слабости што ќе ни се понудат. Која би била предноста на Силекс? Според мене, тоа е што Шкендија има одиграно 54 мечеви сезонава. Посакувам добро финале и нека победи подобриот“, изјави Васоски.
Во таборот на Шкендија владее оптимизам пред финалето, а тренерот Јетон Беќири потенцира дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивирано во борбата за трофејот.
„Мислам дека Шкендија по 8 години е во финале на Купот и нормално ќе влеземе максимално во овој меч и како екипа која сака да се надигрува. Имаме почит кон Силекс кои последниве две години играат одлично. Лани до последно коло се бореа со нас за титулата. Нијанси ќе одлучуваат. Можеби имаме мала предност од нашето европско искуство, но во еден меч тоа ништо не значи бидејќи секогаш во овие мечеви одлучува еден момент. Ние ќе дадеме се од себе да победиме утре. Пред се сакам фер натпревар и да има коректно судење, па кој ќе е посреќен нека се радува на крај“, рече Беќири.
Капитенот на Шкендија, Арбин Зејнулаи, истакна дека клубот секогаш има највисоки амбиции.
„Шкендија секогаш пред почетокот на сезоната игра за титули дома и добар настап во Европа. Ова е многу важен меч за нас и ако го дадеме максимумот, мислам дека на крајот ќе стигнеме до трофејот“, изјави Зејнулаи.
Дарко Анѓелески, капитенот на Силекс вели дека ќе гледаме одлично финале, предводникот на кратовчани верува во квалитетите на тимот.
„Ова е најважниот натпревар за нас сезонава и подготвени сме да го дадеме максимумот за да го освоиме трофејот. Знаеме дека не очекува тежок противник, но веруваме во нашите квалитети и во тимскиот дух. Се надевам на добро финале, фер игра и радост за нашите навивачи на крајот“, изјави капитенот на Силекс, Дарко Анѓелески.
Шкендија на утрешниот натпревар ќе биде без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, кој поради повреда нема да настапи во финалето и за него сезоната е завршена.
Izvor i Foto/ FFM.MK
Спорт
Конте го напушта Наполи
Антонио Конте ќе го напушти Наполи по две години, во кои му ја донесе на клубот четвртата титула во италијанското првенство во историјата, пишува „Скај Италија“. Се очекува клубот официјално да го потврди збогувањето со тренерот на последниот домашен натпревар од сезоната на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Информацијата дека Конте заминува, иако има важечки договор до летото 2027 година, доби големо внимание во јавноста. Според медиумите, италијанскиот стручњак се откажал и од платата од седум милиони евра годишно, која му следуваше според договорот. Ваквиот потег дополнително нагласува дека одлуката за разделба е конечна.
За време на неговиот мандат, Конте целосно го промени менталитетот на тимот и повторно создаде тим способен да се бори за најголемите трофеи. Освојувањето на Скудетото имаше посебно значење бидејќи го врати клубот на врвот во Серија А по многу турбулентен период и големи промени во соблекувалната.
Под водство на Конте, Наполи играше агресивен, интензивен и тактички многу дисциплиниран фудбал, а навивачите брзо го прифатија како еден од клучните луѓе на новата успешна ера.
Foto/ Depositphotos
