Спорт
(Видео) Интер или Барселона, само еден тим може да оди во финалето
Вечерва во Милано ќе го добиеме првиот патник за финалето на Лигата на шампионите, кое ќе се игра во Минхен на 31 мај.
Сè укажува дека нè очекуваат најмалку 90 минути апсолутен спектакл помеѓу фудбалските титани, Интер и Барселона.
Пред сè, поради спектакуларниот прв натпревар во Каталонија, каде што сè „виеше“ од првата минута, а резултатот по 90 минути беше 3:3.
„Нероаѕурите“ имаат предност на домашен терен, меѓутоа, Каталонците играат одличен фудбал оваа сезона под водство на Ханс Флик и нема сомнение дека ќе бидат под помал притисок од Миланезите.
Исто така, атмосферата во „Блауграната“ е многу подобра поради неодамнешните резултати, бидејќи Барса неодамна го освои Купот на кралот со победа над вечниот ривал Реал, пред кого имаат четири поени повеќе од „кралскиот клуб“.
Од друга страна, Интер беше во игра за сите три трофеи до пред десет дена, но сега ситуацијата е поинаква. Интер испадна од Купот на Италија и по поразот од Рома ја загуби и лидерската позиција во Серија А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Брујне на пауза до крајот на годината?
Победата на Наполи над Интер од 31:, во саботата во дербито на Серија А беше засенета од новата повреда на Кевин де Брујне.
Белгиецот го постигна првиот гол од пенал и ведбаш се фати за мускулот. Побара замена и со помош на медицинскиот тим го напушти теренот. Во вториот дел се врати кај соиграчите на клупата за резерви, се движеше со помош на патерици.
Според италијанските медиуми, во клубот постои страв дека може да станува збор за сериозен проблем со мускулот.
Иако Де Брујне изгледаше смирен по натпреварот, медицинскиот тим на Наполи не сака да ризикува со оглед на неговата неодамнешна историја на повреди.
Се очекува белгискиот играч од средниот ред да помине детални медицински прегледи кои ќе ја утврдат сериозноста на повредата, а прелиминарните проценки покажуваат дека може да станува збор за повреда од висок степен, која би го оставила надвор од игра неколку недели, па дури и подолго, бидејќи се зборува за пауза до крајот на календарската 2025 година.
Евентуалното отсуство на Де Брујне би било голем удар за тимот на Конте, кој го врати моментумот во трката за Скудетото во последните неколку кола.
Спорт
Јувентус го отпушти Игор Тудор
Италијанскиот гигант Јувентус одлучи да му се заблагодари на Игор Тудор за соработката по серијата лоши резултати што кулминираа со пораз од Лацио во Серија А, пишуваат италијанските медиуми.
Веста за неговата замена ја потврди „Скај Спорт Италија“, со кратко и јасно соопштение на платформата „X“:
„ Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус“.
Поразот против Лацио беше трет по ред во домашното првенство, а Јувентус е без победа осум натпревари по ред, на последните четири тимот не постигна ниту еден гол.
Последниот триумф на тимот од Торино беше на 13 септември против Интер. Оттогаш, тие освоија само пет од можни 24 бода во Серија А и Лигата на шампионите, далеку под традиционалните стандарди на клубот.
Тудор го предводеше Јувентус од 23 март оваа година. Забележа десет победи, осум нерешени и шест порази.
Како привремено решение, „Старата дама“ го назначи Масимо Брамбиле, кој ќе го предводи тимот против Удинезе.
Спорт
Прогноза на Суперкомпјутерот: Реал ќе ја освои титулата во Шпанија
Ден по победата на Реал над Барселона (2:1), во „Ел Класико“, Суперкомпјутерот пресмета дека „кралскиот клуб“ ќе ја освои титулата во Шпанија оваа сезона.
Пред натпреварот со Барселона, шансите беа еднакви, пишуваат денес шпанските медиуми, но по триумфот, рапидно пораснаа шансите на Реал.
„АС“ пишува дека според Суперкомпјутерот, Реал Мадрид на крајот ќе ја освои титулата со 87 поени, седум повеќе од Барселона. На третото место ќе биде Атлетико Мадрид.
Според оваа проекција од лигата ќе испаднат Овиедо, Леванте и Џирона, клубот што играше во Лигата на шампионите минатата сезона.

