Спорт
(Видео) Интер ја победи Рома – Лаутаро го реши дербито на „Олимпико“

Фудбалерите на Интер ја совладаа Рома на „Олимпико“ со 1:0 (0:0) во претпоследниот натпревар од 8. коло на италијанската Серија А.
Интер повторно одигра колку што треба и забележа уште една шампионска победа.
Рома, не успеа офанзивно да му одговори на актуелниот шампион на Италија, кој го реши мечот по еден час игра.
Победникот го реши Лаутаро Мартинез, кој со малку среќа го погоди голот на Рома. Римјаните потоа немаа одговор, а од поубедлив пораз ги спаси голманот Миле кој успеа да одбрани две добри шанси во кои се најде Дензел Дамфрис.
Интер е повторно втор на табелата, со 17 бодови, два помалку од лидерот Наполи и еден повеќе од Јувентус.
Рома остана на 10. позиција со исто толку освоени бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико последен пат му даде пет гола на Реал пред цели 75 години

Атлетико Мадрид го декласира Реал Мадрид со 5-2 во градското дерби од седмото коло на Ла Лига, постигнувајќи пет гола против ривалот за првпат по речиси 75 години. Ова е едвај четврти пат во историјата „душекчиите“ да постигнат најмалку пет погодоци против „кралевите“.
Последното слично достигнување се случи во ноември 1950 година, кога Атлетико славеше со 6-3.
Овој пораз е прв за Реал Мадрид сезонава под водство на Чаби Алонсо, откако тимот претходно имаше серија од шест победи по ред во шампионатот и триумф во првиот дуел од групната фаза на Лигата на шампионите.
За Реал, поразот има и друга негативна страна – последен пат примиле пет гола во натпревар од шампионатот во октомври 2018 година, кога беа поразени со 1-5 од Барселона.
Спорт
Велкоски: Работнички размислува само за победа пред дуелот со Брера

Работнички се наоѓа на незавидна позиција на табелата, на претпоследното место, и нема многу избор, едноставно мора да победува и да собира бодови за да побегне што е можно побрзо кон средишниот дел. Затоа, дуелот против АП Брера е многу значаен, а избраниците на тренерот Алпарслан Ердем гледаат шанса да се вратат на победите.
Работнички не одигра слабо против Вардар и против Шкендија, но ги загуби двата меча. Според дефанзивецот Виктор Велкоски, редно време е за победа и три бода.
„Работиме напорно, ги анализираме натпреварите и знаеме дека и покрај тоа што бевме поразени од Вардар и од Шкендија, се забележува напредок во играта. Веруваме и очекуваме дека тоа ќе даде ефект на дуелот против Струмичани, дека ќе победиме и ќе освоиме три бода. Во никој случај не го потценуваме младиот тим на Брера, но едноставно наш императив се бодовите на овој меч“, изјави Виктор Велкоски.
Натпреварот меѓу Работнички и АП Брера се игра од 15:00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Спорт
Витиња е подготвен за трансфер во Реал, но ПСЖ бара 100 милиони евра

Реал Мадрид е клуб со големи амбиции и секогаш размислува за нов нареден трансфер. Иако зимскиот трансфер прозорец е сè уште далеку, веќе почнаа шпекулациите за трансфери кои би можеле да се случат на „Бернабеу“ во наредниот преоден рок.
Шпанските медиуми објавија вистинска „бомба“ поврзана со ѕвездата на ПСЖ, Витиња.
Португалецот е многу заинтересиран да го замени Париз со Мадрид, односно да прејде од ПСЖ во Реал. Но, пречка за овој трансфер може да биде сумата што ПСЖ ја бара за услугите на 25-годишниот играч.
Од ПСЖ порачаа дека би го пуштиле Витиња, но не за сума помала од 100 милиони евра.
Витиња стана член на ПСЖ во 2022 година, кога дојде од редовите на Вулверхемптон. Минатата сезона Португалецот блескаше со феноменални настапи и го освои третото место на листата за добитник на годинашното издание на „Златната топка“.