Спорт
(Видео) Интер со пресврт ја победи Рома на „Олимпико“

Фудбалерите на Интер ја победија Рома со 4:2 (1:2) по пресврт во 24. коло од италијанската Серија А.
Интер со победата на „Олимпико“ направи голем чекор кон освојувањето на скудетото. Рома го пртрпе првиот пораз под водство на Даниеле Де Роси.
Гостите од Милано веќе поведоа во 17. минута со голот на поранешниот играч на Лацио Франческо Ачерби.
Во 28. минута Рома стигна до израмнување, кога Манчини ја смести топката во мрежата, а до крајот на првото полувреме домашните успеаја да направет пресврт. Во 44. минута стрелец беше Ел Шарави.
Само пет минути во вториот дел Тирам израмни на 2:2, а во 56. минута Анхелињо си постигна автогол за нова предност на екипата од Милано.
Конечниот резултат го постави Бастони во третата минута од судиското надополнување.
Интер сега има 60 бодови, седум повеќе од Јувентус и 11 од Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул ја активира клаузулата во договорот на Фримпонг

Џереми Фримпонг ќе биде првото засилување на Ливерпул за сезоната 2025/26.
Оваа вест ја потврди еден од најдоверливите извори, блиски до она што се случува на „Енфилд“, Пол Џојс.
Тој го потврди она што се шпекулираше со денови, дека Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула од 35 милиони евра и дека Фримпонг автоматски ќе го напушти Баер Леверкузен.
Арне Слот сигурно ќе има причина да биде среќен, а блиски извори пишуваат дека тој особено го сакал Фримпонг бидејќи може да ја покрие целата десна страна од теренот, а доколку е потребно и да го замени Мохамед Салах, бидејќи има исклучително силни офанзивни карактеристики.
Фримпонг, кој започна во младинската академија на Манчестер сити и играше за Селтик, ќе ја преземе позицијата десен бек од 26-годишниот Александер-Арнолд.
Оваа сезона, тој одигра 53 натпревари за клубот и репрезентацијата и беше еден од клучните играчи во кампањата на Леверкузен за првата титула во Бундеслигата во историјата на клубот.
Селтик, неговиот поранешен клуб, ќе добие одреден процент од обештетувањето, според некои информации наведуваат дека е договорен процент од дури 30% кога Фримпонг од Селтик во 2021 година се пресели во Леверкузен.
Спорт
Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби своите ривали на претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Македонија ќе се натпреварува во Б-групата заедно со Данска, Португалија и Романија. Натпреварите во оваа група ќе се играат во Хернинг.
Европското првенство ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2026.
ЕП 2026:
Група А: Германија, Шпанија, Австрија, Србија
Група Б: Данска, Португалија, Македонија, Романија
Група Ц: Франција, Норвешка, Чешка, Украина
Група Д: Словенија, Фарски Острови, Црна Гора и Швајцарија
Група Е: Шведска, Хрватска, Холандија, Грузија
Група Ф: Унгарија, Исланд, Полска, Италија
Спорт
Халанд: Ужасна и здодевна сезона

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, смета дека тековната сезона не е задоволителна за тој клуб.
Сити ќе се обиде да освои барем еден трофеј, оној во ФА Купот, во сабота во 17:30 часот ќе игра во финалето против Кристал Палас.
„Оваа сезона беше тешка. Не е убаво да се изгубат толку многу натпревари. Досадно е, не е забавно. Затоа мора добро да ја завршиме сезоната и да освоиме трофеј. Добра навика е да се стигне до „Вембли“, секогаш е важно да се освојуваат трофеи. Во една ужасна сезона ќе играме во финалето на ФА Купот“, изјави Халанд за Би-Би-Си и додаде:
„Кога ќе освоите четири титули по ред, а не ја освоите петтата, тоа значи дека сезоната не била успешна. Тоа е стандардот што го поставивме. Не се снајдовме добро во лигата, но сепак се надеваме дека ќе се квалификуваме за Лигата на шампионите.“
Халанд се приклучи на Сити од Дортмунд во јуни 2022 година за 51,2 милиони фунти, а неговите голови им помогнаа да освојат две титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Европскиот Суперкуп.