Спорт
(Видео) Јанис доминираше против Лејкерси, домашен дебакл на Денвер, Оклахома надополни негатива од 21 поен
Јанис Адетокумбо ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата, во која треба да се истакнат дебаклот на Денвер на домашен терен и пресвртот на Оклахома против Мемфис.
Милвоки Бакс во Лос Анџелес ги победија Лејкерси со 105:101. Јанис Адетокумбо му овозможи на својот тим да победи откако во 39 секунди имаше неколку клучни реакции.
Гркот на 39 секунди до крајот, при нерешен резултат, му удри „банана“ на Леброн Џејмс, а откако Портер погоди две слободни, во следниот напад Јанис му ја украде топка, повторно на Леброн. Потоа Дончиќ беше исклучен, а Порттер од линијата за слободни ја потврди победата на Милвоки.
Адетокумбо го заврши натпреварот како апсолутен лидер на Бакс со 21 поен, шест скока, пет асистенции, две украдени топки и две блокади за 31 минута на паркетот. Тој имаше одлична поддршка во Портер, кој постигна 22 поени и имаше шест асистенции.
Од другата страна, Лејкерси имаа мотивирани поединци, но не доволно сила за пресврт. Лука Дончиќ беше блиску до трипл-дабл со 24 поени, девет скока и девет асистенции. Истото го стори и Леброн Џејмс – тој постигна 26 поени, девет скока и десет асистенции.
GIANNIS FORCES THE TURNOVER TO WIN IT FOR THE BUCKS 💪
MILWAUKEE WINS IN LA! pic.twitter.com/AzklbPo5mV
— NBA (@NBA) January 10, 2026
Кошаркарите на Оклахома славеа во Мемфис со 117:116, откако во еден момент имаа минус од 21 поен. Тандер беа фуриозни во последните три минути. Двата тима играа без неколку важни играчи/ Оклахома беше без најдобриот Гилџес-Александер, а Мемфис беа Морент.
Оклахома до победата ја предводеа Џејлен Вилијамс (26), Аџај Мичел (23), Кенрич Вилијамс (21), Арон Вигинс (16) и Лугенц Дорт (13).
Од другата страна, најдобри во тимот на Мемфис беа Џерен Џексон Џуниор (23), Грегори Џексон (18) и Санти Алдама (15).
Денвер без Никола Јокиќ, но и без неколку други кошаркари, доживеа тежок пораз на домашен терен од Атланта (87:110).
Фуриозната последна четвртина која Атланта ја добија со 36:12 го реши победникот.
Атланта ја предводеше Џејлен Џонсон со 29 поени, девет скока и шест асистенции, го следеа Никил Александар-Вокер со 22 поени, осум скока и три асистенции, Дајсон Даниелс имаше трипл-дабл со 17 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Пејтон Вотсон се истакна за Денвер со 25 поени, 11 скока и четири асистенции, додека Арон Гордон имаше 14 поени, девет скока и пет асистенции.
Резултати:
Бостон – Торонто 125:117
/Браун 27 – Берет, Волтер 19/
Орландо – Филаделфија 91:103
/Бејн 23 – Макси 29/
Вашингтон – Њу Орлеанс 107:128
/Џорџ, Вукчевиќ 15 – Марфи 35/
Бруклин – ЛА Клиперс 105:121
/Демин 19 – Харден 31/
Финикс – Њујорк 112:107
/Букер 31 – Бренсон 27/
Голден Стејт – Сакраменто 137:103
/ Кари 27 – ДеРозан 24/
Портланд – Хјустон 111:105
/Камара 25 – Дурант 30/
Foto/ freerangestock
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Атлетико против Еспањол ја прекина лошата низа во првенството
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Еспањол со 4:2 во натпреварот од 25-то коло на Ла Лига. „Јорганџиите“, вечерва ја прекинаа лошата низа од три натпревари без триумф и без постигнат гол во Примера. Исто така, Атлетико прв пат по 2022 година успеа да го победи Еспањол.
Гостите од Каталонија поведоа во пестата минута преку Жофре, но беа надиграни и поразени од фаворизираниот тим на Диего Симеоне. Атлетико по голот на Еспањол ја презеде иницијативата, силно притисна и изедначи преку Серлот во 21-та минута.
Пресвртот, Атлетико го комплетираше во 49-та минута со голот на Џулијано Симеоне. Девет минути подцна, Адемола Лукман, на асистенција на поранешниот соиграч од Аталанта, Руџери го постигна третиот гол.
Александар Серлот, им ја одзеде надежта на гостите дека можат да избегнат пораз со втроиот гол во 72-рата минута.
Норвежанецот можеше да постигне хет-трик, но во акција која „мирисаше“ на уште еден негов гол, ја погоди стативата.
До крајот на мечот, Еспањол, преку Еду Еспозито постигна уште еден гол.
Атлетико се трети на табелата, заедно со Виљареал има 48 поени, Еспањол остана на шестото место со 35 поени, но екипата од Барселона на последните пет натпрвари освои само еден бод.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) О’Рајли го врати Манчестер Сити во шампионската трка
Манчестер Сити го искористи киксот на Арсенал против Вулверхемптон и со победата над Њукасл (2:1) се доближи на два бода од лидерот.
Нико О’Рајли беше херој на победата за тимот на Пеп Гвардиола. Тој постигна два гола, во 16-та у 27-та минута и беше блиску до хет-трик во првото полувреме. Луис Хол во 22-та минута беше стрелец за Њукасл.
Сити освои три бода иако најдобриот стрелец Ерлинг Холанд не успеа да постигне гол.
По канонадата во Баку, Њукасл покажа заби на „Етихад“, но тоа не беше доволно ниту за бод. Во последните моменти од првото полувреме, голот на Брн беше поништен за 2:2 поради офсајд.
Foto/ EPA
Спорт
ПАО во „вечното дерби“ го освои Купот на Грција
Кошаркарите на Панатинаикос се освојувачи на Купот на Грција втора година по ред, откако го победија Олимпијакос со 79:68 во финалето на турнирот што се одржа во Хераклион.
Панатинаикос имаше двоцифрена предност во раната фаза од натпреварот поради проблемите што Олимпијакос ги имаше во нападот. Не можеа црвено-белите никако да најдат решение за подвижната одбрана на ПАО.
Единствениот расположен кошаркар на тимот од Пиреја беше крилниот центар Саша Везенков. Најкорисниот играч на Евролигата за сезоната 2022-23 постигна 12 од 17-те поени на својот тим во првата четвртина.
Во вториот дел ПАО одигра неверојатна одбрана, му дозволија на противникот само 12 поени, а постигнаа 28.
Олимпијакос се обиде во вториот дел но не успеа да се доближи. Дополнителен проблем за Олимпијакос е повредата на Везенков, во третиот период.
Тој го заврши натпреварот со 16 поени, а причина за повредата на грбот беше офанзивен фаул направен врз него од страна на бекот на ПАО, Кендрик Нан, во борба под кошот.
Новото засилување на ПАО, актуелниот МВП Најџел Хејс-Дејвис даде клучен придонес во победата на „Зелените“.
Најновото засилување на Панатинаикос го заврши натпреварот со 15 поени и 6 скока.

