Спорт
(Видео) Јокиќ и екипа го растурија Мајами
Српскиот центар Никола Јокиќ уште еднаш ги предводеше Денвер Нагетс до победа во НБА лигата. 29-годишникот од Сомбор запиша 24 поени, 12 скока и 10 асистенции, а Денвер убедливо победија во Мајами со 113:133.
Јокиќ го забележа 147. трипл-дабл во кариерата. Ова беше 18. трипл-дабл за Јокиќ (9/12 од поле, 5/5 од поле) со 75 проценти шут од поле, а само легендарниот Вилт Чембрлен во исто толку пати ги исполнил овие два критериуми.
THIS. PLAY. IS. INSANE. 🃏🃏🃏 https://t.co/GXDz8DLhLn pic.twitter.com/VzCz4YO0Hn
— NBA (@NBA) January 18, 2025
Во однос на поени, најефикасен кај победничкиот тим беше канадски бек Џамал Мареј со 30 поени (12/24 од поле), седум скока, осум асистенции и три украдени топки, додека Арон Гордон забележа 16 поени и шест скока.
Во другиот табор се врати најголемото име на франшизата од Флорида, Џими Батлер. Ова беше прв меч на 35-годишниот ас по суспензијата од седум меча. Клубот го казни бидејќи јавно побара да го напушти клубот. Натпреварот го заврши со 18 поени.
Поефикасен од него беше само чуварот Тајлер Хиро со 22 поени, додека центарот Бем Адебајо забележа 16 поени и 11 скока. Истиот впечатлив учинок го имаше и српскиот репрезентативец Никола Јовиќ.
Резултати:
Бостон Селтикс – Орландо Меџик 121:94
Њујорк Никс – Минесота Тимбервулвс 99:116
Чикаго Булс – Шарлот Хорнетс 123:125
Милвоки Бакс – Торонто Рапторс 130:112
Њу Орлеанс Пеликанс – Јута Џез 136:123
Далас Маверикс – Оклахома сити Тандер 106:98
Сан Антонио Спарс – Мемфис Гризлис 112:140
ЛА Лејкерс – Бруклин Нетс 102:101
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

