Спорт
(Видео) Јокиќ не може сам против Кари и екипата
Никола Јокиќ повторно блесна, но тоа не беше доволно неговите Денвер Нагетс да победат во Сан Франциско. Голден Стејт беше подобар од тимот од Колорадо 118:104.
Српскиот центар беше убедливо најдобар во Нагетс. Тој постигна 33 поени, со 12 скока и девет асистенции. Сепак, победата на Вориорс им ја донесе Стеф Кари кој постигна 36 поени со седум тројки и одличната одбрана од стартот на вториот дел.
Денвер блескаво офанзивно го започна натпреварот. Првиот дел го добија со резултат 44:34. Домашниот тим се консолидираше веќе на стартот од втората четвртина. На Нагетс им дозволија само 16 поени. На другата страна постигнаа 32 и на големата пауза заминаа со плус шест.
Во третиот дел се „запали“ Јокиќ, но не можеше сам против мотивираните Вориорс. Јокиќ со тројка кон средината на третиот период успеа да намали на 84:82, а се испостави дека тоа е се од Денвер.
Амероиканците издвоија момент од последната четвртина кога Јокиќ седна на клупата да одмори и лути го фрли шишето со вода, зборувајќи им нешто на Дарио Шариќ и Влатко Чанчар. Медиумите во САД тврдат дека реакцијата била ваква затоа што игра сам.
Nikola Jokic PUTO da vida no banco dos Nuggets
— Coast to Coast Brasil | NBA (@brasilcoast2) April 5, 2025
Помош доби само од Мајкл Портер Јуниор (23 поени, девет скока) и Кристијан Браун (16 поени).
Вориорс брзо се одлепија на двоцифрена разлика и во четвртата четвртина мирно ја завршија работата. Кари одлично го следеше Подземски со 26 поени, додека Батлер постигна 19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

