Спорт
(Видео) Јокиќ остана разочаран – неговиот коњ заврши на второто место

Толку озборуваното враќање на НБА ѕвездата Никола Јокиќ во неговиот роден Сомбор не помина најдобро, откако неговиот коњ ја загуби трката во послената секунда во 22. издание на „Пехар на градот Сомбор“.
Новокрунисаниот НБА шампион, кој веднаш по освојувањето на титулата порача дека сака да се врати дома за традиционалната коњичка трка, е сопственик на коњот „Брено Лаумар“, кој во главната трка од натпреварувањето во финишот загуби од грлото „Бондо Џет“. Организатор на трката е Бранислав Јокиќ, инаку татко на кошаркарот.
🏇 Završnica trke za Pehar grada Sombora! Konj Nikole Jokića je završio na drugom mestu dok su pobednici Bondo Jet i Branislav Mukić! pic.twitter.com/PsfXfOiDHd
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) June 18, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хојлунд е на чекор до преселба на „Сан Сиро“

Манчестер јунајтед се согласи да го позајми Расмус Хојлунд на Милан, но договорот сè уште не е дефинитивно склучен.
Данскиот напаѓач стана вишок на „Олд Трафорд“, откако во клубот дојдоа Матеуш Куња и Бенјамин Шешко. Милан веднаш покажа сериозен интерес за Хојлунд.
Според „Газета дело Спорт“, се очекува челниците на Јунајтед да му соопштат на официјален состанок, на Хојлунд, дека е вишок во тимот, а потоа треба да се пресели на „Сан Сиро“.
Манчестер е подготвен да го испрати на позајмица, а двата клуба сè уште не го дефинирале моделот по кој Хојлунд би се преселил во италијанскиот гигант.
Сигурно е дека по завршувањето на сезоната, Милан ќе мора да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед. Според медиумите станува збор за сума од околу 35 милиони евра.
Фото/ Принскрин
Спорт
Столбот на одбраната на Челзи се здоби со тешка повреда

Дефанзивецот на Челзи, Ливај Колвил, претрпе повреда на предните вкрстени лигаменти, потврди клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Човекот кој минатата сезона се етаблираше како најпостојан стопер на „сините“ и столб во походот кон трофејот во Конференциската лига, сега ќе мора да направи долга пауза.
Колвил се повредил на првиот тренинг во понеделникот, а вчера бил опериран.
Предвидувањата велат дека тој би можел да биде надвор од терените помеѓу шест и 12 месеци, во зависност од брзината на закрепнувањето.
Менаџерот Енцо Мареска ги има на располагање Весли Фофана, Тревор Чалоба, Ренато Веига, Аксел Дисаси, Беноа Бадијашил, Тосин Адарабиохо и Арон Анселмино.
Тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе ја започне новата сезона во Премиер лигата на 17 август, кога ќе го пречека Кристал Палас.
Спорт
Мората се враќа во Серија А

По Јувентус и Милан, Алваро Мората ќе игра во Серија А и за Комо. Галатасарај попушти и се согласи да ја раскине позајмицата на искусниот напаѓач, кој минатата зима пристигна од Милан на една година.
Според информациите што доаѓаат од Италија и Шпанија, Турците ќе добијат 5.000.000 евра од Комо, додека Милан ќе добие 1.000.000 за позајмицата.
Милан наредното лето ќе заработи уште 9.000.000 евра, бидејќи Комо ќе мора да го откупи договорот на Мората.
Ова значи дека Комо ќе потроши вкупно 15.000.000 евра за обештетување за 32-годишниот напаѓач.
Комо се исклучително активни во овој преоден рок, досега клубот на засилувања потроши над 100.000.000.
Foto/ EPA/OLAF KRAAK