Спорт
(Видео) Јокиќ погоди 18 слободни, Денвер го победија против Голден стејт
Денвер Нагетс славеа против Голден стејт Вориорс во божикниот спектакл со 120:114. Најголемите ѕвезди на двата тима, Никола Јокиќ и Стеф Кари, одиграа лош натпревар.
Победникот во Денвер го реши Џамал Мареј на две ипол минути до крајот кога погоди тројка за плус седум.
Мареј беше најефикасен кај Денвер со 28 поени, Јокиќ постигна 26 со 14 скока и осум асистенции. Србинот немаше добра шутерска вечер, погоди четири од 12 шута од поле, но беше перфектен од линијата за слободни фрлања (18-18). Двоцифрени кај Денвер беа и останатите од стратната петорка: Мајкл Портер јуниор постигна 19 поени со девет скока, Колдел-Поуп уфрли 18, а Арон Гордон 14.
Во редовите на Голден стејт Вориорс, Стеф Кари, со лош шут (7-22) постигна 18 поени со само три тројки, најдобар беше Ендрју Вигинс кој постигна 22 поени, Дарио Шариќ додаде 14 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Серена Вилијамс демантира дека се враќа на тенисот
Американската тенисерка Серена Вилијамс ги демантираше тврдењата на Бен Ротенберг дека се враќа на тенисот.
Ротенберг објави како ексклузивна вест дека 44-годишната Американка планира да се врати на теренот по три сезони.
Како извор, тој ја наведе пријавата на Серена на списокот на тенисерки, регистрирани за контрола на допинг, што е задолжително за сите.
Во октомври, Серена се најде на таа листа, првпат од септември 2022 година, што беше причина Ротенберг да се појави во вестите.
„О Боже, луѓе, јас не се враќам. Овој „пожар“ е луд““ објави Серена на X.
Omg yall I’m NOT coming back. This wildfire is crazy-
— Serena Williams (@serenawilliams) December 2, 2025
Во коментар, Ротенберг ја праша зошто аплицирала за тестот, но не доби одговор.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Пресврт и драма на „Ноу Камп“ – Барселона го победи Атлетико
Големото дерби на шпанското првенство помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид заврши со победа на Каталонците, со што избраниците на Ханси Флик ја задржаа водечката позиција и ја зголемија бодовната разлика во споредба со најголемиот ривал, Реал Мадрид, кој сè уште не го одиграл својот натпревар од 14-то коло.
Дербито беше извонредно. Одлични голови и потези, големи промашувања, за жал и повреди.
Сепак, гостите први поведоа.
Во 19-та минута, аргентинскиот репрезентативец Науел Молина испрати долга топка до Алекс Баена, а поранешниот играч на Виљареал избегна офсајд, истрча контранапад и ја смести топката зад голманот Жоан Гарсија – 0:1.
Каталонците одговорија многу брзо се врати во мечот. Педри брилијантно го проигра Рафиња, а Бразилецот го заобиколи Јан Облак и израмни – 1:1.
Домашните фудбалери добија пенал во 37-та минута. Бариос го собори Дани Олмо во неговиот шеснаесетник, но еден од најдобрите голгетери на денешницата, Роберт Левандовски, се изрезили.
Топката заврши два метри над голот.
Само минута подоцна, Левандовски можеше да се искупи, имаше одлична можност, шутираше со глава, но капитенот и голман на гостите, Јан Облак, го одбрани неговиот удар со фантастична реакција. Во 45-та минута гостите бараа црвен картон за Мартин, кој го фаулираше Симеоне како последен во одбраната, но Де Бургос покажа само жолт картон
Второто полувреме започна со големи промашувања на Рафиња за Барселона и Џулијано Симеоне за Атлетико.
А потоа и одлучувачкиот момент Левандовски ископа една топка, го проигра Олмо, а тој погоди за 2:1.
За жал, тој се повреди во таа прилика и беше заменет од Феран Торес. Гостите имаа и две принудни замени. Веќе во 14-тата минута беше заменет Џони Кардосо, а по еден час игра, стрелецот на водечкиот гол, Алекс Баена.
На крајот од натпреварот, Аргентинецот Тијаго Алмада „се истакна“. Тој направи сè добро, а потоа го промаши целиот гол и ја пропушти можноста да го спречи поразот на својот тим.
Тимот на Диего Симеоне имаше уште една одлична можност во судиското продолжение, кога Гризман лошо шутираше, а во последните секунди Феран Торес ги казни грешките на гостите за конечни 3:1.
Каталонците се први на табелата, сега имаат 37 бода, четири повеќе од Реал Мадрид, но исто така одиграа повеќе натпревари. Атлетико е четврти со 31 бод, еден помалку од Виљареал на третото место.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лудница на „Крејвен Котиџ“, Фулам – Сити 4:5
Фулам и Манчестер Сити приредија вистинска голеада на „Крејвен Котиџ“, а конечниот резултат во Западен Лондон беше 4:5 (1:3).
„Граѓаните“ влегоа во овој натпревар како фаворити, што го покажаа во првото полувреме со головите на Ерлинг Халанд, Тижани Рејндерс и Фил Фоден во 17-та, 37-та и 44-та минута.
Емил Смит Рау го намали водството на гостите во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Во вториот дел Сити дојде до предност 5:1 благодарение на вториот гол на Фоден во 48-та минута и автоголот на Сандер Берге во 54-та минута.
Сепак, друг поранешен играч на Арсенал, Алекс Ивоби, му даде поттик на Фулам со гол во 57-та минута, а домашните се заканија со пресврт преку Самуел Чукувезе, кој постигна гол во 72-та, а потоа и во 78-та минута.
Foto/ EPA

