Спорт
(Видео) Јокиќ со трип-дабл, а дабл-дабл за Дончиќ, Зубац, Нуркиќ, Вучевиќ
Нов ден, нов трипл-дабл за Никола Јокиќ. Спрскиот центар, во драматичната победа над Торонто го забележа третиот трипл-дабл во седмиот меч оваа сезона. Од она што се случуваше изминатата ноќ се издвојува дебито на Пол Џорџ за Филалделфија, победата на ЛА Клиперс по негативата од 26 пени, поразот на ЛА Лејкерс и победите на Кливленд и Оклахома, тимови кои се уште се без пораз.
Јокиќ мечот против Торонто репторс го заврши со 28 поени, 14 скока и 13 асистенции, а имаше и една украдена и седум загубени топки. По лошиот почеток на сезоната, во ритам влегува Расел Вестбрук. Поранешниот МВП забележа 21 поен и шест скока и асистенции, додека Мајкл Портер Јуниор имаше 19 поени,девет скока и три асистенции.
Кристијан Браун постигна 17 поени, Пејтон Вотсон 16, а Џулијан Стротер 13 поени.
Во редовите на Репторс се истакна Грејдо Дик со 26 поени, додека Јакоб Пелтл постигна 24 поени со 11 скока.
Проблем за Нагетс е повредата на Арон Гордон, во втората четвртина. Гордон по едно забивање се фати за колено, веднаш замина во соблекувалната и повеќе не се врати.
Далас Маверикс беа поразени од Индијана Пејсерс со 134:127. Лука Дончиќ имаше уште една врвна партија во дресот на Далас, завршувајќи го мечот со 34 поени, седум скока и 15 асистенции. Индијана до победата ја предводеше Мајлс Тарнер со 30 поени и 11 скока.
Репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ го одигра натпреварот на сезоната во триумфот на Феникс Санс против Филаделфија 118:116. Нуркиќ мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 15 поени и 15 скока за 28 минути поминати на паркетот и беше еден од најдобрите поединци на Санс.
Ла Клиперс го совладаа Сан Антонио Спарс со 113:104, откако надополнија минус од 26 поени. Ивица Зубац ја потврди својата феноменална форма, го заврши натпреварот со 17 поени и 13 скока.
Чикаго Булс беа поразени од Јута Џез на свој паркет 135:126, а црногорскиот центар Никола Вучевиќ ја продолжи одличната форма во тимот на Булс постигнувајќи 23 поени и додавајќи десетскока.
Резултати:
Кливленд – Милвоки 116:114
Вашингтон – Голден стејт 112:125
Детроит – ЛА Лејкерс 115:103
Атланта – Бостон 93:123
Бруклин – Мемфис 106:104
Мајами – Сакраменто 110:111
Чикаго – Јута 126:135
Хјустон – Њујорк 109:97
Минесота – Шарлот 114:93
Оклахома – Орландо 102:86
Њу Орлеанс – Портланд 100:118
Далас – Индијана 127:134
Денвер – Торонто 121:119
Феникс – Филаделфија 118:116
ЛА Клиперс – Сан Антонио 113:104
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Макаби ја преживеа тројката на Димитријевиќ
Макаби во трилер-меч по едно продолжение го победи Баерн со 111:106. Мечот во регуларниот дел заврши 99:99.
Натпреварот полн со пресврти, на крајот беше решен во последните девет секунди. Приводство на Макаби 98:95, Ненад Димитирјевиќ погоди тројка под фаул, го реализира и дополнителното слободно фрлање. На две секунди до крајот Брисет беше фаулран, но погоди само едно слободно фрлање.
Потоа во дополнителните пет минути, играчите на Макаби имаа повеќе сила и концетрација и ја забележаа третата победа по ред.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл, 15 поени и 10 асистенции. Блескаше кај Баерн, Андреас Обст со 33 поени (постигна осум тројки од 13 обиди). Кај Макаби се истакнаа Роман Соркин со 21 и Тамир Блат со 20 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Арсенал кај Брентфорд остави два бода
Последниот натпревар од 26-то коло од Премиер лигата на стадионот „Брентфорд Комунити“, меѓу домашниот тим и лидерот Арсенал заврши со 1:1 (0:0).
Арсенал, во Брентфорд имаше расположен ривал, кој потврди дека е во врвна форма.
Првото полувреме помина во тактичко надмудрување од страна на двајца менаџери, Кит Ендрус (Брентфорд) и Микел Артета (Арсенал). Без многу возбудувања пред двата гола.
Брентфорд ја имаше единствената вистинска шанса. Матијас Јенсен центрираше, а, Игор Тиаго со глава упати удар со глава, но голманот на „Топџиите“, Давид Раја, реагираше брилијантно и спречи водство на „пчелите“.
Лидерот во Премиер лигата не упати ниту еден удар во голот на Брентфорд во првото полувреме, а успеа да ја материјализира првата вистинска шанса во 61-та минута:
Пјеро Инкапие совршено центрираше од левата страна, а Нони Мадуеке скокна уште подобро и го совлада Ирецот Келехер.
Тој гол не ги обесхрабри домашните фудбалери. Напротив, тие тргнаа уште порешително кон голот на Арсенал и создадоа неколку опасни ситуации преку Кин Луис Потер и Игор Тијаго. Изедначија десет минути подцна.
По еден удар од далечина, Ван ден Берг ја упати топката со глава, а Луис Потер на ист начин го доби дуелот со Мартин Едегор и ја смести топката зад грбот на Раја.
Домашните фудбалери имаа одлична можност за целосен пресврт во 87-та минута. Игор Тијаго првично го надигра Москера, но кога требаше да шутира, младиот Шпанец се искупи со фантастична интервенција и ја елиминираше опасноста.
Бразилецот имаше уште една шанса во 90+2 минута, а потоа неговиот сонародник Габриел Мартинели на спротивната страна од теренот не успеа да му донесе победа на Арсенал.
Беше сам пред Келехер, но не постигна гол.
„Топџиите“, се први на табелата со 57 бода, четири повеќе од Манчестер Сити. Брентфорд е на одлично седмо место со 40 бода.
Спорт
(Видео) Атлетико за полувреме ја прегази Барселона
Со историско прво полувреме, Атлетико Мадрид ја декласира Барселона со 4:0, во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот.
Сè започна со „мртвата шанса“ на Симеоне во третата минута, кога Џоан Гарсија излезе како победник. Три минути подцна Ерик Гарсија со автогол го најави потопот на Барселона. Антоан Гризман, по една течна акција го зголеми резултатот во 14-тата минута.
Хулијан Алварез, потоа ја презеде палката од Гризман, му асистираше на новодојдениот Адемола Лукман во 33-та минута.
Аргентинецот стави крај на совршениот период на Атлетико Мадрид во втората минута од судиското продолжение. Нигериецот овој пат му возврати со аситенција.
Алварез го прекина постот, ова беше негов прв гол од 9 декември минатата година.
Во првиот дел Атлетико имаше уште три големи шанси, но не успеаја да реализираат Гризман, Алварез и Лукман.
Единствените две шанси за Барселона ги промаши Фермин Лопез, во првото полувреме. Погоди пречка на 3:0, а имаше и „еден на еден“ ситуација со Мусо при истиот резултат.
В вториот дел, Атлетико трпеливо ги чекаше шансите, а Барселона залудно се обидуваше да создаде шанса за гол. Каталонците постигнаа гол во 53-та минута, кој по седум минути ВАР го поништи.
Барселона мечот го заврши со играч помалку, во 84-та минута Ерик Гарсија доби црвен карто. Дефанзивецот како последен човек во одбраната го фаулираше Баена.
Foto/ EPA

