Спорт
(Видео) Јокиќ за Холмгрен: Талентиран е но треба да се здебели

Чет Холмгрен, вториот пик на минатогодишниот драфт во НБА, вчера имаше директен дуел со најдобриот центар во НБА лигата, Никола Јокиќ.
Холмгрен е висок 216 сантиметри и тежок само 88 килограми, се обиде да му се спротивстави на Јокиќ кој тежи 129 килограми.
„Тој е многу талентиран играч, но ова е негова прва година во НБА. Сè уште учи… Мислам дека малку треба да се здебели, искрено го мислам тоа. Но, да, мислам дека неговиот талент е единствен“, изјави Јокиќ по мечот на кој забележа 28 поени (12-16 од поле), 14 скока и пет асистенции. Од друга страна, Холмгрен даде 19 поени.
Нагетси ги победија Тандер 128:95 и сега имаат скор од 3:0 на стартот од новата сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бонмати ја освои третата Златна топка по ред

Во машкиот фудбал, добитниците на Златната топка се менуваат, но во женскиот фудбал, апсолутната доминација на Аитана Бонмати продолжува.
Шпанската репрезентативка, фудбалерка на Барселона ја освои оваа престижна награда трет пат по ред.
По 2023 и 2024 година, Бонмати ја победи сонародничката и фудбалерка на Арсенал, Марион Калдентај, во овогодинешната трка.
Лионел Меси и Мишел Платини се единствените кои ја освоиле Златната топка три пати по ред, додека во женскиот фудбал, Бонмати е првата во историјата со таква серија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Усман Дембеле ја освои Златната топка

Напаѓачот на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, Усман Дембеле ја освои „Златната топка“. Наградата на 69-то издане му беше врачена на гала церемонијата во Париз.
Дембеле, минатата сезона со Пари Сен Жермен ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Суперкупот на Европа, Купот и Суперкупот на Франција.
Усман Дембеле ја освои „Златната топка“ пред Ламин Јамал, кој беше втор и Витиња, кој го освои третото место. Следуваат Мо Салах, Рафиња, Ашраф Хакими, Килијан Мабпе, Кол Палмер, Џиџи Донарума, Нино Мендеш.
Дембеле официјално стана шестиот француски фудбалер кој ја освоил „Златната топка“, по Рејмон Копа, Мишел Платини, Жан-Пјер Папен, Зинедин Зидан и Карим Бензема.
Bravo Ousmane ! 🇫🇷#ballondor pic.twitter.com/7TA1oSpjub
— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025
Спорт
(Видео) Марсеј по пауза од 14 години на „Велодром“ го победи ПСЖ

Фудбалерите на Олимпик Марсеј го победија Пари Сен Жермен со 1:0 во петтото коло од Лига 1.
Марсеј победи благодарение на единствениот гол на натпреварот, на почетокот од натпреварот.
Се играше петтата минута кога Наиф Агерд постигна гол за водство на Марсеј од 1:0. Интересно е што тоа беше единствениот удар во рамките на голот на домашната екипа.
Пари Сен Жермен постојано напаѓаше, пропушти неколку добри шанси, но на голот на Марсеј блескаше Аргентинецот Херонимо Руљи.
Marseille 1×0 PSG
⚽️ Nayef Aguerd
Meh pic.twitter.com/LmsDySWzeV
— PICO from Portugal 🇵🇹 (@PortugalPico) September 22, 2025
Инаку ова е прав победа на Марсеј на домашен терен над ПСЖ по цели 14 години. Исто така ПСЖ го доживеа вториот пораз на последните 44 гостувања во Лига 1.
Пари Сен Жермен сега е израмнет со Монако, Лион и Стразбур, сите имаат по 12 бода и се на врвот на табелата, додека Марсеј е на шестото место со девет бода.
Во наредната рунда, ПСЖ ќе го пречека Оксер, додека Марсеј гостува кај Стразбур.
Фото/ Принтскрин