Контакт

Спорт

(Видео) Каменуван автобусот на Форталеза, повредени шестмина фудбалери

Објавено пред

Шест фудбалери на Форталеза завршија во болница поради повреди со кои се здобија при нападот на нивниот автобус на враќање од мечот со Спорт Ресифе.

dobivaj vesti na viber

Зад нападот стојат хулиганите на локалниот клуб кои неиспровоцирани го каменуваа автобусот со кој се рпевесуваше експедицијата на гостинската екипа.

На видеата кои се појавија по нападот може да се види искршено стакло од внатрешната страна на автобусот, но и крв на рацете и главите на некои играчи.

Повредени се фудбалерите Тити, Бритез, Жоао Рикардо, Саша, Дуду и Ескобар. Сите се префрлени во најблиската болница каде што добиле помош и ги санирале повредите.

Директорот на клубот Марсело Паз и претседателот Алекс Сантијаго беа цело време со повредените играчи, додека остатокот од тимот отиде во хотелот каде што беше сместен тимот во Ресифе.

„Ги удираа нашите играчи. Дуду крвари. Ова е апсурдно, ова не смее да му се случи на бразилскиот фудбал. Бесни сме”, напиша директорот на Форталеза.

Фудбалерот на Форталеза, Јаго објави фотографија од скршениот автобус.

„Кукавици! Пет играчи завршија во болница“, напиша тој покрај фотографијата.

Набргу по инцидентот, претседателот на Спорт Ресифе, Јури Ромао ги посети повредените фудбалери во болница за да им обезбеди се што им треба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Монти Вилијамс доби отказ и заработи 65 милиони долари

Објавено пред

Американскиот тренер Монти Вилијамс, по само една сезона се раздели со Детроит Пистонс. Вилијамс во јуни минатата година пристигна во Детроит, потпиша шестгодишен договор вреден 78,5 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Во тој момент тоа беше најголемиот во историјата на НБА кога се тренерите во прашање, но Вилијамс не ги исполни очекувањата. Во меѓувреме, легендарните тренери Стив Кер, Грег Поповиќ и Ерик Сполстра потпишаа финансиски подобри договори.

Најдобриот тренер на лигата во 2022 година, победи на само 14 од 82 меча со Пистонс, а не ги исполни барањата на газдите, поради што доби отказ.

Со тоа обезбеди исплата од 65 милиони долари. Да потсетиме, претходно, откако доби отказ од Феникс Санс, на ист начин профитираше, бидејќи доби отказ заработи 20 милиони долари.

Екипите од Аризона и Детроит заедно со Њу Орлеанс се единствените кои самостојно ги водеше во НБА.

Како асистент работеше во Портланд и Филаделфија, односно репрезентацијата на САД со која го освои Мундобаскетот во 2014 година и Олимписките игри во 2016 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Челси го продаде бекот, кој играше финале во ЛШ

Објавено пред

Левиот бек на Челзи, Јан Матсен нема да остане на „Стемфорд Бриџ“ по враќањето од Борусија Дортмунд, бидејќи негова следна станица е Бирмингем.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат англиските медиуми, Астон Вила и Челзи постигнале договор, фудбалерот за околу 40 милиони евра да се пресели на „Вила парк“.

Матсен не е во плановите на Челзи и покрај тоа што имаше одлична сезона во
Дортмунд. Леви бекови во Челси се Марк Кукурела и Бен Чилвел.

Челзи на тој начин заработи солидна сума за играч на кој не смета, додека Емери доби уште еден одличен бек во ротацијата и дополнителна конкуренција за Лукас Дињ и Алкес Морено.

Прикажи повеќе...

Спорт

Србите ќе го напуштат ЕП доколку УЕФА не ги казни Албанија и Хрватска

Објавено пред

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), остро реагираше на навивачките скандирања во текот на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска (2:2) на Европското првенство.

dobivaj vesti na viber

Некаде во 60 минута од натпреварот, навивачите на двете репрезентации скандираа: „Убиј, убиј го Србинот“.

Генералниот секретар на ФСС, Јован Шурбатовиќ, најави дека ќе побара драконски казни за Албанија и Хрватска. Се закани со напушштање на турнирот дека доколку УЕФА на го стори тоа.

„Скандалозно е тоа што се случи. ФС на Србија ќе бара од УЕФА жестоки казни, по цена да не го продолжи учеството на ЕП. Ова е навистина скандалозно и не сакаме никогаш да се повтори“, изјави Шурбатовиќ.

Нема сомнеж дека ќе биде покрената дисциплинска постапка.

„Сигурни сме дека УЕФА ќе го стори тоа. Благодарни сме на УЕФА бидејќи одговори на нашиот сигнал за однесувањето на т.н. новинар, веднаш му беше одземена акредитацијата. Испративме протестно писмо, ова нема врска со спорт и не сакаме ЕП да се политизира“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Се’ повеќе повици за присуство на змии во Македонија, ЦУК со апел за внимателно движење во природа

На секои неколку денови има пријава за видени змии и во населени места. Центарот за управување со кризи информира дека...

Македонија2 часа

25-годишен војник почина на Криволак, му се слошило за време на марш

Дваесет и петгодишен професионален војник почина на полигонот Криволак, за време на марш, откога му се слошило. Се работи за...

Спорт2 часа

(Видео) Албанскиот репрезентативец Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Албанија и Хрватска, вчера во Хамбург, одиграа одличен натпревар. Заврши 2:2, откако Хрватска направи пресврт по водството на Албанија, а...

Македонија3 часа

Елфете Исмаили oд Алијансата е кандидат за заменик-министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик-министер за земјоделство

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците одржа состанок, на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната...

Македонија3 часа

Филипче: На СДСМ му се потребни нови луѓе, но и старите членови интелектуалци, социјалдемократи

Кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче оствари средби со сопартијците од Општинските организации на Ѓорче Петров и Карпош. На...

Македонија4 часа

Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен...

Топ14 часа

Исчезнаа седум Непалци кои работеле во скопски фирми

Седум лица од Непал исчезнаа во текот на вчерашниот ден. Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им...

Македонија17 часа

Вонреден наздор во битолската болница и детската клиника по смртта на бебето

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор...

Економија18 часа

Мицкоски: По формирање на владата ќе ја разгледаме можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување

Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги...

Економија23 часа

Бислимоски: Во однос на регионот, Македонија е една од земјите со највисоки загуби на вода

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски кажа дека загубите на вода во Македонија се некаде околу 62 проценти на ниво на...

Топ23 часа

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Липково, загина 19-годишник

Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во село Оризаре, липковско,...

Македонија1 ден

Прегазена мечка на патниот правец Гостивар – Охрид

Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна...

Македонија1 ден

Петмина осомничени за насилството во дворот на Клиничкиот центар: со клоци и тупаници, со метални шипки, дрвени палки претепале едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично...

Регион1 ден

Три земјотреси за неколку минути го погодија Крит

Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во...

Европа1 ден

(Видео) Руски нуклеарни подморници лансираа проектили, целта била оддалечена 170 километри

Подморници на руската северна флота со нуклеарен погон лансираа крстосувачки ракети кон морските цели како дел од вежбите во Баренцовото...

Свет1 ден

Путин го нападна Западот во разговорот со Ким, лидерот на Северна Кореја порача: Ова е историски момент

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна синоќа во својата прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги...

Европа1 ден

Американски војник осуден во Русија на речиси четири години затвор

Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана со убиство,...

Свет1 ден

Шефот на НАТО за посетата на Путин на Северна Кореја: Загрижени сме

НАТО е загрижен за поддршката што Русија би можела да ја даде на севернокорејската ракетна и нуклеарна програма, изјави шефот...

Македонија2 дена

Топлотен бран во Македонија: Бремените и лицата над 60 години да се ослободат од работа, децата да не излегуваат на отворено до 17 часот

Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државата и донесе соодветни...

Топ2 дена

Залутан куршум заврши во грбот на скопјанец додека возел велосипед низ Чаир

Додека 35-годишниот А.Ф. од Скопје се возел со својот велосипед во Чаир, почувствувал болка во грбот. Бил пренесен во болница,...