Спорт
(Видео) Карваљо го шокира Челзи во 93. минута
Фудбалерите на Брентфорд и Челзи одиграа нерешено (2:2) во четвртото коло на Премиер лигата.
Ова беше натпревар полн со драма и пресврти, а на крајот, Брентфорд успеа да „извлече“ бод во 93-та минута.
На почетокот од натпреварот, Бранфорд успеа да воведе ритам што повеќе му одговара, се играше бавно, без големи шанси, а Челзи без Палмер тешко создаваше шанси.
Токму кога изгледаше дека полувремето ќе заврши без голови, во 35-та минута Брентфорд доби токму она што го сакаше. Брза контра, додавање од Хендерсон и егзекуција од Кевин Шаде му донесоа водство на Брентфорд.
Челзи започна многу офанзивно во второто полувреме. Палмер исто така влезе и веднаш придонесе. Во 61-та минута кога Педро му ја остави топката во шеснаесетникот, а Палмер елегантно и многу прецизно го погоди долниот лев агол за израмнување. Палмер имаше уште една одлична шанса во 75-та минута, но неверојатниот Келехер го одбрани неговиот удар.
Челзи во финишот изврши жесток притисок кон голот на Брентфорд. Инцијативата вроди со плод во 85-та минута, кога Каиседо постигна преубав гол.
Токму кога се чинеше дека Челзи ќе гги освои три бода, Карваљо ја казни индолентноста во одбраната и погоди за конечни 2:2.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Голман на Интер усмртил човек
Шпанскиот голман на Интер, Хозеп Мартинез, беше вклучен во тешка сообраќајна несреќа во градот Фенегро, недалеку од Комо, во која животот го загуби 81-годишен маж во инвалидска количка, објавија италијанските медиуми.
Трагедијата се случила во утринските часови, околу 9:30 часот, во близина на тренинг центарот на Интер.
Според првите извештаи, постариот маж, од сè уште непознати причини, преминал на спротивната лента од патот, во моментот кога поминувал автомобилот управуван од Мартинез.
Итните служби брзо пристигнале на местото на несреќата, но и покрај напорите на лекарите, човекот не преживеал.
Италијанските портали наведуваат дека е можно на жртвата претходно да и се слошило, што довело до кобната несреќа.
Мартинез, кој летово пристигна во Интер од Џенова како резерва на швајцарскиот голман Јан Зомер, не го коментираше инцидентот, а истото важи и за клубот од Милано.
Спорт
Јокиќ првпат го коментира дебаклот на Србија на Европското првенство
Никола Јокиќ беше расположен по победата на Денвер над Минесота (127:114) и уште еден трипл-дабл настап (25 поени, 19 скокови, 10 асистенции).
Во Минеаполис, Србинот одговори и на неколку прашања на новинар на Српската радио-телевизија.
Јокиќ за прв пат го коментираше дебаклот на Србија на Европското првенство, каде што беше елиминирана во осминафиналето од Финска. Познато е дека Јокиќ воопшто не зборува за медиумите во Србија од непознати причини.
Дали ги сумираше впечатоците од Европското првенство? – праша новинарот на РТС
„Било поминало“, кратко рече Јокиќ.
Многумина го гледаат овој тим на Денвер како фаворит за освојување на НБА?
„И Србија беше фаворит на Европското првенство, светско, што и да беше…“
Во првите три натпревари, Нагетс остварија две победи и еден пораз?
„Атмосферата во тимот е подобра, се обидуваме да направиме некои нови работи. Се надевам дека ќе ја продолжиме нашата победничка серија. Дури и кога загубивме од Голден Стејт, мислам дека игравме добро“, рече Јокиќ.
Foto/ FIBA
Спорт
Ракитиќ мораше да избира помеѓу Иниеста, Чави и Модриќ
Техничкиот директор на Хајдук, Иван Ракитиќ (37), беше гостин на настан во Шпанија, земјата каде што мина најголем дел од успешната кариера. Во таа прилика, тој имаше краток разговор со новинар на „ДАЗН“, кој го замоли брзо да го избере најдобриот играч од средниот ред меѓу двајцата играчи.
Беа понудени пензионирани и активни играчи, претежно поранешни и сегашни членови на Реал Мадрид и Барселона.
За време на разговорот, Ракитиќ покажа поголема преференција кон своите поранешни соиграчи од Барселона, но кога дојде редот на Лука Модриќ, тој го избра него пред легендите на Барселона, Андрес Иниеста и Чави.
Соочен со тежок избор, Ракитиќ рече „како да избираш мама или тато“, но на крајот сепак го избра Модриќ.
Ракитиќ има 436 настапи во Ла Лига за Севилја и Барселона во својата кариера. Со каталонскиот клуб, играјќи заедно со Чави и Иниеста, ги освои сите трофеи на клупско ниво, додека со Лука Модриќ во хрватската репрезентација, освои сребро на Светското првенство во Русија во 2018 година.

