Спорт
(Видео) Клајбурн со 3+1 за нестварна победа на Виртус

Душко Ивановиќ со победа дебитираше на клупата на Виртус. Екипата од Болоња на нестварен начин славеше против поранешниот тим на Ивановиќ, Басконија со 82:81.
Басконија загуби добиен натпревар против Виртус. Домаќините влегоа со четири поени предност во последните 30 секунди, тренерот Пабло ласо реши да се игра пенал завршница.играчите на Басконија не правеа прекршоци, на противникот му дозволи лесно да поентира за два, единствено ја бранеа линијата за три поени.
Меѓутоа Хауард и Рогавопулос промашија по едно слободно фрлање, а во финишот, Клајбирн ја пренесе топката на половината на Басконија и погоди тројка под фаул од осум метри. Го реализираше и дополнителното слободно фрлање и Виртус ја запиша третата победа во 15.натпревар од почетокот на сезоната.
WILL CLYBURN WITH THE 3+1 FOR VIRTUS BOLOGNA WIN IN VITORIA
🤯🤯🤯🤯 pic.twitter.com/aR14VlFwiT
— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) December 12, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вилијамс им кажал збогум на челниците на Атлетик

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, го информирал раководството на клубот дека се сели во Барселона, пишува „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот гигант е подготвен да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со тоа што веднаш ќе плати 58 милиони евра и уште четири милиони евра во следната фискална година.
Нико Вилијамс со Барселона ќе потпише договор до јуни 2032 година.
Трансферот ќе биде официјален на 1 или 2 јули, за да може Вилијамс навреме да ги започне подготовките со своите нови соиграчи.
Спорт
(Видео) Челси рутински го реши Есперанс, Фламнго извлече реми со ЛА

Челзи се квалификуваше во нокаут фазата на Светското клупско првенство со убедлива победа од 3-0 (2-0) над Есперанс од Тунис во последното коло од Групата Д.
„Сините“ не дозволија изненадување во натпреварот кој мораа да го добијат. Интересно, секој гол „падна“ во судиското продолжение – два во првото полувреме.
Тосин Адарабијо го направи тоа во третата, Лиам Делап го постигна својот прв гол за Челзи во петтата минута, асистент за головите беше Аргентинецот Енцо Фернандез.
Конечниот резултат го постави Тирик Џорџ во деветтата минута од судиското продолжение, кратко пред последниот свиреж на судијата.
Во исто време, Фламенго го обезбеди првото место на табелата со нерешен резултат против Лос Анџелес од 1:1 (0:0).
И двата гола беа постигнати во финишот од дуелот. Тимотод САД поведе со голот на Габонецот Дени Буанга во 84-та минута.
Гигантот од „Маракана“ го избегна поразот две минути подоцна, поточно благодарение на 20-годишниот Волас Јан, кој го постави конечниот резултат.
Прагматично кажано, иако Фламенго заврши пред Челзи по големата победа во меѓусебниот дуел, прашањето е кој мина подобро.
Во групата Ц, со која вкрстуваат, првото место го освои Бенфика, а второто Баерн Минхен, што значи дека во осминафиналето Фламенго ќе игра против Баерн, а Челзи против Бенфика.
Спорт
Прозингинс повеќе не е играч на Бостон

Репрезентативецот на Летонија, Кристапс Порзингис повеќе не е играч на Бостон Селтикс. Во размена на три тима, Прозингинс заврши во Атланта Хокс.
Бостон Селтикс решија да ги „исчистат“ своите редови и да направат ред во платниот список. Прво во понеделникот го испратија Џру Холидеј во Портланд, а за возврат го добија Енферни Симонс.
Само еден ден подоцна, франшизата од Масачусетс направи нова размена и го испрати Кристапс Порзингис во Атланта Хокс.
Ова беше размена на три тима, при што Порзингис заврши во Атланта со избор од втората рунда, Бостон го доби Жорж Нијанг и избор од втората рунда, а Бруклин го доби Теренс Ман и 22-от избор од првата рунда.
Бостон Селтикс и нивниот генерален менаџер Бред Стивенс завршија фантастична работа.
Со заминувањето на Џру Холидеј и Кристапс Порзингис, тие отидоа под второто даночно ниво и заштедија околу 180 милиони долари на сметка на овие две размени.
Се предвидува дека ќе потрошат 203 милиони долари за плати на играчите следната сезона, а моментално имаат 13 од нив (вклучувајќи играч кој ќе биде избран на овогодинешниот драфт), што значи дека Селтиксите ќе имаат место за уште еден играч на ветеранскиот минимум и да изберат некого во втората рунда.
Да ве потсетиме дека Џејсон Тејтум ќе ја пропушти целата следна сезона поради скината Ахилова тетива. Во преодниот рок може да се очекува Бостон да го напушти Џејлен Браун или Дерик Вајт.