Спорт
(Видео) Кога голманот е херој – Проведел со гол за Лацио во 95. минута извлече реми со Атлетико

Враќањето на Лацио по долга пауза во Лигата на шампионите не можеше да биде подраматично. Против Атлетико Мадрид, клубот каде што тренер е нивната поранешна ѕвезда Диего Симеоне, тимот на Маурицио Сари имаше негатива од 0:1 од 29. минута кога Пабло Бариос ги донесе „рохибланкос“ во водство.
Кога изгледаше дека Чоло си заминува од Рим со три поени, на сцена стапи голманот на Лацио, Иван Проведел покажа дека се снаоѓа и на позиција на напаѓач, постигнувајќи убав гол со глава за израмнување.
LAZIO GOALKEEPER PROVEDEL SCORES A GOAL IN THE LAST MINUTE VS ATLETICO
— fan account (@Asensii20) September 19, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мундо Депортиво: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Лука Модриќ е под договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната и прашање е дали ќе ја продолжи кариерата или ќе замине на некоја егзотична дестинација. Капитенот на хрватската репрезентација во летниот преоден рок одби милионска понуда од Саудиска Арабија, се претпоставува дека следното лето ќе добие слична понуда.
Според шпанските медуми, Модриќ може да изненади со изборот на наредниот клуб. Наводно тој ќе им стане соиграч на некогаш големите ривали од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба во Интер Мајами.
Како што пишува „Мундо Депортиво“, веројатно Луис Суарез ќе пристигне во Мајами во јануарскиот преоден рок.
„Прашање е дали Лука Модриќ ќе го стори истото на крајот од сезоната. Желбата на Бекам е да го додаде во тимот добитникот на Златната топка од Реал, кој нема минутажа што би ја сакал под водство на Карло Анчелоти и кој би можел да размисли да отпатува во Мајами за да игра покрај Меси“.
Во текстот понатаму се открива што може да го оневозможи трансферот на Модриќ.
„Проблем би можел да биде селери-капот. Меси, Алба, Бускетс и Суарез со своите примања би пополниле 40 отсто од дозволената сума за исплата на плати. Можеби тоа не е реална опција, но ќе се видиме дали е остварлива. Засега е сигурно доаѓањето на Суарез“, пишува „Мундо Депортиво“.
Foto/ EPA
Спорт
„Сити е досаден, Милан се будали, Њукасл ми се гади“

Милан и Њукасл одиграа 0:0, во вторникот, во првиот меч од Лигата на шампионите. Италијанскиот тим имаше 25 удари кон противничкиот гол (Њукасл шест), од кои девет беа во рамките на голот (Њукасл еден).
Натпреварот беше динамичен, особено во првото полувреме, но не беа сите воодушевени од она што го понуди овој меч. Артур Видал упати жестоки критики кон фудбалерите на Милан и Њукалс. Во својата анализа, Чилеанецот не ги поштедени ниту другите клубови.
Чилеанскиот играч за врска и поранешен играч на Интер и Јувентус сега има 36 години под договор е со Атлетико Паранаенсе. Повредата на коленото го оддалечи од тимот, па има време да ги гледа и анализира другите натпревари.
„Го гледав најлошиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите, оној помеѓу Милан и Њукасл. Тие будали од Милано ми предизвикаа болка. Имаат среќа, се што знаат е да трчаат. Не би биле ни во Лигата на шампионите да не беше тоа. Згрозен сум од Њукасл, не го разбирам овој тим. Беше четврти во првенството и мораше да го стави својот живот на коцка за да направи нешто на првиот натпревар. Само ме налути“, рече Видал и коментираше за другите клубови и игри:
„Порто – Шахтјор, тоа беше одличен натпревар. Сити беше досаден, како и секогаш досаден. Ми се допадна второто полувреме од натпреварот помеѓу ПСЖ и Борусија. Заспав во првото”.
Foto/EPA
Спорт
Реал најголем фаворит за тиутлата во Евролигата, Партизан 10., Звезда 11. фаворит

Во пресрет на новата сезона во Евролигата, обложувалниците излегоа со првите прогонози. Најголем фаворит за титулата е актуелниот шампион Реал Мадрид, следуваат Монако и Панатинаикос.
Реал, минатата сезона, во драматичното финале го победи Олимпијакос и ја освои титулата. Со повратникот во тимот, Факундо Кампацо е најголемиот фаворит за трофејот. На вложен еден денар, на Реал, се добиваат пет.
Следуваат Монако и Панатинаикос, екипи кои донесоа неколку спектакуларни засилувања. Блиску до нив се Олимпијакос, Фенербахче и Барселона.
Обложувалниците не им веруваат многу на регионалните претстваници, Партизан и Црвена звезда.
Партизан е 10., а Црвена звезда 11. фаворит за титулата.
Шансите за освојување на Евролигата во сезоната 2023/24:
Реал Мадрид – коефициент 5
Монако 7
Панатинаикос 7
Фенербахче 9
Олимпијакос 9
Барселона 9,50
Олимпија Милано 11
Анадолу Ефес 15
Макаби 15
Партизан 16
Црвена звезда 21
Жалгирис 41
Валенсија 41
Баерн 41
Басконија 51
Виртус 67
Асвел 201
Алба 251.