Спорт
(Видео) Кошмар за Лисандро Мартинез, Тотенхем го совлада очајниот Јунајтед

Тотенхем стигна до важна 2:0 победа над Манчестер јунајтед во првото дерби во второто коло во Премиерлигата благодарение на првиот гол во лигата на 20-годишното засилување на Спарси, Папе Сар и катастрофалната одбрана на „ѓаволите“, предводена од Лисандро Мартинез.
Јунајтед имаа подобар старт на мечот, но не успеаја да создадат многу вистински шанси пред голот на Викарио, додека Тотенхем се заканија со стативата на Педро Поро. Јунајтед бараа пенал по играта со рака на Кристијан Ромеро, но судијата Мајкл Оливер реши дека не се работи за најстрога казна.
На стартот на второто полувреме, Папе Матар Сар во 49. минута од мечот, со помош на Лисандр Мартинез постигна гол за водство на домаќините. Не помогнаа ниту промените кои ги направи Ерик Тен Хаг, за во 83. минута, Бен Дејвис, повторно со помош на аргентинскиот дефанзивец на „ѓаволите“ да стави точка на мечот.
🚨GOAL | Tottenham 1-0 Manchester United | Sarrpic.twitter.com/49tPnDZ4et
— VAR Tático (@vartatico) August 19, 2023
🎥 GOAL: Lisandro Martinez own goal! 2-0! pic.twitter.com/W2EkE3o32G
— SpursOTM (@SpurOTM) August 19, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.
Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.
Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.
Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.
Спорт
Реал: Нема да играме натпревари доколку за одмор немаме барем 72 часа

Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар доколку фудбалерите немаат најмалку 72 часа одмор меѓу натпреварите.
Ова го потврди тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 против Виљареал на гостински терен во шпанскиот шампионат.
Натпреварот Виљареал – Реал започна во 18 часот и 30 минути, а Реал во среда го одигра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој натпревар започна во 21 часот и траеше 120 минути, по што се се шутираа пенали.
„Ова е последен пат кога играме два натпревари во 72 часа“, рече Анчелоти, додавајќи дека клубот побарал од раководството на лигата да го помести натпреварот за ден подцна.
Реал најави дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпреварите.
Спорт
Гризман ќе го напушти Атлетико

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.
Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.
Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Лорис.
Релево истакнува дека клубот ќе му дозволи на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.
Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.