Спорт
(Видео) Крај на сезоната в Премиер лигата – Сити, Челзи и Њукасл се пласираа во ЛШ
Заврши сезоната во англиската Премиер лига. Од претходно беше познато дека титулата ја освои Ливерпул, дека Арсенал го освои второто место, а главната борба се одвиваше меѓу пет тима за трите места и пласман во Лигата на шампионите.
На крајот место во Лигата на шампионите изборија Манчестер сити, Челзи и Њукасл. Извисија Астон Вила и Нотингем Форест.
Вила доживеа пораз на „Олд Трафорд“ од Манчестер јунајтед (2:0), откако второто полувреме го одира со фудбалер помалку. Голамнот Дибу Мартинез доби црвен картон во својот последен меч во дресот на Астон Вила. Ќе се анализира голот на Морган Роџерс во финишот на мечот при резултат 0:0.
Њукасл неочекувано потклекна пред Евертон на домашен терен, но поради подобрата гол-разлика од Астон Вила го освои петтото место.
Резултати:
Борнмут – Лестер 2:0 (0:0)
(Семенјо 74,88)
Фулам – Манчестер Сити 0:2 (0:1)
(Гиндоган 21, Халанд 72п)
Ипсвич – Вест Хем 1:3 (0:1)
(Бродхед 52 – Вард Проус 43, Бовен 55, Кудус 87)
Ливерпул – Кристал Палас 1:1 (0:1)
(Салах 84 – Сар 9)
Манчестер Јунајтед – Астон Вила 2:0 (0:0)
(Дијало 76, Ериксен 87)
Њукасл – Евертон 0:1 (0:0)
(Алкараз 65)
Нотингем Форест – Челзи 0:1 (0:0)
(Колвил 50)
Саутемптон – Арсенал 1:2 (0:1)
(Стјуарт 56 – Тиерни 43, Одегард 89)
Тотенхем – Брајтон 1:4 (1:0)
(Соланке 17п – Хиншелвуд 51.64, О’Рајли 88п, Гомес 90+3)
Вулверхемптон – Брентфорд 1:1 (0:1)
(Мунечи 75 – Мбеумо 20)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

