Спорт
(Видео) ЛА со Жиру и Лорис го освои Купот на САД
Фудбалерите на Лос Анџелес го освоија Купот на Соединетите Американски Држави, познат и како Ју-ес опен, откако во финалето по продолженијата го совладаа Спортинг Канзас Сити со 3:1.
Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник, 1:1. Фудбалерите на Лос Анџелес го освоија Купот на САД за прв пат во историјата.
ЛА поведе во 53. минута со голот на Оливие Жиру. Спортинг потоа израмни во 60. минута со голот на Ерик Томи.
До крајот на регуларниот дел од натпреварот немаше промена во резултатот, а Лос Анџелес во дополнителни 30 минути стигна до трофејот во Купот на САД.
Головите за Лос Анџелес ги постигнаа Омар Кампос во 102. минута и Кеи Камара во 109. минута.
Мрежата на тимот од Калифорнија ја брани поранешниот капитен на Франција, Уго Лорис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најголемте плати во Евролигата во следната сезона
Остануваат уште неколку дена до стартот на новата сезона во Евролигата, а кошаркарскиот портал Јурохупс ја објави листата на најплатените кошаркари во кампањата 2024/2025.
Листата ја предводи Саша Везенков, кој од НБА се врати во Олимпијакос, а зад него се Шејн Ларкин и Мајк Џејмс, а во Топ 5 се и Костас Слукас и Валтер Таварес.
Платите на играчите вообичаено се недостапни за јавноста кога е европската кошарка во прашање, а списокот на Баркас е производ на проценки и лично сознанија.
Список на најплатени кошаркари:
1. Саша Везенков (Олимпијакос) – 4,1 милиони долари
2. Шејн Ларкин (Анадолу Ефес) – 3,75 милиони
3. Мајк Џејмс (Монако) – 3 милиони
4. Костас Слукас (Панатинаикос) – 2,8 мил
5. Валтер Таварес (Реал Мадрид) – 2,7 мил
6. Кевин Пантер (Барселона) – 2,6 мил
7-8. Кендрик Нан (Панатинаикос) – 2,5 милиони
7-8. Никола Миротиќ (Олимпија Милано) – 2,5 мил
9. Дариус Томпсон (Анадолу Ефес) – 2,3 милиони
10-14. Еван Фурние (Олимпијакос) – 2,2 милиони
10-14. Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) – 2,2 милиони
10-14. Вили Ернангомез (Барселона) – 2,2 милиони
10-14. Винсент Поарие (Анадолу Ефес) – 2,2 милиони
Спорт
Камински се врати во НБА, потпиша договор со Феникс Санс
По неуспешната авантура во Европа, Френк Камински се врати во НБА лигата. Камински се Американецот потпиша едно годишен договор со Феникс Санс.
Камински минатата сезона ја мина во Партизан, не успеа да импреисонира па експресно се врати во САД. Во Евролигата имаше просек од девет поени и 3,3 скока на 15 натпревари.
Високиот центар успеа да најде нов ангажман, тој се врати во Аризона, дресот на Феникс го носеше од 2019 до 2022 година.
Освен за Партизан и Феникс, искусниот центар во кариерата настапуваше и за Хјустон, Атланта и Шарлот.
Спорт
(Видео) Такси се појави среде натпревар во бугарското првенство
Клубовите од главниот град играа во 10. коло од Бугарското првенство. Спетември Софија беше домаќин на ЦСКА во 1948 година.
Натпреварот заврши 1:1 и на никој освен на ретките навивачи на двата клуба, овој натпревар немаше да му биде важен доколку на стадионот не се појавеше такси возило.
Во 78. минута возилото се појави на стадионот и возеше околу теренот…Кога стигна до корнер знамето, се сврте и го напушти стадионот.
Не е познато кој повикал такси, ниту дали возачот го собрал клиентот на натпреварот, но сцената како авотмобилот вози околу теренот стана вирална благодарение на социјалните мрежи. „Неверојатниот свет на бугарскиот фудбал!“, „Ова е Бугарија“, „Вакво нешто е можно само во Бугарија“ се дел од коментарите.
Bulgaristan 1. futbol liginde oynanan Septemvri Sofya – CSKA 1948 maçı esnasında stada bir taksi girdi. Olayın ne olduğu anlaşılamadı…
This is Bulgaria!! pic.twitter.com/nL1pQbOg0P
— DlZMANA (@dizmanacom) September 26, 2024