Спорт
(Видео) Лајлс го освои златото на 100 метри

Американецот Ноа Лајлс е новиот светски шампион на 100 метри.
Лајлс, во фантастична трка победи со личен рекорд, резултат 9,83 секунди. Лајлс на САД им го донесе 12. златен медал на 19 светски првенства во оваа дисциплина.
Лајлс исто така го израмни најдобриот резултат на Џарнел Хјуз во сезоната.
Среброто му припадна на Летсил Тобого од Боцвана, кој заостана пет стотинки зад победникот и постави национален рекорд. Ова е прв медал за африкански спринтер во оваа дисциплина.
Трет беше Џарнел Хјуз од Велика Британија, кој имаше иста разлика од пет стотинки.
Четврти беше Облик Севилја од Јамајка, додека петтото место му припадна на Кристијан Колман од САД.
#Budapest2023 🇭🇺 – 🏃♂️ 100M (0.0)
🥇 Noah Lyles 🇺🇸 9.83 =WL
🥈 Letsile Tebogo 🇧🇼 9.88 NR .873
🥉 Zharnel Hughes 🇬🇧 9.88 .874
4. Oblique Seville 🇯🇲 9.88 .877
5. Christian Coleman 🇺🇸 9.92 #Athlétisme #WorldAthleticsChampspic.twitter.com/lsBoIFUauE— MR.CARTER (@NelsonCarterJr) August 20, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.