Спорт
(Видео) Леброн и Дејвис му држеа лекции на Вебањама, Денвер загуби во Њу Орлеанс, Кливленд не знае за пораз
Денвер Нагетс без Никола Јокиќ (го пропушти мечот од лични причини) загубија од Њу Орлеанс Пеликанс со 101:94 во НБА лигата. Ноќта во НБА лигата ја обележаа и Кливленд Кавалирс, кои се уште се без пораз од почетокот на сезоната и Леброн Џејмс, со четвртиот последовен трипл-дабл.
Дарио Шариќ не можеше целосно да го замени најдобриот играч во НБА (Јокиќ), па Пеликанс ја прекинаа серијата од пет победи на поранешниот шампион. Брендон Инграм на крајот го реши мечот, тој беше најефикасен со 29 поени, Би Џеј Бостон постигна 19, а Треј Марфи 17. Кај гостите најдобар беше Мајкл Портер со 24, Пејтон Вотсон додаде 18, додека Џамал Мареј постигна само 16 поени.
Леброн Џејмс е сезонава ја доживува втората младост. Во победата на Лејкерси над Сан Антонио од 120:115 го забележа четвртиот последовен трипл-дабл.
Додека Ентони Дејвис му држеше лекции на Виктор Вембањама, постигна 40 поени со 12 скока и две блокади, Леброн мечот го заврши со 15 поени, 16 скока и 12 асистенции. Вембањама со 28 поени и 14 скока и Сем Касел со 22 коша беа најефикасни за „Мамузите“.
Кливленд ја забележа 14 победа од почетокот на сезоната. Кавалирс ги декласираа Чикаго Булс со 144:126.
Кавалирс ги предводеа, Донован Мичел постигна 37 поени (7/13 за три), Дариус Гарланд со 29 и Џерет Ален со 24 поени и 10 скока. 20+ поени постигна и Крис Леверт, тој погоди четири тројки од пет обиди, мечот го заврши со 22 поени.
Резултати:
Индијана – Мајами 111:124
/Топин 23 – Адебајо 30/
Торонто – Детроит 95:99
/Поелти 25 – Бизли 20/
Орландо – Филаделфија 98:86
/Вагнер 31 – Мекејн 29/
Атланта – Вашингтон 129:117
/Даниелс 25 – Кузма 24/
Кливленд – Чикаго 144:126
/Мичел 37 – Вајт 29/
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 115:120
/Вембањама 28 – Дејвис 40/
Њујорк – Бруклин 124:122
/Брансон 37 – Томас 43/
Хјустон – ЛА Клиперс 125:104
/Смит 28 – Харден 21/
Њу Орлеанс – Денвер 101:94
/Инграм 29 – Портер 24/
Оклахома – Феникс 99:83
/Гилџис-Александер 28 – Окоги 15/
Сакраменто – Минесота 126:130 п
/Фокс 60 – Едвардс 36/
Голден Стејт – Мемфис 123:118
/Хилд 18 – Џексон 32/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

