Спорт
(Видео) Леброн влезе во историјата на НБА, Лејкерси поразени од Денвер
Кошаркарите на ЛА Лејкерс и Денвер одиграа одличен натпревар во Крипто Арената, кој заврши со победа на актуелните шампиони 124:114.
На домашен терен против брабителот на трофејот, Џеброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата. Тој е првиот кој ја надминал бројката од 40.000 поени во кариерата. Кога гои постигна поените со кои ја надмина магичната граница натпреварот беше накратко прекинат за да се одбележи овој голем момент во историјата на кошарката.
Леброн на подарок ја доби топката со која ги постигна историските поени.
Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 26 поени.
HISTORY. 👑 https://t.co/wKcT0F54Op pic.twitter.com/GiixG5yVI6
— NBA (@NBA) March 3, 2024
Славеничката вечер во Лос Анџелес ја расипа Никола Јокиќ. Асот на Денвер го предводеше својот тим до шестата победа во низа со 35 поени, девет скока и седум асистенции.
Покрај Јокиќ, во тимот на Денвер, Мајкл Портер Јуниор постигна 25 поени, Џамал Мареј запиша поен помалку, додека Арон Гордон мечот го заврши со 18 поени.
Од друга страна, кај Лејкерси двоцифрени беа: Хачимура 23, Ривс 19, а Ентони Дејвис и ДеАнџело Расел по 17 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сноубордер на ЗОИ со две фрактури на вратот итно хоспитализиран
Камерон Болтон (35), сноубордер од Австралија, го скрши вратот кога падна за време на тренингот на Зимските олимписки игри. Веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница во Милано.
Болтон падна за време на тренингот во сноуборд крос во Ливињо. Иако успеал веднаш по падот да ја напушти патеката, следниот ден се разбудил со силна болка во вратот.
Дополнителните тестови покажаа две фрактури, по што итно е префрлен со хеликоптер за понатамошно лекување.
„Кам сакаше неговите сонародници да знаат што се случува и дека е добро и дека за него се грижиме на најдобар можен начин. Тој е свесен колку сериозно пристапуваме кон неговата ситуација и комуникацијата беше одлична. Горда сум на нивото на грижа што ја доби“, рече Алиса Камплин од Австралискиот олимписки комитет.
Болтон освои сребро во мешан тимски сноуборд крос на Светското првенство минатата година со Миа Клифт.
Спорт
Влаховиќ бара 15.000.000 евра само за потпис на договорот
Според информациите од италијанските медиуми, повеќе нема да има преговори меѓу Душан Влаховиќ и челниците на Јувентус, околу нов договор. Сигурно е дека српскиот напаѓач, во јуни како слободен играч ќе го напушти клубот.
Весникот „Коријере дело Спорт“ денес донесе информации, околу финансиските барања на Влаховиќ кога станува збор за следниот договор.
Според нивните информации, српскиот фудбалер бара 10.000.000 евра годишна плата, како и бонус за потпис од 15.000.000 евра.
Дури и сега, со 12.000.000 евра годишна заработка, Влаховиќ е меѓу најплатените фудбалери во Серија А и е убедливо најплатениот во клубот.
Во преговорите околу новиот договор, Јувентус се обиде да ја намали таа сума, но да му понуди договор на Србинот на неколку години, така што намалувањето на платата би било компензирано, но тој ја одби таа понуда.
Како што тврди „Кориере“, Влаховиќ ги претпочита Баерн и Барселона како опции, кои најмногу се споменуваат во последните шест месеци.
Foto/ depositphotos
Спорт
Седлоски: Ги почитуваме противниците, ќе бидеме конкурентни во Лигата на нации
Репрезентацијата на Македонија утре ќе ги добие противниците за претстојното издание на Лигата на нации во кое нашата селекција за прв пат во историјата ќе биде дел од Б сегментот на ова натпреварување.
Токму овие дуели ќе бидат нов предизвик за оваа генерација на играчи, но и одлична можност за селекторот Гоце Седлоски да ја подготви репрезентацијата за квалификациите за Европското првенство кои почнуваат во 2027 година.
“Репрезентациите од првиот и вториот шешир објективно влегуваат како фаворити, со оглед на нивниот рејтинг, искуство и континуитет на големи натпреварувања. Но, тоа не значи дека однапред се знае исходот. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, да го наметнеме нашиот стил и да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.
Ќе ги почитуваме сите противници, но најмногу ќе веруваме во себе. Ако бидеме организирани и фокусирани од првата до последната минута, можеме да бидеме незгоден противник за секого. Овој циклус го гледаме како нов чекор за напредок на репрезентацијата и шанса дополнително да го потврдиме нашиот квалитет.
Верувам дека репрезентацијата ќе расте низ циклусот натпревари во Лига Б и дека имаме стабилна основа за позитивни резултати”, рече пред жрепката предводникот на националниот тим.
Жрепката ќе се одржи утре во Брисел со почеток во 18 часот, Македонија е дел од четвртиот сад во кој се наоѓаат уште селекциите на Шведска, Северна Ирска и Косово.
Статус на носители имаат Шкотска, Унгарија, Полска и Израел, во вториот сад сместени се Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина, а во третиот се наоѓаат Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.
Извор и Фото/ Фудбалска репрезентација на Македонија

