Спорт
(ВИДЕО) Легендарниот тренер Љупко Петровиќ предизвика страшна сообраќајка возејќи во спротивна насока
Српскиот тренер Љупко Петровиќ (76), кој со Црвена Звезда ја освои европската титула во 1991 година, беше учесник во страшна сообраќајна несреќа на обиколница во Белград.
Тој возел на автопат во спротивна насока, по што со својот автомобил „Мерцедес Б180“ имаше директен судир со Шевролет Авео, кој го возел Жељко Ковачевиќ (63).
За среќа, Петровиќ минал со полесни повреди, а и двајцата возачи немале алкохол во крвта. Видеоматеријалот покажува дека Љупко Петровиќ свесно вози во спротивна насока, а претходно успеваат да го избегнат неколу камиони.
Љупко Петровиќ им беше тренер на Дарко Панчев и на Илија Најдоски во тимот на Црвена Звезда, кој во 1991 година во Бари ја освои европската клупска титула.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Салфетката на која Меси потпиша за Барселона продадена за 760.000 фунти
Салфетата на која Лионел Меси ја потпиша согласноста дека ќе и се приклучи на Барселона во 2000 година е продадена за 760.000 фунти (околу 888.000 евра), објави во петокот британската аукциска куќа Бонамс.
Бонамс првично очекуваше продажната цена да биде во опсег од 300.000 фунти до 500.000 фунти. Онлајн аукцијата траеше од 8 до 17 мај.
„Салфетката ја промени судбината и на клубот и на Меси, кој стана еден од најголемите играчи на сите времиња“, објави Бонамс.
Овој фудбалски сувенири бил внимателно чуван во сеф од Хорасио Гаџиоли, тогашниот менаџер на Меси. На салфетката не е само потписот на Меси, туку и потписите на Карлес Рексач, тогашниот спортски директор на Барселона и Хосеп Марија Мингела, скаутот за таленти кој го препозна потенцијалот на Меси.
Салфетката, која беше потпишана за време на ручекот во „La Reial Societat de Tennis Pompeia“ во Монжуик, содржи писмена обврска од Рексач.
„Во Барселона, на 14 декември 2000 година, во присуство на господата Мингела и Хорасио, Карлес Рексач, спортски директор на ФК Барселона со ова се согласува, под негова одговорност и без разлика на какви било спротивни мислења, да потпише договор со играчот Лионел Меси под услов да се држиме до договорените суми“, пишува на салфетката.
Меси, кој оттогаш освои голем број големи титули, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и Светското првенство, имаше само 13 години кога се приклучи на академијата на Барселона, откако дојде од аргентинскиот клуб Њуелс Олд Бојс.
Спорт
Алкалоид го победи Вардар 1961, ќе се бори за трофејот во Купот
Фото/ facebook.com/rkalkaloid
Алкалоид ќе му се спротивстави на Еурофарм Пелистер во борбата за трофејот во Купот на Македонија. Вечерва, Алкалоид славеше победа над бранителот на пехарот, Вардар 1961 со 25:24 (15:13).
Со исклучок на почетните минути кога црвено-црните поведоа со 4:0, натпреварот беше изедначен, а во финишот крајно драматичен.
Во последните осум минути Алкалоид влезе со предност 24:22. Во последната минута екипата на Кире Лазаров влезе со 25:24, не го искорсит последниот напад, а Вардар 1961 во последната секунда избори седмерец.
Голамнот Галевски го одбрани ударот на Срдановиќ. Најдобар стрелец на мечот беше Мартин Серафимов со седум гола, пред Арно Бинго со шест гола.
Финалниот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра в недела од 19:30 часот.
Спорт
Поради недолично однесување Јувентус му врачи отказ на Алегри
Масимилијано Алегри (56) повеќе не е тренер на Јувентус, соопштија од клубот. Алегри доби отказ поради недолично однесување, откако во средата го освои Купот на Италија со победата од 1-0 над Аталанта.
Тоа беше 15. Куп трофеј за „бјанконерите“ и единствен оваа сезона.
Тимот на две кола пред крајот е на четвртото место на табелата, може да падне и на петтото место, но главната причина за отказот на Алегри е неговото недолично однесување по финалниот меч во Купот.
„Масимилијано Алегри е разрешен од должноста тренер на Јувентус. Отказот беше поради однесувањето на тренерот за време и по финалето на Купот, што не е во склад со вредностите на Јувентус. Соработката која започна во 2014 година. а потоа повторно во 2021 година завршува тука, со освоениот Куп. Клубот му посакува среќа на Масимилијано Алегри во неговата понатамошна кариера“, објави Јувентус.
Сега веќе поранешниот тренер на Јувентус беше многу емотивен и негативен кон одредени новинари по споменатиот меч со Атланта.
Алегри го водеше Јуве во двамандати, од 2014 до 2019 година и од 2021 до 2024 година.