Спорт
(Видео) Лејкерси одат на Денвер Нагетс, Голден Стејт Вориорс ја заврши сезоната
Актуелните шампиони во НБА лигата го добија противникот во првата плеј-оф рунда. Тоа се Лос Анџелес Лејкерс, кои на плеј-ин турнирот во Западната конференција славеа против Њу Орлеанс Пеликанс со 110:106. Пеликанс за осмото место на Западот и дуел со Оклахома сити Тандер во првото коло ќе играат против Сакраменто Кингс. Сакраменто лесно се справи со Голден Стејт Вориорс со 118:94.
„Вечерва покажавме што можевме да направиме и офанзивно и дефанзивно“, рече Џејмс, чиј тим влегува во плејофот со 12 победи на последните 15 натпревари.
Џејмс натпреварот го заврши со 23 поени со девет асистенции и девет скока. Ентони Дејвис имаше 20 поени со 15 скока, а ДиАнџело Расел натпреварот го заврши со 21 поен.
Во меѓувреме, Пеликанс се наоѓаат на работ на елиминација бидејќи се загрижени за здравјето на најголемата ѕвезда. Зион Вилијамсон, поради повреда го напушти натпреварот на 3:19 минути до крајот. До тој момент беше најдобар на теренот со 40 поени и 11 скокови.
Сакраменто на домашен терен го победи Голден Стејт со 118:94 и им се одмазди за поразот на Вориорс во седмиот натпревар од плејоф серијата минатата сезона.
Голден Стејт не се ниту сенка на тимот кој изгради династија во периодот од 2015 до 2022 година. Дозволи премногу отворени шутеви, офанзивни скокови и си дозволи премногу загубени топки.
Харисон Барнс постигна 17 поени, а Домантас Сабонис 16 поени со 12 скока за Сакраменто. Кај Вориорс најдобра беше Стеф Кари уфрли само 22 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хакими на суд ќе се брани од обвинението за силување
Дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, вели дека е подготвен да се појави пред судот по обвинението за силување.
Дваесет и четиригодишна девојка го обвини Хакими дека ја силувал во неговиот дом во Париз во 2023 година. Тој ги негира овие обвинувања.
Јавниот обвинител ја започна прелиминарната истрага во март 2023 година.
„Денес, обвинението за силување е доволно за да се оправда судењето. Тоа е неправедно кон оние кои се лажно обвинети, но и кон вистинските жртви.“
„Мирно го чекам судењето, тоа ќе ја изнесе вистината пред јавноста“, напиша Хакими на својот онлајн профил на социјалната мрежа „X“.
Ноќта помеѓу 24 и 25 февруари 2023 година, девојката разменила пораки со својата пријателка додека одела кон куќата на Хакими, по еден месец преписка, со фудбалерот на Инстаграм.
Како што изјавила, таа го сметале дека состанокот како можност да го заборави раскинувањето. Ѝ кажала на својата пријателка дека е нервозна, дека не е сигурна дека сето ова е за неа.
Неколку дена подоцна, таа го пријавила Хакими за силување.
„Ова судење се базира исклучиво на зборот на жена која ја попречувала истрагата во текот на целиот процес, одбивајќи медицински прегледи и ДНК тестирање, одбивајќи да даде пристап до нејзиниот мобилен телефон и одбивајќи да именува клучен сведок“, изјави Фани Колин, адвокатка на Хаким.
Сè уште не е познато кога ќе започне судењето.
Foto/ depositphotos
Спорт
ФФМ потврди дека од УЕФА добиле допис за сомнителни натпревари
Фудбалската федерација на Македонија потврди дека од УЕФА добиле дописи за сомнителни натпревари. Станува збор за натпревари од Првата и Втората лига и еден контролен натпревар.
„Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени до Фудбалската федерација на Македонија, информираме дека во насока на целосна транспарентност и со цел објективно информирање на јавноста, ги споделуваме дописите добиени од Одделот за интегритет при УЕФА.
Станува збор за дописи кои се однесуваат на неколку натпревари од домашното првенство и контролни/пријателски натпревари, за кои се евидентирани нерегуларности поврзани со уплати во обложувалници.
Напоменуваме дека во објавените документи одредени чувствителни информации се соодветно заштитени (покриени), исклучиво во интерес на истрагата и во согласност со насоките на надлежните органи. Објавувањето на тие делови во овој момент би можело да наштети на тековните постапки.
Фудбалската федерација на Македонија тесно соработува со одделот за интегритет на УЕФА и со надлежните државни институции во рамки на своите надлежности, со цел целосно расчистување на сите наводи и сомнежи.
Истовремено, потенцираме дека ФФМ не е истражен орган, туку постапува согласно добиените информации и во координација со институциите кои имаат законска надлежност за понатамошно постапување“, стои во соопштението до јавноста објавено на интернет страницата на ФФМ.
Под лупа на УЕФА се натпреварите Башкими-Шкендија (1:3), Струга-Башкими (6:0) и натпреварот од Вторала лига помеѓу Башкими и Вардар Неготино.
Сомнежи кај УЕФА постојат и за два натпревари на Охрид. Станува збор за дуелот Охрид-Тетекс (4:3) и контролниот натпревар Охрид-Работнички (2:8).
Спорт
Охрид против Олимпијакос во четвртфиналето на Европскиот куп
Ракометарите на Охрид, го дознаа името на противникот во Европскиот куп на ЕХФ. Ждрепката во Виена на охриѓани им го додели Олимпијакос.
Охрид првиот меч ќе го игра на гостински терен во Пиреја, реваншот е во салата „Билјанини извори“.
Доколку Охрид го мине четвртфиналето, за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Целје и Бузау.
На другата страна од костурот, кога се во прашање четвртфиналните двојки се: Татабања – Нилуфер и Извиѓач – Карвина.
За потсетување минатата сезона титулата во Европскиот куп на ЕХФ ја освои Алкалоид.

