Спорт
(Видео) Леверкузен до реми на „Алијанц арената“ со пенал во 94. минута!
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/F6F98djWkAATxoz.jpg)
Баерн Минхен не успеа да ја забележи и четвртата победа во четвртото коло во Бундеслигата, откако во петочното дерби на „Алијанц арената“, Баер Леверкузен успеа да стигне до заслужено 2:2 реми, осигурано во самиот финиш на мечот.
Големиот меч започна со нов гол на Хери Кејн по само седум минути игра, но тимот на Чаби Алонсо покажа заби кога во 24. минута од мечот новото засилување Алехандро Грималдо постигна апсолутно прекрасен и недостижен гол од слободен удар. По ова, Баерн се мачеше до крајот на полувремето, додека „фармацевтите“ беа доста опасни.
Меѓутоа, во 86. минута од мечот по една убава акција на Матијс Тел, Леон Горецка успеа да донесе водство за тимот на Томас Тухел, но во последните минути од мечот, беше досуден пенал за гостите, кој Езекиел Паласиос сигурно го реализираше за 2:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Србија и наредната сезона со два тима во Евролигата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Crvena-zvezda-Partizan-Nikola-Topic.jpg)
Евролигата објави 18 екипи кои ќе бидат учесници во Евролигата за следната сезона.
Српските клубови Црвена звезда и Партизан ќе играат во Евролигата следната сезона.
Тука е и победникот на Еврокупот, Париз за чие учество често се шпекулираше, а меѓу 18. клуба ја нема Валенсија.
По собранието на клубовите на сопствениците на Евролигата во понеделникот беше официјализирано кои 18 клубови следната сезона ќе се натпреваруваат во елитното натпреварување.
Клубовите кои добија покани за настап, покрај Црвена звезда и Партизан, тоа се Алба и Виртус Болоња ќе треба да платат по милион евра за настап во Евролигата.
Како што стои во соопштението од Евролигата, во сезоната 2024/2025 ќе играат: Алба, Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Црвена звезда, Олимпија Милано, Барселона, Баерн, Фенербахче, Асвел, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Партизан, Реал, Виртус и Жалгирис.
𝗧𝗛𝗘 𝟭𝟴 𝗧𝗘𝗔𝗠𝗦 𝗙𝗢𝗥 𝗧𝗛𝗘 𝟮𝟬𝟮𝟰-𝟮𝟱 𝗦𝗘𝗔𝗦𝗢𝗡 pic.twitter.com/h6JYPI6bj2
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) June 17, 2024
Спорт
(Видео) ВАР и Лукаку ја уништија Белгија – Словачка победи во Франкфорт
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12306170.jpg)
Репрезентацијата на Словачка го приреди најголемото изненадување од почетокот на Европското првенство. Словаците, во вториот меч во Е групата, на стадионот во Франкфурт, ја победија Белгија со 1:0 (1:0). Единствениот гол го постигна Шранц во седмата минута. Белгициите немаа среќа да останат непоразени, ВАР му поништи два гола на Лукаку.
Белгија во првиот напад имашр голема шанса за гол, акцијата на Доку не успеа да ја заврши Лукаку, кој од седум-осум метри го погоди голманот Дубравка.
Казната за нереализираната шанса експресно ги стигна Белгијците. Дуку погреши пред својот гол, а Шранц го совлада Кастелс. Лукаку до крајот на мечот ќе пропушти уште седум-осум чисти прилики. Два гола му поништи ВАР, првиот поради офсајд, а вториот бидејќи асистентот Опенда на почетокот на акцијата играше со рака.
Голема шанса имаше и Бакајоко во второто полувреме, но по неговиот удар, топката од гол линијата ја исфрли Ханцко.
Словаците сосема заслужено со победа го отворија Европското првенство. Играа храбро и дисциплинирано од првата до последната минута. Блескаше дефанзивната линија на чело со голманот на Њукасл, Дубравка.
Неговиот колега од другата страна на теренот, Кастелс, во неколку наврати се истакна, но тоа не му помогна на неговиот тим на крајот да освои барем еден бод.
Во групата Е Романија сега е во водство по убедливата победа против Украина, три бода има и Словачка.
Во второто коло, на 22 јуни, Белгија игра против Романија, Словачка ден порано ќе игра со Украина.
Спорт
Матс Хумелс во Шпанија
Поранешниот стопер на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс се приклучува на Мајорка!
Повеќе извори од Германија денеска потврдија дека Хумелс одлучил да се пресели во потоплите региони, а ја избрал Мајорка бидејќи таму има куќа и сака да живее во Шпанија.
Хумелс одбил бројни попрофитабилни понуди, бидејќи парите не му биле приоритет, туку сакал да остане во Европа во една од најсилните лиги.
Тој ќе заработи само три милиони евра бруто заработка, со што ќе потврди дека квалитетот на неговиот живот и лигата во која настапува се пред се.
Хумелс го напушти Дортмунд како слободен играч, а претходно беше во лоши односи со тренерот Един Терзиќ, кој исто така ја напушти Борусија.