Спорт
(Видео) Леверкузен со пресврт во 93.минута го победи Волфсбург

Баер Леверкузен во спектакуларен меч, со пресврт го победи Волфсбург со 4:3. „Фармацевтите“ потсетија на минатта, за нив историска сезона, кога многу пати победија во судиското надополнување. Против Волфсбург, херој беше Бонифејс кој погоди за победа во 93.минута.
Волфсбург одигра добар натпревар, но се покаѓа дека клуч за триумфот на Леверкузен беше финишот на првото и стартот на второто полувреме.
Откако Мукиеле со постигна авто-гол во петтата минута, Вирц изедначи, а потоа Волфсбург постигна два голе преку Борну и Сванберг. Но во првата минута од надополнувањето Бонифејс намали на 2:3.
На стартот на вториот дел Инкапи иезедначи, а откако Волфсбург во 88.минута остана со фудбалер помалку, Леверкузен дојде до победата.
Леверкузен заедно со Франјбург и Анјтрахт се наоѓа на делба на втората позиција со три поени помалку од Баерн. Волфсбирг во првите четири кола има само една победа, а во Леверкузен го забележа третиот пораз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ветеранот Стуани ја однесе Џирона во безбедната зона

Фудбалерите на Џирона ја победија Мајорка во 34-то коло од Ла Лига со 1:0 и освоија три вредни бода во борбата за опстанок.
Тимот од Каталонија успеа да слави со голот на искусниот Стуани и да направи разлика од шест бода во споредба со зоната за испаѓање.
Стуани ја искористи првата можност на натпреварот, во 10.минута и го постигна голот што се покажа како единствен на натпреварот.
Проблемот на Мајорка беше што воопшто не можеа да го погодат голот. За 90 минути, тие шутираа вкупно девет пати, топката само еднаш одеше во рамката на голот.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по подоглго време доби шанса, и тоа минимална, влезе на теренот во 87.минута, на местото на стрелецот Стуани.
Жирона ја прекина серијата од 11 натпревари без победа. Нивниот последен триумф беше пред три месеци против Лас Палмас. Од друга страна, Мајорка се мачи да постигнува голови. Тие не постигнале гол во претходните три натпревари, а освоија само еден бод.
Џирона моментално е 15-та и има 38 бода, додека Мајорка е десетта со 44 бода, исто колку и Рајо Ваљекано.
Спорт
(Видео) Нотингем избегна пораз во Лондон, остана во трката за место во ЛШ

Фудбалерите на Кристал Палас и Нотингем Форест одиграа нерешено 1:1 во последниот натпревар од 35. коло од Премиер лигата.
Натпреварот заврши без победник, а конечниот резултат беше 1:1.
Кристал Палас поведе во 60. минута кога Езе постигна гол, а Форест израмни само четири минути подоцна преку Муриљо.
Форест со овој бод останаа во трката за пласман во Лигата на шампионите, на пестото место имаат 61 бод, два помалку од Њукасл и Челси и три од Манчестер сити.
Кристал Палас се 12. на табелата со 45 бода.
Спорт
(Видео) Милан со пресврт победи во Џенова

Фудбалерите на Милан со „блиц криг“ славеа победа (2:1) на „Луиџи Ферарис“ во Џенова, во последниот натпревар од 35.коло во Серија А.
„Росонерите“ губеа до 76. минута, кога на сцена стапи Рафаел Леао, брилијантно реагираше по додавањето на Сантијаго Хименез, упати прецизен удар и го совлада голманот на Џенова.
Само минута подоцна, Милан поведе со автогол, а трагичниот беше Мортен Френдруп, кој реагираше несмасно во шеснаесетникот и ја испрати топката во сопствената мрежа.
Џенова поведе по еден час игра кога Витиња, по центаршутот на Арон Мартин, ја смести топката во долниот лев агол од голот на Мајк Мењон.
По овој триумф, Милан е на деветтото место со 57 бода, што е шест помалку од четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампионите, каде што моментално е Јувентус.
Џенова е на 13.место со 39 бода, и го решија најважното прашање за опстанокот во Серија А.
Во следната рунда, Милан ќе има тешка задача против Болоња, додека Џенова ќе гостува кај Наполи.